1,72 сум висока и највисока штикла ми била 9цм едни си имам 5цм и толку страм ми е да облечам повисоки (додуше и слаба сум не ке ми стоет многу високи)
Mене многу атрактивно ми изгледаат високи девојки на високи штикли, тоа држење и движење не може да го има ниска девојка па незнам на колкави штикли да се качи
Висока сам 1,76 и ме нервират високи штикли,мислам дека не ми прилегат,а и нејќам да делам луѓето,така да избегавам многу високи штикли
Имам другарка која е висока 177 и не сака да чуе за високи штикли .. јас си сум 170 и си фурам и 15 понекогаш,ама сега нема да можам на новиов дечко ако му се качам на 15 ќе можам јојо да му правам :/
178 сум висока и воопшто немам таков комлекс,си носам високи штикли па знам и 10ка да облечам,носев и пред маж ми да го запознаам па така и си запознав висок(190см) напротив мое мислење е дека високите девојки треба да носат и да ја истакнат висината и лепотата-па која манекенка сте виделе ниска
Мразела ниски луѓе,како бе не ви е срам да пишувате вакви работи. Ниските луѓе не се грди, не ми е јасно зашто ги делиш луѓето на ниски и високи Инаку да не бидам офф-топик задоволна сум од мојата висина (170) и мислам дека на сите им стојат високи штикли,само да не претеруваат
Eј да си висока 180 и да се малтретиташ на потпетици од 12-13 см неможам да разберам,тие се малтретирање за нозете и за цело тело,во нив неможе да се оди опуштено и елегантно,ај за премногу ниски девојки да ги носат за да додадат см тоа може да се разбере ама ова. A инаку јас сум за високи потпетици,многу поженствено и поелегантно се чувствувам во нив и мислам дека секоја жена треба да носи потпетици,ама умереност пред се,јас најчесто носам потпетици од 7- 8 до 10 см имам некои и од 13 см,ама тие ми се само за ептен свечени пригоди како свадба на пример,а за секојдневно и за излегување нема шанси,инаку и јас сум ниска 162
Јас сум 170 висока, ни висока ни ниска и потпетиците 12 ка ми се омилени , па и баш убаво ми стојат на девојки што се високи , сметам дека потпетици на секоја жена идат висока ниска средна сите ми се поубави со нив
Блазеси ви вие што сте повеќе од 175 високи и не вие гајле за 15 цм штикла. Јас сум 170 и незнам дали да купам толку висока штикла. Досега сум носела само 10. Се надевам ќе се убедам и ќе си ги купам посакуваните штикли
хххааах исто и јас сум 170 см висока па секогаш внимавам на изборот на чевли со високи потпетици и никако неможам да се замислам со потпетици високи 15 или повеке см....како на таа моја висина да додадам уште 15'20 см едноставно НЕМОЖАММММ '''''10 се сосема ок
Штикли ?!? Значи висока сум 1.82 цм, во гените ми е тоа, фамилијарно сме сите високи. Сакам многу да носам штикли, имам убави нозе ама коа ќе се поткренам на прсти ми се чини дека сум триметражна. Прашањето ми беше дали и вие кои сте блиску до мојата височина носите штикли и колку се високи и дали се чуствувате непријатно дека сте високи уште плус неколку цм, зашто мене ми се чини дека сите ќе гледаат во мене :/
Штикли ?!? Да бе, зошто да се чувствувам непријатно? Па нека гледаат. Колку глупаво е размислувањето дека за високите, штикли не се. Глупаво е да си облекол штикли, а да не знаеш да одиш во нив, а за др. ич не бери гајле. Плус ти самата кажа, имаш убави нозе, сакаш штикли, и тоа е се што треба High heels, high hopes
Штикли ?!? И јас сум доста висока , и носам штикли, многу пати ми велат демек нема потреба ама јас уживам да ги носам.Кога бев помала мислев дека нема да можам да си најдам дечко ама го надминав тоа , сега ем носам штикли ем си имам дечко
Штикли ?!? Нема потреба да ти е незгодно, носи си штикли штом ете како што велиш имаш убави нозе. Ако веќе толку ти е незгодно немој да носиш некои превисоки. Ете јас имам една другарка која е така висока носи штикли ама на пример без платформа или со не толку висока штикла и прекрасна е и таа а прекрасни се и штиклите што ги носи.
Штикли ?!? Прашањето на Куки е на место. Висока девојка е како низок дечко, not very suitable on first sight. Ако ти е битен машкиот агол... Секоја девојка, макар висока 182 е позгодна на штикли. Има некој сензор во главата кај мажите кој се вклучува кога ќе го слушне само тропкањето на штиклите, а камо ли да ги види. Така што секако носи ги, и те молам, те преколнувам, не облекувај од оние балетанкине, како и да се викаат, оние flats, само зашто си висока, одвратно стојат и на ниски и на високи девојки. Гледај да не се 15 сантима, ама на „петка“ слободно качи се и глеј го светот од високо. На крајот на краиштата, сигурно нема да бркаш просечни момци, туку кошаркари, одбојкари и луѓе за тебе битни. Другите кој ги есапи, не се замарај со нив.
Штикли ?!? Штиклите може да ти стојат совршено ако знаеш да одиш во нив , без разлика на висината . Не сум за 5ка никако , често забележувам една девојка од мојот град на таа височина и многу бапски ми изгледа , можеш и со 12ка да се обидеш максимум , а мој совет е дека не ти треба 15ка . Од оваа сезона посебно се актуелни оние поелегантните што не се на платформа , било отворени , било малку шпицасти но се моментално во тренд , нивната штикла е од 9.5-10см и супер стојат и на фустанчиња и на панталони .Инаку секое тело многу поубаво изгледа на штикли , се разбира ако девојката зрачи со самодоверба и знае да ги носи .