Не е пристојно толку рано да иде, а не верувам и дека почнуваат од 5. Од 8 би требало да одат по куќи, станови.
Ако иди после 5 часот наутро немаш основ да го пријавиш за вознемирување бидејќи мир и тишина треба да се обезбеди од 22 навечер до 5 наутро. Сега освен ако не му е работено време или не можи да ги извршува работните задачи по сонце поради оправдана причина за здравствен проблем и Сл. Работното време на КЕЦ центрите е од 7 часот а на читачите на броило незнам
Пријавувајте си ја состојбата онлајн ако не сакате мирот да ви го реметат и да се шетат по тараса за да ја проверат состојбата на броилото
Го видовте новиот калкулатор?! Личи ко да е поевтина струјата, ама се ми се чини има некоја замка....
Јас неќна баш споредував. За минатиот месец имаме сметка од 2000 ден. со 300кв потрошени, а во калкулаторот кога ги внесам кв од истата сметка излегува дека треба помалку да се плате. Не знам што им е финтата.
Колку што разбрав, плаќањето е скалесто т.е до потрошени 200 кв (или колку да е границата на првиот блок) скапа струја, се плаќа најевтино, над 200 до 400 се плаќа следна цена, а над 600 е друга, всушност ако потрошиш пример 400 кв скапа струја, плаќаш 200 по поевтина цена, а 200 по средна цена. Вака некако му доаѓа? Не сум направила пресметки, ама според потрошеното, мислам дека и ние поевтина струја ќе плаќаме, оти некаде 250 трошиме скапа и 150 евтина. едит Сега направив пресметка на страната и помалку ќе плаќаме според новиот тарифник. Претпоставувам овие блокови им се за оние потрошувачи кои копаат биткоинти и слично, за нормални домаќинства, со нормална потрошувачка нема да има некои драстични промени.
Не знам како може да ти излезе поевтино на 2000 кв скапа струја. И јас пресметав, па ми излезе дека би требало да плаќам 25000 отприлика, по старо би било околу 16000.
Дефинитивно пријави го. Нема теоретска шанса од 5 часот да е работно време. Или е удрен со цигла во глава, или гледа порано да си заврши со обврските дадени од ЕВН, за да си брка други работи преку денот (ако не е на фиксно работно време), но сепак тоа што го прави не е работен кодекс на ЕВН.
Оди слободно до нивното дувло, аеродром кај авиончето. Јас имав друг проблем, копаа пред влезот во зградата и ни ја оставија дупката пред вратата така да зјае и два месеци беше отворена и на крај после толку јавувања ништо, отидов до таму и пријавија да го санираат проблемот, утре дента ја закопаа дупката и го вратија бекатонот. Мораш до таму да отидеш, лично.
Здраво, дали можеби знаете како оди постапката за пријавување кражба на струја во домаќинство? И што следува со сопственикот кога ќе дојдат на увид?
Zdravo gledam deka ne se pisuva za pokacuvanje na smetkite za struja.Mene do juni mi doagaa smetki za struja 1400 denari do 1700 denari.A za juli avgust i septemvri 3400 denari gi citaat strujomerite vikaat tolku e . Ova e 100% pokacuvanje samo kaj mene e vaka ili segde e vaka a si kutat.Aj ke reces leto bese pa rabotese klimata a sega vo Septemvri ni klima ni butur i pak 3400 denari
За жал кај сите е така, реално цените се зголемени и за повеќе од 100%. Доколку сепак мислиш дека има некој проблем со броилото поднеси претставка и побарај да се направи контрола на броилото или пак побарај да се постави ново броило.
Варуфакис објасни убаво зошто е оволку висока струјата и каква смешка се европските политичари. Во кратки црти, вештачки е цената качена за да бизнисмените имаат поголем процент. Исто така, европската олигархија е таа што ја контролира владата за да прави закони кои ќе им одговараат нив и ќе се богатат уште повеќе. Воглавно, дури и кога се менуваат законите под притисок на народот, се менуваат само на хартија. Во пракса е исто. "Лева рака, десен џеб." Доказ зошто не смее(ше) да се дозволи приватизација на Електродистрибуција и ЕЛЕМ.