Dobro, sto se slucuva so ova lajnovo evn? Eden mesec 1500, sledniot 600, pa tretiot 2600 denari?!! Sekoj mesec trosime isto, nemame takvi realni trosoci, upalena sijalica, 4 pati klimata i nekoj pat rernata i op 2660 denari...kako e mozno? Dali znaete kako moze da se smeni agentot za strujata da si ja smenime? Slusnav deka ima luge nezavisno si pravat svoja struja i ja prodavaat, dali vie mozebi znaete takov covek da go smenime ovoj sto lupa bez veze?
Во однос на разликата на висината на вашите сметки, проблемот е до вработениот што го чита броилото за струја, или редовно не доага или касни и не стигнуваат на време до ЕВН податоците, па затоа еден месец ке ви пуштат паушално а друг реалната плус заостанато од минатиот месец па затоа е значително зголемена наредната сметка. Решение за ова е да си отворите акаунт на ЕВН online и сами да читате броило и пракате податоци на таа страна за месечната потрошувачка. Според тие податоци што ке ги испратите вие ке ви биде испратена сметка за неколку дена на акаунтот и ке можете да ја платите веднаш онлајн или да ја испринтате и да платите во пошта/банка. За менување на енергетска компанија не се препорачува во најголем дел од реоните. Ние за во новиот објект контактиравме неколку енергетски компании и самите ни кажаа дека ке биде над 20% поскапо од ЕВН, бидејки тие немаат своја инфраструктура во најголем дел од државата и ке мора да ја користат инфраструктурата на ЕВН и да им плакаат провизија и со тоа се ке биде поскапо за корисникот, дури самите тие ни кажаа да си одиме со ЕВН.
Fala na odgovorot, za citanje na broiloto znam deka treba da se cita tretata nedela od mesecot, bidejki tie od evn samite ne rabotat i sekoja smetka mi e stres koga ja otvaram. Imam dvajca prijateli koi go smenija agentot ili neznam sto za struja i sega im e poevtino od sto dobivale prethodno.. ke probam da doznaam potocno kako sto
Не знам што им е проблемов со читањето порамнување што и да прават До сега секогаш сметката ми била до кај 3500 за декември дојде 7000
Од сега ќе биде интересно со поскапувањето, ќе треба на свеќи да живееме, добредојдовте во 19 век пне
Аха, 200-300 денари.. Убаво ќе беше да беа само 200- 300 денари, ама поскапувањето на струјата носи поскапување и на се друго, 45 денари беше еден бурек до пред 3-4 месеци, сега е 70 денари.. Се е поскапено во продавница и покрај замрзнувањето на цените, бензинот е поскапен..
Исто и кај нас, допло имаме за декември од ноември, а трошевме исто. Се шокиравме кога ја видовме сметката.
бензинот те поскапува те поефтинува одсекогаш е така кај нас уште е 45 ден еден бурек нема потреба од паники кревање може има нешто поскапено не викам не ама не е толку панично
Што дека ќе искочиме, да се тепате таму, како за мерките кога искочивме? Или да викате доктори убијци на плоштад?
И шоако излезеш на протест, кога цената воопшто не зависи од државата? Во цел свет се поскапени јагленот, нафтата и гасот. Тоа не го регулира Македонија.
Проста математика Вајлд. За наш стандард, просечна плата од нешто повеќе од 200 евра споредбено со нивна плата од 1500 евра. Колку и да удри инфлација, со покачена цена на продукти, гориво, нафта, како унија подобро ќе ја исхендлаат за разлика од нас.
Толку ни е моќта. Никој не ни е крив ко не мислевме совреме дека ќе ни требаат дополнителни извори на електрична енергија. Уште јас кога учев на школо знаевме дека резервите со јаглен, нафта и гас се трошат и дека ќе ги снема еден ден.
Знам. Знам и дека ќе се оди на варијанта алтернативна енергија. Точно знам во која насока ќе движи поредокот. Ама исто знам дека граѓанството е должно да излезе на протест, да не дозволи да ни се земе и последната корка леб достоинство. Исто знам дека и таа борба е малку веројатна дека ќе успеe, зошто владее колективна хипноза, па и ова многу лесно ќе се протне.
Ама за што ќе протестираш? Цените не можат да ги намалат. Нови електро-централи и да прават, ќе требаат години за да се изградат. Еве потпишаа договор со Германија мислам... за градење ветерници. Шо ќе биде барање на протестот?
Покачување на платите. За да може да се постигне плаќањето струја. Ние не можеме да бидеме на исто рамниште со Европа во однос на стандард.
Го постирав по темите неколку пати... Чеј ќе го најдам Еве ја: Владините политики ја донесоа највредната странска инвестиција од 500 милиони евра и 69 ветерници зелена енергија Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Ранковце- Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес.