Ако не ја платиш, ќе си платиш и плус за извршител (мислам околу 8000 ден.). Оди со време и направи си договор да го вратиш долгот на рати.
Најмногу ми има стигнато околу 1200 денари, за два мобилни телефони, а обично плаќаме 800-900 денари. Страшно.
првин ке те исклучат нна некое време , после ке те опоменат пак , па случајот го превааат на извршители на некоја наплатна агенција и ти се јавуваат од таа агенција те прашуваат за колку време ке ја платиш и им кажуваш ден или два и ако не платиш ке ти дојдат дома извршители и ке ти ти закупат предмети во вреднот од таа сума...Мене еден пат ми стигна писмо дома од таа наплатна агенција среќа моите не ја видоа и во скоро време ја платив и ништо не ме снајде
И јас сум си задоволна од пакетот кој го имам од ВИП скоро една година веќе, наскоро ќе треба да обновам договор и дефинитивно ќе го направам тоа. Претплатата ми е 500 денари месечно, со 100 мегабајти интернет и 1000 минути кон вип а 200 мислам кон другите мрежи. Досега повеќе од 20-30 денари над тоа ми нема стигнато, и си знам тие ми се од пораки пишување. Немам слушнато некој да се пожали. Ако претплатата ти е 700 колку и да не потрошиш ти пак ќе ја платиш претплатата, затоа е месечна претплата, затоа си претплатена. А тоа што правите сметки по 2000-3000 денари не е дека вип претерува, туку толку си трошите. Јас па напротив, сите што ги знам се задоволни од вип. Може од паралелен универзум сум.
На мобилен сум на кредит,колку има толку а на фиксен/домашен 2.000 и тоа само мој повици ии никоаш веќе
Минатата година летото сама направив 2100 денари од мобилен, а и башка моите шо ѕвонувале, а нивното заедно 1500, леле кога ја видов сметката ми се сврте. Али ајде се разбравме лето беше тогаш со другарки ѕрн ѕрн цело време таму ваму, но ветив дека ќе се контролирам повеќе од тогаш
Е ова е невидена работа. Со мајками во петокот проверуваме сметка на мојот т-мобиле и мојата изнесуваше 302,00 денари. Баш толку беше паметам. И вчера отварам ја да видам нешто на мојот т. и сметката ми ја покажува 2440,00 денари. Исто со другарками го сботата проверувавме и сметката си беше 302,00. Ќе ми објасне некој како е можно во рок од еден ден толку да рипне сметката. Да напоменам со никого не зборам на телефон освен ако треба да порачам нешто мајками да купи а интернетот го уклучувам чат пат у школо. И да се јавам ли во т-мобиле за да прашам?
Највисока сметка ми била нешто повеќе од 2000. Тогаш бев на One. Сега на Vip обично 600-700 ми е, ретко кога илјадарка фатило.
Порано сметките беа со астрономски износи, да ти е страв да го отвориш ковертот. Сега конкуренцијата помеѓу операторите си го направи своето, стварно е многу евтина тарифата.
Кога бев на кредит ич немав проблем со сметки. Сега сум на месечен ама си имам пакет, па секој месец си плаќам иста сума.
Висока телефонска сметка направив еднаш кога бев помала, а сега повеќе не правам такви работи си имам месечен пакет и задоволна сум.