Од патики не излегувам цела година, било лете, било зима, само за некои посвечени настани се префрлам во оксвродки. Ама ми нема ништо по секси од висока девојка на неколку (од 3 до 5) цм подината пета и напред затворени шпиц обувки, вклучувајќи ги салонките од штикли.
Имам 175-6 цм. Порано ретко носев штикли, па и тогаш кога носев избирав пониски (максимум до 10 цм) - ем затоа што не ми се удобни, ем затоа што ми беше малце непријатно со така малце натпросечна висина... Сега исто така носам само релативно пониски и за посебни пригоди, ама само ради првата причина.
Висока сум 173-4 и секогаш кога излегувам си носам високи штикли. Гајле ми е, на кого му смета нека се прилагодува на мојата висина.
А како се справувате со коментарите од типот види ја колкава е врба,жирафа,штрк итн.? Еве сега еден минувач ми рече дека сум штрк хахахах и други многу ме зафркаваат за висината а мене тоа многу ме нервира, јас баш си ги сакам моите долги и слаби нозе ама кога ќе слушнам такви коментари едноставно губам самодоверба..И факт е дека високите девојки потешко фаќаат дечко.
180 цм сум. Порано нешто комплекси имав. Мали штикли ова она. Од кога се породив незнам како чудесно ми се појача самодовербата. Носам 10цм штикли и тоа изгледа сосема секси а не како да сум шифоњер.
Висока сум 182 и многу често сум на штикла. 90% од ниските девојки и жени ми коментираат дека сум како штрк и дека не треба да носам ништо друго освен ниски обувки, не изгледало ич убаво. Мене ми е убаво на штикла и убаво ми изгледа, не се потресувам на глупави коментари.
178 сум висока и немам гајле од високи потпетици. Без штикла сум пониска од дечко ми, а со штикла бурек му јадам малку на глава, но не се приметува.
177 сум. Имам 2 пара штикли и едни ко чизми на штикла. Највисоките штикли ми се 10цм другите и чизмите се 6-8цм Би носела и почесто да не ме болеа толку нозете, немам комплекс во врска со тоа иако сум слаба и висока и на некои им делува смешно.Ги носам со самодоверба.
Висока сум и некако не се чуствувам удобно во штикли, а зошто така не знам. Можеби затоа што не ги носам многу често, а и подоцна многу ме болат нозете од нив. Најудобно ми е во нешто ниско, но во некои пригоди не можам да носам ниско.