Па не знам имаше некоја статија за просечно македонско семејство колку троши годишно.. мислам дека 800 900 месечно е сосема океј ама кај нас 2600 за 2 месеци со тоа шо до 5 саат нема никој дома ми е ептен нелогично мислиш конфекција имаме дома
Луѓенце се е качено не само струјата, денеска бев на пазарење месечна копничка за двајца (јас и мм) месечна основни работи (леб, јајца, мкеко и малкууууу мевце) без хемија (со хемија сигурно дупло ќе беше) 8.000 денари, а кај ни е струја, вода, телефон, нет итн. а плата 250 евра со кредит... Бидејќи секогаш водам евиденција кај и што и колку се троши лани истата копничка не коштала ( со скроз исти производи пазариме исти работи) била 5000 денари. Епа иди не пукни од нервози...
За месец декември кај моите дојде сметка 20 000. Се греат на струја парно вела куќа ајде де, ама идело 8-9илјади а не 20 000. Демек порамнувале затоа што не биле читани саатите. Ајде де, ние сме криви што вработените не читаат саати. За јануари тука уште немаме стигнато. Ама па кај свекрва ми, кај што живееме и ние во заедница дојде струја 7 000??? Не беше прочитан саатот за јануари, не бевме дома а внатре ни е, и еве колкава сметка. Се грееме и ние и они на дрва, се готви на дрва. Цел ебан ден не сме дома, доаѓаме после 18ч. Машини на ефтина, бојлер само ноќе исто на ефтина. Па зарем од едни сијалици тв и полначи има 7 000 струја? Ова не е ни дупло, тродупло е, 2000-2500 доаѓало струја. Не е нормално едноставно. Како да се бунам кај нив?
До сега сум немала проблем со евн. Еднаш се случи да ми стигне сметка 154 ден. Во стан живеев. Помислив заборавиле нула Се јавив и ми рекоа во претплата сум. Два пати сум ја платила претходната сметка Е сега, покачувањето е за сите, не е само за мене, така да ќе видиме од месецов, пошто нели рекоа од јануари ќе се покачува. За декември ми стигна 5100, што не е мн до оглед дека дома имаме 4 инвертер клими кои да, не се користат секој ден по цел ден , ама сепак ги користиме.
Кај нас па не е многу повисока јануарската за разлика од декемвриската сметка за струја. На клима се грееме, со бојлер уклучен 24/7, само што не готвиме на струја. За дек 3 400, јануари 4 200 ден, 800 ден повеќе или "само" 24% повеќе.
Претходната сметка ми дојде 5000 , што е премногу за моја потрошувачка , не се грејам на струја и не сум дома до 4 саат преку недела , сега ми дојде сметка за 150 денари . Очигледно не читаат редовно и сега откако прочитале , ќе ми се раздолжуваат
20,000???? Па не се нормални, не жими се не се нормални.. Ме занима нас колку ќе ни` стигне. На централно парно сме, така шо не грееме.Ја од мала масам сегде сијалици, машина сеа у недела врти цел ден.Ептен ако е итно и преку недела.Шпорет за ручек само палиме.. Господ да чува ..
На броилото што е за струја се менуваат киловати за скапа и ефтина струја, датум, час итн Ќе се регистрирате на евн онлине и има опција да се пријавуваат потрошените киловати Јас пријавувам 3 4 месеци и немав проблем со сметките, нормални си идат од 1500-2500
Прееска ги сликав тарифите, пријавив и пишав мејл,како што споредив има разлика од бројките во сметката и во броилото . Се надевам на корекција. Пораат ќе сум секој месец да им пријавувам сама состојба, кој датум треба да се пријават? Преку евнонлине така?
Да да Прелу евнонлине се пријавува Јас обично од 20 до 23ти ја праќам состојбата па така и ми иде сметка, и да имам порано пратено, ќе додадат за 2 3 дена колку треба и ја изготвуваат сметката Исто таму може и да си следиш колку е
Луѓето од ЕВН во колку ви доагаат кога ви го гледаат саатот? Не ми се верува ова, ми доага во 5 часот наутро, претходно во 5 сега во 5.18 минути. Де просветлете ме од колку им е смената, колку што знам од 7 почнуваат. Значи ми ја прерипнува оградата и си влегува сам, претходно ме налути што така влезе и ставив катанец. Некни видел дека не може да влезе и со нога ми рита по врата во двор за да отворам во 5.18 мин. Нормално не излегов затоа што сите граници ги премина. И да му е од 5 смена се знае од колку се оди по куќи! Освен тоа понашање 0. Ми имат кажано дека рано почнува за порано да си оди. Имате некој вработен во ЕВН за инфо? Сакам да го пријавам и за однесувањето и за реметење мир во 5 сабајле. Првиот пат со маж ми без памет не остави. Ние спиеме долу и слушаш на спрат некој ти се движи по тераса.