1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Високите потпетици и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. Plavuska.inaci

    Plavuska.inaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Пред неколку дена дознав дек сум бремена преку Clearblue, ме интересира дали би било проблем ако носам чизми на мала штикла , и кога би било добро да престанам ,ако смеам да носам ?
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Прашање

    Нема никаков проблем ако штиклата е мала, зошто би имало? :) Само одбегнувај високи, опасни се. :))
     
  3. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Не е забрането трудниците да носат чевли на високи потпетици, иако тоа не е го препорачуваат повеќето експерти.Ризикот со штиклите и бременоста се состои и во тоа што крвта не може слободно да циркулира, а зглобовите и лигаментите во стапалата можат трајно да се оштетат. Доколку се случи паѓање, поради свиткување глужд, шансите за повреда на мајката се поголеми, поради зголемената тежина, но исто така на ризик е ставено и бебето.
    Сите се согласни дека жените во блажена состојба зрачат со посебна енергија. Затоа, без разлика на облеката и додатоците, секогаш изгледаат убаво, дури и во балетанки и во спортски обувки.
    Рамните чевли се најпрактичен избор. На тој начин ќе се избегнат болките во грбот“, тврди гинекологот Кетрин Линч. Таа советува веќе во дваесет и петтата недела, односно петтиот месец од бременоста, да се премине на нешто пониско.
    http://style.mnogoo.mk/mk/articles/Zdravje/trudnicite-ne-treba-da-nosat-visoki-podpetici
     
  4. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Јас сум во 14 недела и носам високи потпетици за сега не ми представуват никаков проблем,а ако ми смета понатаму нема да носам и бестоа сум висока,високи потпетици носам само заради што ми се некако по женствени и елегантни но секој со стилот нели :)
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    На почетокот носев....но потоа самата си реков СТОЈ, доста е...отекуваат нозе, ми се врти....не ми треба тоа.
    Рамно му е мајката....ама џабе на со рамно и на прав пат па ќе се сопнам :D
     
  6. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Јас сум скоро во 7ми месец и немам никаков проблем со високите потпетици...Нормално не ги носам како порано по 4 5 6 саати..туку 2 до 3 часа максимум... :) Јас мислам дека се е индивидуално
     
  7. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    јас сум 8ми месец па уште си носам високи потпетици кога сум излезена.Преку ден носам на полна пета а навечер штикли високи и ич не ми е проблем ниту нозе ми отекуваат ниту ништо
     
  8. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    да ме отепаш нема да можам на високо да одам :| ми се чини дека нозе че ми одпаднат и кичмава че ми се раскости
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Вчера вечерта бев на штикли, и ноќеска грчеви во нозете имав многу.....па со цел памет и оксфорките денес за на факс ги облеков...и сега лежам дома со спружени нозе зошто ми се бумбар.

    Памет не ми доаѓа, за роденденот на маж ми, повисоко неможев да облечам....епа после цела ноќ неспиев па нема да спијам нормално....златни рамни чизми....затоа после кај и да одевме со рамните чизмички си шетав.
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
  10. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Не само дали јас можам или не, генерално имам многу лошо мислење за трудница на штикли. И не, не се чувствувам конзервативно поради тоа. :) Особено во 8-ми и 9-ти месец.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Na novata godina oblekov stikli ne mnogu visoki kako sto inaku nosam..so demek podebela i postabilna...Ama zatoa cela vecer bev sobuena pod masa i si gi luftirav nozete...
     
  12. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    И јас сега засега немам проблеми со високите потпетици,можеби уште е рано во поодминатата бременост можи нема да можам но сега засега супер се чувствувам во нив.....мислам дека нема никаква опасност освен на снег,мраз но сега засега тоа го немаме хехеххе...Значи нема некои правила ако можеш носиш ако не послем бременоста ќе се надогнади :D
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас сум цела бременост со патики :D :D