Можат, ќе ти стават некој киловат повеќе од тоа што ќе пријавиш состојба јас секој месец пријавувам и никогаш не се тие киловати на сметката што ги имам пријавено или претпоставувам ја зимаат во предвид состојбата на инкасаторот.
Јас кога имам пријавувано состојба, секогаш во сметката пишувало тоа што сум го пријавила. Е сега ако се случи некој месец да помине инкасант неколку дена откако вие веќе сте пријавиле тогаш во сметката ќе ги стават неговите бројки.
Па никој не се буни, дека толку ги гледаат сметките. И ова ни е малку со ваков народ, ама ајде. Мене ептен ми се излегува на протест, посебно по сметката од јануари.
9200 куќа на два спрата греење на клима и на двата спрата. Во споредба со ланската сметка е малку повеќе, но очекувано со овие покачени давачки
Добро е, на роднини за куќа од околу 100м2 им стигна 25000 ден., а се греат на 2 инвертери, друго стандард. Воедно прочитав дека до ЕВН, но и до медиумите стигнале многу поплаки за јануарските сметки.
Мене од февруарската ми се темни. Јануарската 420 беше. Ќе се чадам, јер саатот го променија па, веројатно нема прочитано и тоа што беше потрошено и сеа ко ќе стигне шлог.
32.000 сметка за струја ?! Аииииии Баш ја споредував ланската сметка од јануари со овој. Само 800 ден плус. Ама годинава почнав појќе да ја користам ефтината струја. Друго се исто користиме
За клима во една соба и калорифер во детска кој ретко се вклучува по потреба на некој саат не секој ден.
Не си запишувате киловати колку имате потрошено?? Тоа е грабеж вака како што кажуваш, не е нормално толку да е сметката.