Обавезно ќе пријавиме не е можно предходниот месец 6000 сега 8600 значи за јануар сигурно 12000 ќе ни ја пишат
Баш така. Ние Македонците сакаме ред и мир, ама некој не мисли така. Се додека не сечат прсти и раце за крадење и не лазат по улиците како во Кина, тука ред нема да има. Ние ќе си плаќаме два пати.
Дечки како да проверам дали е во ред сметката или има грешка некоја од минатиот месец плус 6000 ден ми е сметка а читано за двата месеци беше инкасаторот
Ова ЕВН било во доминантна сопственост на владата на покраина Долна Австрија. Ние од тука раниме австриски провинции + градот Виена, колку сме богати и моќни. До душа, најголем дел од профитот сепак оди кај државава Макидонија, односно кај хидро жмицко и слични. Бонбона бизнис.
Дечки знам дека темава е за висока сметка за струја ама не можев да најдам за струја општо, па тука ќе пишам. Да не имаат некои порамнувања месецов? Сметката ни стаса значително многу пониска односно 500 денари, а предходно кога се греевме на клима околу 3-3500. Не знам сега дали е ок оваа цена зошо пола мај реално и почеток јуни докај 10ти не пуштавме клима ама пак ми е некако нереално, и не знам дали да им пишам на ЕВН. До сега ни биле сите точни според тоа колку трошиме.
И јас така викам, ама па си викам немој следниот месец да ми стаса 8 илјади па да речат еве дека ти стаса предходниот 500 Можеш ли да ми пратиш каде стои тоа? Не ни е испратена уште сметкава јас видов онлајн на страната си се најавив и ме дрмна шок
Мене вака ми стигна. Проверив киловати и не беше реална па ја коригирав ,баш се смее мм вика ти може единствена си вака ама реално следен месец не сакав да ми опнат 6-8000 па викам поарно да си коригираам.