Телефонски сметки не правам високи, но затоа пак интернет сметките ми се боже сачуј. А последната ми беше 213 денара.
Випче за 350 денари, изназборена сум веќе 4 месеци, а на мобимак сум на службениот повеќе од 200 до 400 не им правам сметка.
300 денари за месец,некогаш и помалку - си активирам опција за безплатно зборување кон Уан цела недела и јбг ,решен проблем ! Не можам да сфатам како се стигнува до сметка од 4 000 ? Се спие ли на телефон?
До кајј 300 ден .. толку уств ми е претплатата само.. така да не праам уопште сметка.. сите шо ми требаат ми се на вип а со нив ми е бесплатно..а и ова интернетов многу врши работа !
Порано правев доста високи сметки , но сега комуницирам преку интернет, така да не го користам телефонот многу.
Порано правев високи сметки и на домашен и на мобилен сметките беа високи поради мене Но со интернетов сега фала богу сметките се стабилизираа, домашниот не го ни чепкам а на мобилен 200/300 денари месечно
Eднаш у живот ми има стигнато огромна сметка кога бев во Италија-7000ден За 10 дена Браво за мене. Дечко ми работи во фирма накај Косово,и минатиот месец му се уклучил роаминг на вип.па доби 4000сметка.Така да многу пазете околу тоа.Во љубаниште во Охрид ми с е има вклучено роаминг,среќа што ен бев на претплата тогаш
Најголема сметка 800ден. и тоа преку лето иначе по 300-400 правам ама и тоа е многу, а најмалата сметка 50ден
мммм... овој месец направив висока сметка и на пост пејд а и на при пејдот не знам колку пати пуштив кредит, се на се околу 1500 денари ќе треба да платам. не е многу, но никогаш не трошам толку, јбг Србија што ти прави!
Hе трошам многу телефони, ама моја другарка направи рекордни 13.000 денари, и наредниот месец 11.000 денари, спиеше со дечко и(она од домашен му се јавуваше на моб) и ги криеше сметките, ама мајка и ја фати лошо лошо..... ради некој патљак 24.000
Последниот пат на домашен имав 2.500 а на мобилен 4.200 секој пат кога стигнуваат сметките од телефон дома си поминувам незаборавно, па во последно време практикувам тие денови од месецот да спиам кај тетка ми
Рекордната сметка ми изнесуваше 3.700 ден. да напоменам дека бев и тогаш на припејд и плус бројот ми беше во кругот, ама кога љубовните проблеми те опседнат до тој степен да ги решаваш и на јаве и на сон и фејс ту фејс и преку сите уреди за комуникација т.е. се убедуваш дека е така на секој начин па и со часови дообјаснувања на телефон исходот е отварање на сметката со растреперени раце и неволно кеширање на банкнотите кои се добар процент од месечната плата. Инаку со години оттогаш сум дисциплинирана и се движам од 400-600 ден. со тоа што вклучувам 500 мин. разговор кон 4 броја од кругот со кои ми се над 80% од разговорите. И радо се сеќавам како во периодот кога бев основно можеше да спиеш буквално на фиксен и доаѓаа смешно мали сметки од 200-300 ден. Е, тоа беа времиња!
Никогаш не сме добиле висока телефонска сметка. Највисоката ни била 1.000 денари. Се сеќавам, тогаш се јавив на ,,Бело глувче,, Познавам луѓе што плаќаат и по 18.000 денари за телефон, а не се бизнисмени и не можам да се начудам
18.000, што прават тие,живеат со телефонот залепен на уво? Он топик... Највисока сметка сум имала 6 000,кога бев детиште па куцав пораки како прстите да ќе ми паднат утре... Сега,800 најмногу,обично 400-500 правам.
Скоро 10 денови бев на претплата. И веднаш направив 800 денари. 800 денари за нецели 10 дена И веднаш ми го конфискуваа од дома... Мајка ми прави 600 денари за цел месец, а јас.. А замислете си што ќе било за цел
До сега повеќе пати ми има дојдено солена сметка по телефон... како мала кога се јавувавме на некоја радио емисија односно остававме пораки на пејџер мислам дека беше, па на оние 0500 броевите (не хот лајн туку наградни прашања), па муабети на мобилен и што се не Последна сметка што ми дошла онака поголемка е 3500 ова зимо кога ме исече у поим ова GPS-ов на мобилниот, односно ме скрати интернетот што ми го влечел додека сум надвор од земјава и кога ми дојде сметката само што не посегнав по некој предмет за да го смачкам телефонот. Инаку на муабети не трошам многу, сега има бајаги поволни пакети и секогаш сум во границите на нормалното.
Ние имаме земено пакет од 5 броја на Вип и до скоро бевме на минимална претплата од 50 ден. (или 60, ок не е толку битно) и за таа сума разговорите меѓу 5те броја ни беа бесплатни, а сите разговори кон останати броеви 7ден по мин. Е тогаш се заборавав, 5-6 мин. разговор еве ти 40-50ден. Секој месец бев 800-900 ден. иако разговорите со оние со кои најчесто зборам ми беа бесплатни. Претходниот месец се префрлив на таа тарифа што е 299 ден. 1000 мин. и малку ми дојде околу 200 ден.
Имам направено рекорд од 6700 ден... мислам не е рекорд можам јас и повеќе, тоа роамингот ме утепа. Иначе моите кренаа раце веќе да ме пеат за сметката а јас бе не знам како успевам толку д аја напумпам стварно не зборам толку и тоа со броевите у фамилија со ми се пошо сум на т-мобиле... и срамота толку пари фрлање за мобилен наместо да си купам нешо. Претерувам