Мене еднаш ми се случи да имам сметка од 2525 Прв и последен пат (се надевам ) Додека бев на одмор во друга гржава, си се јавував дома и си правевме муабет по 5-10 минути Сега сум на при-пејд и полесно ми е барем не се плашам од високите сметки
Леле и мене на одмор додека бев исто во друга држава направив сметка од 3000 денари уште еднаш никогаш...шо не праев пишев пораки се јавував од тогаш повеќе од 400 немам си пазам
..ми е смрт. Ми се појавуват често и најмногу ги мразам. Највисоката ми е 11 иљади и нешто, а останатите се 5000+.
Па не правам многу високи сметки, меѓутоа ми се има случено да направам 4000. Страшно беше дома, хахаха, но не бев само јас виновна, туку и сестра ми. Се обидувам да не правам високи сметки, затоа што постои фејсбук, ова-она па таму повеќе си го трошам времето, отколку да дремам на тел.
Никогаш сум немала висока телефонска сметка т.е за мене не е телефон на претплата.Затоа 500 мин. на Уан и се лажам една недела Ама затоа го прегорев домашниот телефон
Си читам низ страничкиве и ми доаѓа да ги завлечкам моиве и тие да прочитаат. Па тие мене треба да ме честат за моиве сметки, а не маани само да се најдувало. Абре јас маки измачив додека господичните од Вип не ми ги докажаа сите нивни предности НО и слабости на претплатата (а вториве ги има дупло повеќе). Па во сметката да ти влегувало само ова а не и она, над таа и таа сума значело ова, значело она и лаап 2-3 месеци салам ме поткраднаа. Ама тоа ти е и сама кога не си се распрашав од почеток, туку се залетав по ниските цени на телефоните + прениската претплата. Абе оди бегај! Сега им го знам марифетот и сметките ми идат од 260(240 е претплатата) до 460.
ја секад ама секад по 1500 динара ,моиве више се навикнаа на тоа више не викаат ,и минути и све брате на нула,ама многу збориме до душе и ја и он по 1500 динара секој месец сметка
Секој месец ме ДЕРАТ. т-мобајл за најапашишта На претплата се наместив пред година ипол не знам кој ѓавол ме втерна така да се запустам. На при пејд си ставав месечно по 200 денари и кога ке поминеше еден месец ми остануваа по 20-30 денари и повторно ставав кредит бидејки ке ме исклучат. Сега кога сум на претплата абе глава неможам да кренам од високи сметки. Тоа по 500-600 а не сум кренала телефон. Со дечко ми зборувам за денар минута и тоа ако на пример зборувам 50 секунди не ми зема 1 денар туку 0.80 центи. На сестра ми, мајка ми, татко ми, им давам сигнал и ми се јавуваат, не трошам. Едвај чекам да ми истече договорот и одма се ставам на припејд пак. Наместо да си купам нешто друго јас на сметки арчам пари а воопшто не зборувам, ниту пак користам интернет.
Јас пак не правам високи телефонски сметки ама па затоа дечко ми.. Уууф, кај него нема лабаво.. Баш сега земаше нов број и ми вели дека имал 1000 бесплатни минути и се опуштивме, спиевме на телефон.. Сега му дошло сметка 3 600 денари Мора да се крати сега од муабет
Јас сум дете ангелче . Највисока сметка ме е 500 денари.Имам и бесплатни на Вип,а почесто го користам и домашниот.
Недела дена ќе бидете лути сос родителите и толку, без гајле п.с. само пари се , што да не ќе палиме оган со нив
19500 денари. Летото што помина бев 10 дена на одмор без дечко ми. Друга мрежа, бројче на претплата и ете ти Кога ќе ми текне што се можев да си купам со 19500 ми иде од задново дебело месо да си к’снам
19500 лелле божеееееее ке ме фати удар да добијам толкава сметкаааа ...јас од вакви причини не земав број на претплата и подобро така
Добро вас не ви е досадно толку да зборите на телефон? 20 илјади, 10 илјади, 5 илјади, абе како правите толкави сметки не ми е јасно. Ама стварно не ми е. Да сте бизнисменки да разберам. Ама вие во странство сте биле без дечко и? Боже мили, голем ку*ац ако сте биле без него. 5 саати на ден дремете со него на мобилен, 3 часа се гледате на кафе и останатите 7 дремете со него на фб и 2 часа се гледате на скајп. Свашта. Навистина не ги сваќам тинејџерите и адолесцентите што прават високи сметки за глупости чисти. Па има вип опција 75 денари неделно за 500 минути. Па нека се уклучува опцијата и 2 пати неделно, би дошло 600 денари во месецот за околу 60-70 саати муабет. Зар малку е месечно цели 3 дена да ти поминат во разговор? Вас 10 дена од месецот ви се дремење на мобилен. Ако ако, зрачете си се од тоа мобилните. Будали тинејџери. Еднаш у живот имам висока сметка и тоа на домашен, дете бев играв игрици оние на телевизија, не ни знаев дека шурат. На мобилен секогаш сум претпазлива, секогаш имам опции со бесплатни минути и телефонот е потреба, но не за спиење на него, плус имам и фб имам и скајп и нема потреба да ги ошурувам моите беспотребно, зашто тоа се џабе фрлени пари.
На домашниот највисока сметка ни беше 3000 и нешто, но братучетка ми беше на гости и ние кога не сме биле дома си вртела кај дечко и на мобилен. Обично сметките ни се движеа од 1000 до 1500 денари. Сега е 1000ка со тоа што и интернетот е во таа сметка. На мобилен бев на сметка до пред пола година, со моите бевме во круг и имав со еден број за 150 денари 3000 минути. Но, ми ја исклучија таа претплата и сметката ми стигна 1400 денари. Ги откажавме броевите и сега месечно трошам преку сила 400 денари. На ONE сум и за 79 денари имам 400/500 минути неделно. Супер опција ми е зошто сите сме на ONE.