Јас сум на при-пејд и секој месец трошам по 200-300 денари, а ретко се има случено ако имам потреба да ѕвонам негде да потрошам и околу 500-600. А сметката ми е обично 200-300 од причина што, мајка ми секој месец активира 200 за 500 од т-мобиле и повиците со неа (таа ме бара секогаш) ми се бесплатни, а истото 200 за 500 го активираат и брат ми и другарка со која сме оддалечени. Дечко ми е на пост-пејд и е на рилекс фемили тарифа и ме имаат ставено и мене во фамилијата како при-пејд член и секако бесплатно ми е Е така трошам по 300 денари пошо секојдневните повици ми се бесплатни. А пред 2-3 години трошев по 1000 денари секој месец вообичаено пред да ги имаме овие добри поволности.
Последните три месеци...Што од оправдани причини, што од неопрвдани Чаре немаТ, што да правам кога многу ми збори устата Овој месец сум so far so good, ќе се трудам да издржам така.
Најголема висока телефонска сметка ми беше 7000денари ... и тогаш доброволно му го дадов на татко ми пост пејд бројот
Еднаш ми дојде над 2000 денари, сурфав на нет преку мобилен, ама не знаев дека се плаќа. И еднаш дома дојде над 3000, ама не по моја вина, туку баба ми вртеше на квизови, мислејки дека ако не те вклучат во живо не ти наплаќаат...
Најмногу сум направила 800 денари, а почесто правам по 300. Дека имам на ВИП број и заради бесплатните затоа помали сметки
Ах,јас немам некој проблем со сметките...скоро никаков.Со моите сме во круг и бесплатно збориме,е сег аако се јавам до кај другарка на мобилен(почесто на домашен си вртиме) и ако пратам некоја порака.се на се најмногу ми дошло 200
Кога бев мала еднаш од домашниот се јавив на бело глувче и потоа ни стигна сметка од 3768 ден и знам дека моите кога видоа многу ми се караа и го исклучија телефонот....После некое време го уклучија и одтогаш слабо вртам, само на некоја другарка на домашен, ама ако имам голема потреба, а за квиз не ни помислувам.
Имав и на пост пејд број и веќе го немам, погодете зашто Сметки од по 3-4000 ко ништо. Кога се префрлив на при пејд, пак ми се собираше доста за ваучери, ама сега кога конечно операторите сфатија дека да се слушнеш со некој на телефон не е лускуз, па воведоа бесплатни минути, пораки и слично, е полесно
ми се има случено да направам голема сметка на мобилен телефон..и не ми ја плаќаја моите дома ама некако ги убедив и ја платија и потоа ме префрлија на при-пејд :/
Не еднаш милион пати, немам граница и постојан добивав казни од моите но ништо не успеваше, се додека не ме ставија на при-пејд Најголема телефонска сметка -3000 денари!
Порано на домашен ни стигнуваа огромни сметки од по 6-7 000 денари, ама тоа зборам кога немаше интернет (или се броеја на прсти тие што имаат) вртев јас по мобилни кај другарките, татко ми и брат ми исто, и на крај мајка ми не подбра ја исклучи нулата, а после некое време направи само да можат да не бараат А на мобилен порано трошев картички од 500 денари за 2-3 дена ама тоа кога се праќаа интензивно пораки со љубовчиња Сега сум на Вип, плаќам 300 денари секој месец над тоа поретко, до кај 400 најмногу, кога бев на одмор 500 ми стигна. Дури и се потресувам ако е над 300 не ми се плаќа толку за телефон
Кога имаме домашен телефон, секогаш ни стигаа сметки по 7-8000 денари, но најчесто не крадеа бидејќи знае дека еднаш неделно вртиме во Србија и они си додавале уште по неколку пати. Мајка ми тогаш го исклучи телефонот и со години (можеби 6-7 години) немаме домашен телефон. А за мобилен, порано бев на при-пејд и секогаш мајка ми ми ставаше ваучер од 500 денари, ама јас за една недела останував со по 5-6 денари на сметка, доволно за да титнам. И некогаш јас од мои заштедени пари ќе си додадев уште 100-200 денари ама пак и тие ќе ги снема за два дена. Од лани сум на пост пејд и всушност ми е подобро вака, иако имам многу големи сметки. Првата сметка ми беше 5300 и татко ми мислам ќе ме џитнеше од тераса. Од тогаш внимавам и гледам да не вртам без врска, но сепак ми се големи сметките. После тоа сум имала сметки и од по 3000, 2000, а најчесто ми се по 1000 и нешто. Искрено не сакам да сум на при пејд бидејќи ако ми треба нешто итно, не дај боже нешто многу важно - немам како да се јавам, а вака можам секогаш да вртам.
От ко имам мобилен телефон сум на претплата, најпрвите сметки стварно беа високи, 1000 2000, мислев дека мојте ќе ме исфрлеа од тераса ..со тек на време, идеше помалку , имав и некој месеци, ко кје идеше само претплатата 295 денари, како и да е имам бесплатни со сите VIP ..така да супер ми е.
Досега таков случај не ми се има случено мене... Ама еднаш сестра ми порано бидејќи немавме интернет и таа на домашен телефон со другарките со 3-4 другарки правеше мубает пола саат другиот ден пак и ко ни дојде сметка 4000 и нештоо ооо татко ми незнам што ќе и направеше и + се заклучуваше во соба да не и досадуваме... (татко ми и мајка ми на работа ние со сестра ми поголемата од мене бевме мали и што ќе и речевме таа поголема од нас ) И мајка ми ни го заклучуваше телефонот ама таа пак со нож го отклучуваше и после едно време прекина иначе редовни бевме со високите сметки...
Јас немам таков проблем за разлика од сестра ми. На мобилен ставам кредит од 1000 денари за да има важност цела година па дури на крај ми остануваат заштедени 100-200 денари А сестра ми и бесплатни минути има, и на вип има бројче па пак не и стигнува доволно. А фиксниот ретко, скоро ич не го користам бидејќи зборам во круг со тие што ми се потребни