Не баш енормно, нешто повеќе од 3000 ден. Но не знам ни толку од каде, минатиов месец немавме ни греење ни ладење пуштано, само шпорет, бојлер, машина за перење.
Месецов не, ама прерходните неколку месеци имав. Се побунив и ме ставија во претплата. Пари не ми вратија.
Сите енормно големи сметки, само јас со мојава 500 и нешто не знам што да праам уште Ќе ја платам и ќе се молам следната да не е 10 илјади.
На кој телефон и какво бунење? Ние на зима по 20 000 плаќаме за една клима во дневната, веќе 4 та година е вака. И што фајде ако се побунивме, ни кажаа тоа е, толку трошите. Успат ни кажаа дека редица луѓе имало за истата работа. И такаа...
Ќе ги сликате бројките од струјомерите и ќе им пратете емаил за да регулираат. Јас плаќам 2 месеци по 400 ден и пак бројките во сметката ми се поголеми отколку што треба којзнае колку имат натпишано зимоска
Кај мене бројката од струјомерот воопшто не се ни гледа и не можеме никако да ја сликнеме, ако збориш за таа што е доле за целата зграда.
Најглупава фирма е ЕВН, многу бавна, неажурна, на телефон ретко одговараат, а на шалтер се чека еден саат. Да влезе конкурент на пазарот, цело население кај новиот ќе се префрли. Недоволно дигитализирани, заглавени се во СФРЈ со третманот на потрошувачите, а демек Австријци. Доказ дека се глупи е тоа што работат со загуби, така барем прочитав пред околу една година. Јавна тајна е дека не можат долгови да си наплатат од некои населени места, па нè дерат останатите, преплаќаме нешто кое не го трошиме.