И нека не прават набавки за кујнски инвертар од 37,000евра Бесплатно ни е се, а ваму за се плаќаме двојни и тројно и здраство и се и пак нема државата пари.. Не е ни чудо што станавме земја на пензионери ниту систем ниту плати ниту живот дојде работава за жал.. :/ На самоиловите војници им оставеле по едно око за да водат по 100, ама очигледно кај нас погрешно се скарале и прередиле војниците и пак пак некој слеп не води.. :/ Кој има пак ќе има... Да имаме ние борч од 50евра ќе платиме 500 со камати, а богатите пак се ќе заташкаат и нема да платат
Прво да се почне од најзагрозените, после се останато е лесно. И попатно да не искрадат се што можат.
Само што кај нас за богати ги сметаме тие со свој купен стан или просечна плата или што може да си дозволи одмор зашто за средна класа се тие што се всушност сиромашните. А првиве живеат онака како што секој треба да живее, не е луксуз тоа
Еве им го поскапувањето од 9.48%.. Струјата е поскапена за скоро 300%, или 3 пати дупло повисоки сметки да ни доаѓаат..
Превисоки сметки во однос на претходните сметки. Треба лично да се провери дали е вистинита потрошувачката на електрична енергија. Да се прочита броилото и врз основа на потрошувачката на претходната сметка да се провери колку плус е потрошено и дали таа бројка се совпага со потрошувачката запишана во новата сметка или само паушално е пуштена. Ако не се совпага, се јавува во центар за корисници да се корегира сметката, односно да се поништи веке пратената и да се достави нова.
И кај нас повисока сметка ама претходните месеци не беше читано броилото.. Одете и прочитајте го. Ако се совпаѓаат ќе си платите, ако не се совпаѓаат ќе одите во евн и на глава ќе им се качите.. Си порамнуваат сметки, не е тоа новост оваа година..
Само кај нас ли сметката за декември беше по мала за разлика од таа за ноември? Сега се плашам од оваа за јануари колку ќе биде.
Не се вознемирувај толку. Запиши ги на некое ливче бројките од старата состојба и бројките што се сега на струјомерот. Пресметај колку всушност имаш потрошено и дали тоа се совпаѓа со тоа тие што ти го пишале. Доколку не се совпаѓа испрати им ја вистинската состојба и ќе ти испратат корегирана сметка. Просто невозможно е ако досега си плаќала по 3.000 денари сега да плаќаш 12.000 денари.
@нина122 не сте само вие.. Преземено од Машки домаќински. Бројкиве идентични као кај тебе Дури мислев од овде ја дрпнале
Дечки здраво. И мене се случи да ми стигне сметка за струја 2500 денари повеќе од претходиот месец (за ноември 4300, за декември 6800), односно 500 kW. Со оглед на тоа што немаше никаква разлика во користење на апаратите, сакам да одам во ЕВН и да поднесам барање. Дали некој од вас се соочил со ваква ситуација и дали доколку поднел барање имало некаква разлика т.е дали било од полза поднесувањето?
Ќе си провериш дома состојба на саатот и со тоа се јавуваш во ЕВН, па за следната сметка може да ти пресметаат помалку, ако ти наплатиле повеќе. Обично ова се случува бидејќи најчесто сметките ги пишуваат паушално, па кога ги читаат саатите тогаш стасува сметка со сумата која не била наплатена преходно. Имаш опција и секој месец да им се јавуваш со состојба на саатот и така сметката секој месец ќе ти биде колку си потрошила.
Јас во октомври бев дома после тоа си заминав во странство и логично ништо не користите ноември и декември а мене продолжија да ми идат високи сметки ...сеа ги исклучив сите фази и баш да видиме колку ке ки дојде за јануари
Денес ни дојде сметката 6700... Во летни денови сме 1500, лани ова време зима по 4000. Повеќе од ова што пазам не знам дали може... Живееме во нова зграда,се грееме само со 1 инвертер Самсунг пуштена нон стоп на 25 во 50м2, Ел уреди а++/а+++. Готвам во недела,преку раб недела се подгрева на плинско, преку недела дали еднаш пуштам шпорет пола саат... Машина алишта (една машина неделно пуштам во зима зошто сме 2ца, ретко 2) /бојлер/тел/лап топ се полнат навечер, тв се пушта саат време навечер... Со оглед дека се чита бројилото, ние пазиме, заклучокот е дека оваа заслуга се должи на одговорните за ова... Укинаа евтина, ја поскапеа другата, поскапе парното, маркетите кренаа за 15 ден од артикал - 200 гр кафе во Стокомак е поскапо од кафето во Лидл... Губреето од кесите се надмина... Возиме со изгор гориво... Фала влада
Месец дек. 1094 струја, месец јан. 10000 Не читаат ли саати , што им е ? Па премногу е. Саатот кај свекор прочитале , а нашиот не, а стојат еден до друг. Ова се скроз ненормални. Размислуваат ли дали ќе има некој да плати, а притоа доста внимаваме на се. Знаев дека ќе стигне висока, бидејќи предходен месец е ниска ама ова не е нормалнооо