Господе боже 20 000 сметка треба да идам да се фатам и да се убијам. Грижа на совест имам за 500 денари, а не па за толку. Јас сум на Т-мобиле и сум задоволна со моите зборењето ми е бесплатно така да што и да трошам е со пријателите кога зборам. Највисока мислам дека ми била 1000 може и повеќе ама тоа беше летоска кога бев две недели сама на одмор, ама и тогаш преку скајп зборев!
Највисока што ми стигнала ми беше 1000 денари, и пак се чувствував виновна..Просечна ми е 500-600 денари, заедно со тие 400 денари за постпејд што се плаќа.
Мене највисоката сметка ми беше 1300 денари и тоа на ВИП и тие понекогаш подкраднуваат ама тоа е мора да си ја платиш.
Кога бев порано на кредит пред мноогу години ставав може по 3 пати месечно картички од 500 денари и сите пари за тоа ги штедев од ужинки и остало, ама имав симпатии/дечковци и се гледавме еднаш во две недели, а другото време преку пораки контактиравме, тогаш немаше ни мсн ни фб А сега од кога сум на сметка највисока ми беше летово кога бев на одмор 600 денари, пораки си праќав со домашните и се слушнавме 2-3 пати. Инаку редовно ми стигнува сметка по 300 денари месечно што морам да ги платам т.е. таа претплатата, на Vip сум. Бесплатно ми е со броеви на Vip, пораки многу ретко некогаш ако се лигавиме со дечко ми пред спиење И тие 300 денари искрено едвај ги давам, а не па повеќе, нема шанси!
Додека созреам и сфатам дека тоа се пари во ветер, си плаќавме солидни суми, било за домашен, било за мобител. Домашниот највисока ни бил 3500, а и сега ни е 2500 благодарение на “топ ефтиниве„ понуди на 3 мах пакетите. Отсекогаш сум била на пост пејд, и еднаш во 8мо направив 5000 сметка, јули месец распуст, и си се зезавме со другарките по телефон со машки, на моја сметка Сега сум друга приказна, созреав и срце ми се кине за сите тие пари дадени во ветер. Последнавиве години сум ок, ретко да надминам 1500.
До сега моја лично највисока била 500 ден , а на една личност што користеше бр на мое име ми направи сметка 6,000 ден
Jaс пред некое време лаев тука дека не е вжна сметката ама сега кога ми стигна 7945 нема што повеќе да кажам
Еееееее што си правела бре ? да не спиеше на телефонот хахах , се смеам . . и мене ми се има случено да добијам сметка 6700 ден но одкога се префрлив на при пејд сега ми е супер. Има мног у повеќе поволности , круг за 200 ден , збори цел месец за ништо и плус 100 бесплатни пораки. Најсупер. Никогаш не сум била на вип , т-мобиле цело време. Многу сум заадоволна
Ехх се заебав ја еднаш така со Т-мобиле ми дојде сметка 1667 денари. И тоа ненамерно ги напраив, мислевме бесплатни сме со дечко ми дека тој пакет јавно не го прикажуваат, а сепак постои, и ни стигна смс дека само во рамките на 1 министерство се бесплатни, а со другото не. Значи тие меѓусебе бесплатни, ние меѓусебе на интерно ниво, а иначе не кога зборат од едно кон друго министерство. А дотогаш така беше и смениле нешто, и ми стига порака „од денес разговорите кон тоа и тоа министерство се бесплатни, а кон другите министерства по редовна цена дрн дрн“ и ја мислев тоа не се рачуна другото дека се поврзани, аааааааааааааааама грешно сум мислела и кога ми дојде честитката си реков, мој пропуст-моја грешка.
Многу ретко имам висока сметка бидејќи имам и на вип бројче па си правам муабет на гага. Плус не ни сакам моите да го трошам, жал ми е
Каков е овај круг од вип за 200 денари и + бесплатни пораки ? Проверив и на страната од вип ама нема,или јас неможам да најдам
Значи на нас месецов ни дојде голем износ, на вип, и што е најбитно во ситуацијава, ДЕКА ЗДРАВО НЕ ИСПОКРАЛЕ!!!! Пишува повици на мажот ми од Турција, кои не ги направил, пишува дека тој ми вртел, и јас сум му вртела, што е апсолутно неточно, си се слушавме, дремевме на скајп, не сме ненормални да си муабетиме Анталија- Скопје, тука јас сигурно го надминав лимитот на бесплатни минути, ама 3-кратно нема шанси, бидејќи тоа би значело дека дремев на телефон, а не!!! Во други мрежи не вртам, имам друг телефон, а ми пишува дека сум ги надминала и тие минути за вртење во други мрежи. Со овие крадци не можам да се справам, до сега секое излагање од државата ремпере не прават, им помина до сега, ама сега енма, ја претераа, приговори кај нив не помагаат, зборот и прашањето ми е, каде да ги тужам? како да ја почнам постапката, и да ги тужам, баш тужба, да видат дека не можат да се зае*аваат како ќе им ќејфне нив???!!!
^ месецов и мене од ВИП ми стигна ненормално висока сметка, а сметам дека нема шанси да сум направила толкава,поготово што ич не се јавував,само одвреме-навреме праќав пораки. Затоа си се вратив сега на при-пејд,најсигурно.
И јас овој месец спаѓам во оваа група Ама не ми е до смеење Досега 3 години плаќам по 200 ден најмногу 300 и сега добив сметка 2347 Паднав во несвест Одма побарав во T-mobile да видам каде потрошив и сите пари на Интернет Ова е кражба Јесте да трошев Интернет ама ова е премногу И решение е да си ја платам сметката и повеќе интернет ЈОК
изгледа сите го имаме истиот проблем со вип и кај мене истото стигна за претходниот месец дека сум зборала во роаминг а јас кутрата никаде од дома не излегов а немам никој во странство за жал овие вип почнаја многу да заебават се префрлија многу луѓе на вип и сега почнаја да кршат клечки и така јас на гладносрце ќе треба да си дам 2000 за разговор кој не сум го напрајла барем да зборвав и да не ми е криво ама тоа е