високите девојки можат да носат штикли ама не некои превисоки и со голема платформа..Без разлика дали машкото е повисоко или пониско од неа ако девојката е доволно висока нема потреба од додатна висина . Искрено без навреда на понискиве, повисоките штикли се наменети за нив , за да не иди до израз тоа и уште една причина зошто високите девојки не би требало да носат превисоки потпетици : би се издвојувале од друштвото , сигурно не би сакале да ви дадат коментaр дека сте му како учителка
Уф, обожавам високи девојки и плус на штикла, јас сум висока 172 но сите потпетици ми се 12ки, сега има и нови модели од по 15ет и тие очекувам да ги имама сите....да бев 175 ќе бев уште посреќна Кога ќе видам висок дечко и девојка висока и плус на штикла ми изгледаат како прин и принцеза поздрав до сите високи девојки и носете високи штикли, бидејќи нискиве само ви љубоморат
Висока сум 178 и си носам високи штикли и ми замериле дека сум била висока ама не ми е гајле до толку ,ама ајде сега што да правам кога сум пораснала ,крива била мама и чоколиното (а да не ги заборавам и гените )хахахаххахахахаха
Абе искрено јас не ве разбирам мама е крива, чоколино крив, што да правам што сум висока, ех штета... идам подгрбавено, ќе ме болат нозе од штикли (па и ниските ги болат нозете). Абе луѓе сонуваат да имаат сантиметри плус без штикла. Сметајте ја висината за ДОБЛЕСТ! И уживајте во неа, имате од неа многу позитивности. Носете ја гордо висината, идете исправено, носете си штикли, не мора 15ка ама не се срамете. Газете гордо и знаете ќе примате многу погледи. Јас ги сакам мама и тато и фала што ме направија толку висока!
Висока сум 178 и си носам високи потпетици. Носам или 8-10цм штикла или рамни обувки. Оние што се по 3-4-5цм штикли не носам - не се по мој вкус. Не ми е комплекс, туку напротив ме прави уште поженствена.
И јас си ги сакам !!! Не реков дека ми смета што сум висока се осеќам моќно и убаво ,си ги сакам нозете зошто ми се долги ,и не се страмам да носам висока штикла впрочем почнав да носам поипетици уште во средно Само се шегував за чоколиното , И да се случува другарките да ми замеруваат зошто сум носела високо ,а тие биле ниски и носат патики за на кафе или пак дека дека тие не знаеле да носат штикла па затоа и јас не би требало да носам , и незнам уште не какви бабини-деветини мене не ми смета воопшто тоа што носат тие патики па ајде да им зборам и јас ,кај одите вакви..хахахаха Очигледно некои си прават комплекси за висината ,но не е се во висината. А што е и најсмешно баба ми постојано ми вика да сум носела ептен рамни чевлички зошто се плашела дека немало никој да ме сака зошто сум била висока Ах траги-комедии....
Росонерче, мислам дека ке треба да ми дадеш едно предавање или тука или во лп.. висока сум 179/180 можда и некој сантим повеке и понекогаш стварно имам комплекси.. Не за друго туку ете моето друштво и општо вака повекето луге што ги знам се ниски..без навреда за ниските...али овие конкретно се толку ниски можам бурек на глава да им јадам..или ко што викате, од птичја перспектива ги гледам..и ми доага сите некако исти само ја штрчам.. Мислам дека имаме ние високи згодни девојки но некако ми се чини дека многу почести се ниските..а па за машки...леле кутрите тие колку малецки се..повекето..мажиња највеке се замарам што неможам дечко да си најдам..сите ниски..многу ретко висок некој да најдам и да ми се допадне нормално.. за штикла не носам многу.па уште штикла да ставам и готово..не птичја, од авион ке ги гледам овие изгледа обратно е се имам приметено оние со виткана коса сакаат да имаат права, оние со права, виткана.. ниските сакаат некој сантим +, јас еве како висока си викам, кај можев толку висока да пораснам, сакам некој сантим -.. само сакав да се вклопам со останатите..да се вклопам мегу лугето а ете испадна поинаку... убаво ми е кога идам на концерти и сл. и кога треба да се стои..се гледам или кога бев за водици да го гледам факањето на крстот..слика прекрасна, додека другиве нискиве само нишаат глави лево десно се обидуваат да видат но искрено, често се осекам искомплексирана
Нејм, висината е посебна убавина, не смееш да бидеш искомплексирана, само затоа јас, ти сме „поразлични“ во однос на другите. Гените не се нешто што можеш да го командуваш, ама затоа можеш своето незадоволсто и комплекс Ете, вечерва ќе си ги облечам моите „највисоки“ штикли, и ќе му приредам на дечко ми збрка кога ќе сака да ме баци, ќе мора да ме одвлечка до кревет па да успее Ајде да видам како и ти ќе успееш да ја истакнеш својата секси страна Спојлер Иначе ќе ти следува лп со шамари
Со моите 178 па можи и од 178-180 да се каже дека сум последно кога се мерев беше пред година и по) Голем фан на штиклите сум а и не си се сметам за висока па дури и со штикли . Ги имам од по 5,8 до 10 цм. сакав баш да купам едни од 12ка ама број не најдов
фала ти кате..али незнам..можеби до друштвото е..се некои пекинезери.. имам и високи другарки и уф колку ми е убаво кога сум со нив..онака..на ниво сме тоа е..но сепак, нели биваше некој сантим пониски да сме? или ја немаме среката да сме во златна средина.. понекогаш ме нервира кога некој ке ми рече, ти само за манекенка си мислам, убава сум, висока..али незнам..не секогаш го свакам тоа како комплимент незнам..
