Кога бев во Грција на одмор пред неколку год,и јас преку мобилен си одам на интернет,секој ден по малку ама останав две недели,се враќам во Скопје и ми дојде сметка 12000ден 200евра,малку ми беше криво за толкава сметка ама тоа е за друг пат памет.
Јас мислам најмногу проблем ни прави нашата неинформираност. Незнаеме што колку кошта и после се чудиме зошто волкава сметка и секако најлесно е да кажеме операторот не краде. 2 Јас стварно им се чудам на тие родители што на деца во тинејџерска возраст им даваат мобилни на претплата. Мислам со кој памет? Јас откако постојат мобилните телефони имам при пејд броеви, велам броеви затоа што имам броеви со се телефони мали се телефончињата и лесни и не претставува поблем при носење. Користам броеви од сите оператори и кога лас бирам вртам од тој што во моментот има најдора понуда за појдовни повици а ме бараат зависно кој од оја мрежа е на сите 3 но најмногу го користам тој на Оне бидејки Џабестот е супер имаш 1000 минути Џабе а за останатите е 2,9 денари. Најмалку го користам од т-мобиле бидејки таму се изгор сапи. А, зошто не на претплата? Па затоа што не зборувам постојано многу така да на петплата зборела не збореча мора да платиш 500-600 денари а вака плаќаш колку ќе збориш. Или на пример со овие паќетиве имаш исто да активираш ти излегува како да си на претплата а неси. Со активирање на паќетите најмногу можеш да потрошиш 400 денари а на претплата ти е 500-600 денари ако ги исклучиме оние тарифи каде што имаш бесплатно само со еден број а не со цела режа за 150-200 денари ама тоа е неисплатливо ти излегува дупло поскапо. Што се однесува до операторите задоволна сум не се случило да ме крадат ниту денар ниту на фиксен ниту на мобилен, а истото се однесува и за другите сметки вода, струја се е регуларно онолку колку што сум потрошила. Доколку не водам ред ќе ми се чини дека и струјомерот ме краде но тоа е само наше оправдување пред другите а понекогаш и пред себе за да се утешиме и вината да ја префрлиме на други а не врз себе.
Мене во Јуни ме префрлија на сметка и ми стигна над 3000 денари. Стварно не разбирам од каде кога во услугата сметка ми пишување дека имам 380. Месецов не можам да ја користам услугата сметка затоа ме интересира каде да ја проверувам сметката а и ќе одам во странство па ме интересира што се треба да направам за да не ми дојде пак огромна сметка зашто прв пат ми е на пост пејд.
Имам постпејт бројче но имам неограничено минути така да освен со смс 100тина денари инаку неможам да натплатам. Како мала со баба звоневме по квизови и кога ни дојде сметка на тато косата му се крена. А најголема сметка имаше дечко ми лани, 10000, неговите полудеа
Кога бев во Италија кај тетка ми минатата година, најмногу ми беше тешко без дечко ми. По цели денови шетавме и навечер само можев да седам на скајп, па затоа му се јавував во текот на денот и потоа кога моите ја видоа сметката.... 9750 денари, уште го памтам тој број.
На вип сум на постпејд секој месец сметка 3000 аман бе ? до кога ? проверам сметка минутите си стојат ? па кај е тие 3000 ?
Брат ми беше во Црна Гора, на роаминг. Еднаш два пати само зборувал со нас.. И требало ншто да се исклучи, тој не исклучил и на крај сметка 36 000 И сега сакавме на море, Црна Гора не им се оди на моиве дека била баксуз, и никако нема да ја видам На брат ми му беше жал, ама сепак и тој не беше крив..
Најмногу 1000, никогаш повеќе од тоа. Се надевам дека нема да надминам и месецов. Секогаш кога проверувам сметка нозете ми се сечат.