Оф топик малце(ама сепак мислам дека темава отвора дискусија малце пошироко, сепак е прашање на вкус). Нејм, мојата најдобра другарка е 1 и 50 и нешто Другата 1 и 62-3, кога одиме заедно некаде Хипо и Чипо сме Ама, мене ми е супер, често знам да се шалам на своја сметка, па и тие се качуваат на тротоар, а мене ме бркаат доле Па, ми е убаво, како иде се повисоки штикли барам, секое наредно купување се сантим повисоки. И знаеш, и мене ко да ми речат еј што убаво што си висока, искрено, растам уште повеќе Едноставно, се сакам себеси, таква каква што сум. И да не чујам повеќе дека жалиш, прави компромис со долгите нозе убаво е да имаш метро и пол нога
едноставно им заблазевам на оние што се повисоки од мене бидејки јас сум си ниска и не носам толку високи потпетици добро што во друштвото нема некои исклучоци освен една две другарки кои малку делат од нас нема некоја разлика ама се осекам чудно и помалку смешно кога стојат до мене малку ме спасуват тие потпетиците иначе кога сум на ниски е тогаш е густо како аптека сме.
сите другарки сме високи над 170 јас сум 173 и си ја сакам висината а и носам високи потпетици се чуствувам убаво женствено а и другарките ми се горе долу слична висина така да кога ќе излезиме заедно жени и пол сме добиваме и комплименти од типот дека паѓаме во очи многу но не сум со предрасуди кон средните и ниски девојки
Секоја жена има свои квалитети кои сака да си ги истакнува. Високите, па и оние ниските со убава нога е пожелно да носат високи потпетици затоа што ногата им е прекрасен адут. Ги сакам високите потпетици , но поретко ги носам, затоа што никој во друштвото не ми носи. Но, сепак ќе и замерам на Нејм за горе делот што го цитирав. Го сметам за навреда тоа што ниските ги нарекуваш пекинезери. Во ред е секој да си каже што мисли на темава, но да не претеруваме.
Јас мислам дека нема врска височината со штиклите.Јас сум највисока од сите другарки,во дискотека секогаш сите ги надвиснувам и ич не ми е гајле искрено.Си се гордеам со височината и си носам штикли баш секој викенд за излегување.Во принцип и не обожавам мноооогу високи штикли ама со средна висина зошто и да не...Јас сум +175 висока,во фамилијата сите сме високи.Затоа,девојки,носете си штикли ако ви е мерак и ич да не ви е гајле што сте повисоки од останатите.Јас со највисоките што ги имам малку повисока сум и од дечко ми па гајле ми е Инаку носам штикли најчесто високи од 5 до 10тина cm.
Јас уживам во својата висина (177 или 178, незнам точно), си носам штикли со големина одприлика 10-12цм и ич не ми е гајле што се сите пониски од мене! Сите другарки кога ќе се качам на штикла ми викаат- бре колкава си, ми набиваш комплекси и се губам покрај тебе-. Без разлика дали се работи за ниска или висока девојка, висока штикла си е висока штикла. Многу поубаво изгледа тонусот на мускулите на нозете кога сме на штикла, и не планирам да се откажам од носење по ниедна цена, само ме боли грбот зашто многу се наведнувам кога неможам да слушнам што ми кажуваат оние пониските Се сложувам со тоа (некоја од девојките кажа) дека сме ниска нација и дека дури кога ќе излезам во патики, и на машки и на женски им јадам бурек над глава. Мене ова ми беше страшно еден период...пусто неможев да најдам дечко повисок од мене. Пред една недела бев во Хавана и просто се разочарав од младинава..немаше ниту едно машко повисоко од мене! Си викам што ли се случува, све пониски и пониски луѓе гледам од новиве генерации! Имав среќа да си ја запознаам мојата љубов на време пред да ми ја земе некој друг, бидејќи е висок скоро 2 метра
Јас сум висока 168цм и 54кг и си носам штикли до 10цм највеќе...инаку со дечко ми сме иста висина....ама кога сум на штикли сум малку повисока ама не ми е гајле
Jас сум 175цм,би сакала да бев послабичка за да ми е на баланс телото,ама ај ке биде Jас си носам штикла,ама не претерано висока,кога бев немажена носев највисоките,ама еднаш облеков едни многу високи,а мажот ми е колку мене кога сум боса,и овие од дома ми рекоја срамота е така да носиш високо,џоа низок ти е дечкото и оттогаш глупаво се чуствувам кога носам штикла,па и сега свекор ми ми изнакупил штикли високи,па морам да ги носам нели? инаку верувајте јас имам помали сестри,а јас сум најстара и најниска сум од ними средната сестра баш е градена манекенско и има долги нозе,а ме нервира што како подгрбавена оди
Добро бе луѓе зарем немате граница кога се искажувате за нешто? Постов на Name е премногу навредлив за ниските девојки и лично сметам дека е крајно некултурен. Коментарот можеше да го искаже на поинаков начин, вака само покажа несозреаност на својата личност со тоа што луѓето ги дели на луѓе на ниво и пекинејзери. Срамота...