Здраво до сите, ми треба итно од вас предлог. Така, ми стигна од ВИП сметка 5.200 денари што е премногу, и се јавив таму им викам мора да е некоја грешка, и ми кажаа да си проверам на онлајн сметката на вип страницата и пресметав имам околу 730 минути изговорено, од 1000 можни со што имат ми лапнано минути и + не ме известија дека немам веќе бесплатни и наплаќаа за секој разговор 7 дена и ми стигна толкава сметка. Сега ќе одам во ВИП ќе им кажам да си пресметаат убаво, и доколку нешто излезе и остане толку сметката 5.200, да не им платам сметката , да си исклучам бројот, што ќе можат да направат? Ќе се исклучи сметката? Дали сте имале вакво искуство до сега? Ве МОЛАМ ЗА ПОМОШ. Ви благодарам
^ Мислам дека ако не ја платиш сметката ќе ти го исклучат бројот.Јас кога бев Србија имав направено сметка од 3000денари и тој број го исклучив,но не знам дали ја платија моите таа сметка или само го исклучија бројот без плаќање на сметката,но не ми се верува туку-така да е.
Ми треба за сигурно информација, да не ми праќаат после извршители дома, па низ судови да се трчкам. Инаку ти благодарам за брзиот одговор. Со тие тарифи, претплати на големо се краде, али тоа ти е. Македонија..
Како бе така по 7000/8000денари сметки правите без око да ви трепне? Не ги жалите малку родителите, па една плата е тоа.Толкава сметка при најразлични интернет услуги, стварно не сфаќам. Иначе,секогаш купувам телефони на договор, али договорот си го префлам на бројчето на тато,него му е повеќе потребно, повеќе си збора, па нека се трошат парите на нешто потребно, јас не сум толку по зборувањето.Си ставамкартичка и колку си зборувам, толку трошам.Најсигурно. И никоаш не ни дошла висока сметка, освен 800 денари, за некои пораки пишувани во странство кои ние никогаш не ги пративме.Се искаравме од тие во вип, али на крај си плативме.
Мене највисоката сметка за телефон ми има дојдено 4600 и кога видовме сите дома шлог не удри. Татко ми уште истиот ден извади детална листа и на мојот телефон господата од Т-Мобиле некоја мучка направиле и испадна дека секоја милисекунда јас уклучувам интернет. Им отидов таму им спискавме малце и после ај платете ја оваа сметка, од наредни месеци нема да плаќате. Следен месец пак иста песна, пак им отидовме ај сеа уште еден месец и така 3 месеци не си плаќавме телефонска сметка И на крај им кажавме да го исклучат интернетот на сите телефони. Сега повеќе од 1800 за 4-цата не ни доаѓа.
епа навистина ВИП ја претарааа !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!11 си купив припејд бројче со цел да не го користам оној на постпјед и кога ми дојде сметка оппп пак 700 денари а само го користев да се јавам некаде на вип и тоа имам потрешно околу 50 минути а имам да зборувам бесплатно 16 часа....До скоро секој месец плаќав по 2000 до 3000 денари ама веке ја претерааа , не се жалам само јас туку сите кои се на вип
Поодамна,кога бев во вип дојде еден дедо фа се жали за висока сметка,а го користел тел само тој и тоа вртел само на вип на блиските.Откако проверија на компјутерот,му кажаа дека му праќале некои пораки за игри или за некои квизови,и тој ги игнорирал,наместо да прати повратна порака со стоп. И со тоа што не пратил СТОП,автоматски бил регистриран и му ја зголемувало сметката.Да не има таков случај и кај вашите повисоки сметки. Со роамингот и со вакви пораки најмногу ги крадат луѓето. Срамота.
Татко ми има договор на вип на 800денари, и овие 3 месеци нема стигнато ништо што надминува. Провери интернет или дали има некоја грешка.На мојот нов телефон константно кога ќе си ставев кредит ми земале пари затоа шо директно си си уклучуваше на интернет,ама откако ставив забрана за пристап на интернет од вип си немам проблеми сега
Ејјј .. дечки а ја што да правам? Ако не ја платам таа 5200 сметка што ќе биде? може да ме тужат ? или ке ми исклучат бројот? Ако ми го исклучат , не им плаќам и картичката ќе им ја вратам....
Нај високата сметка што ја направив беше над 2000. И тоа беше од првиот мој телефон, мала бев, мислам не баш мала ама некаде шесто или седмо одд бев. Се јавував на сите, на сите што им требаше да се јават им давав, си пишев пораки стално, а се сеќавам праќав и од тие пораките со смајли што се, една порака по 40 денари. Научив на потешкиот начин, али сепак добра поука. Секако телефонот ми беше одземан и бев казнета, без телефон цела година.