1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Високи девојки и високи потпетици

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 23 февруари 2011.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас сум висока околу 168цм. Би сакала да имам некој сантиметар плус, ама не се замарам со тоа. Некаде средна висина му доаѓа. Си сакам високи потпетици и во никој случај не ги носам само за да изгледам повисока. Ги носам затоа што прават да се чувствувам женствена, прават да се чувстувам убава и прават моите нозе кои и онака се високи, да изгледаат уште подобро. Како за многу девојки, така и за мене, чевлите се голем фетиш. Но поголемиот дел се на штикла, а поголемиот дел од тие на штикла се на висока штикла. Девојките без разлика колку и да се високи, ми се допаѓа како изгледаат на висока потпетица, и сметам дека ако некоја девојка е многу висока пример 180цм па и повеќе, нема причина висината да ја комплексира, баш напротив, и таа има право да си носи висока штикла и да си ја доизразува својата веќе и онака изразена убава карактеристика-висината. Мене лично понеубаво ми изгледа кога ќе видам многу ниска девојка на енормно високи штикли кои апсолутно и стојат на пример неубаво а сепак ги носи само за да изгледа повисоко. Затоа, девојки, носете се што сметате дека ве прави поубави, посреќни и позадоволни. Висината си е наша лична карактеристика која треба гордо да си ја носиме, секој си има своја убавина и таа убавина треба да си ја цени. :*
     
    На Lolo5, annnni, aaaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Јас имам некоја средна висина иако сакам да сум малку повисока. Искрено многу сакам да гледам високи девојки на потпетици. Ми делуваат отмено и убаво. Така да високи девојки само напред :D
     
    На Lolo5, girl1985 и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам за мојот израз "пекинезери", но тоа не го мислев како навреда кон ниските луге туку ниските во МОЕ присуство се како пекинезери, односно друг израз за ниски, или од "птичја перспектива ги гледам"... тоа го мислев, не конкретна навреда. :)
    аааааа не не, немаме граница. Ова е форум зар не? Јас во животот си ја кажувам вистината и тоа во лице ако треба а камо ли на форум. И пак ке кажам, прочитај горе, не го мислев како конкретна навреда. А кој си ја има мувата на капата, нека си свати како сака! Ете кој прв се навреди, нормално, ниската.
    Работава е глупиот му вели на глупиот, глуп си. Мене ми укажуваш за мојата несозреаност, а гледам која зрелост ја покажа горе. Се согласувам, баш срамота...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Нејм, што е ова од тебе :x
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Нејм нема потреба од расправање, реално погреши и лошо се изрази, се извини и понатаму без комплицирање, зашто воопшто не е темава расправање меѓу ниски и високи ;)
    Сите си имаат свои квалитети.
    Збориме за жената и чевлата. И во тој контекст да се движиме во темава.
    Фала многу :)
     
    На Lolo5, Name и girl1985 им се допаѓа ова.
  6. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    Јас сум 165 и не се чувствувам како пекинезер.........
    Арно ми е вака.....
     
    На Lolo5, MarchelineAmaru, FortuneTeller.xD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Епа добро Нејм, за нас пекинезерите ти си штрк.Сите сме едно големо животинско царство ;)
    (Извинете росонерка, кате21 и сите останати високи девојки, мислам дека ми ја разбирате намерата) :)
     
    На Lolo5, MarchelineAmaru, lana8 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Aни читаш наслов на темата? Високи девојки потпетици.
    Ако имаш да кажеш нешто со тоа кажи.
    А не да комплицираш понатаму и да кажуваш како се чуствуваш, тоа во друга тема.
    Ако продолжат сите да се пишуваат дека не се чуствуваат пекинезери ќе се наполни 20 страни за тоа.
    Јасно е никој не е пекинезер.

    Воедно има и друга тема за високи и ниски девојки.

    Ај да не се правиме животинско царство ве молам девојки. Враќање на темата.
    Не ни личи на зрели девојки да се навредуваме нели?
    КРАЈ :)
     
    На Lolo5 и Name им се допаѓа ова.
  9. Latinna

    Latinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    108
    Јас сум висока 173 и носам штикли.Вие можда не ме сметате за висока,па и не сум нешто многу многу,ама другарките мои се пониски,да не претерувам ајде,ама скоро сите.Само неколку другарки сме така повисоки.Е да кажам,мене во основно ми беше голем комплекс оваа височинава,бидејки бев од сите повисока,тек во 8-мо порасна машките и неколку девојчиња.А сега напротив ја сакам и сум горда на неа.
    Сакам кога ќе видам мало девојче,со убавко телце со штикли.Ама уште поголемо задоволство ми е кога ќе видам висока девојка,со долга нога,убава,на штикли.Е мерак ми е!Затоа и јас си ги носам. :lol:
    И за дечковци високите вие ич да не се секирате,па дури и штикли да облекувате,сега високи машки има на секој чекор! ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    И јас сум без коментар за Нејм. Ме разочара.

    И да додадам, во постов не ме навредуваш само мене, туку и марама. Второ, јас воопшто не сметам дека сум ниска, а уште помалку дека сум пекинејзер, а кој колку е созреан, и те како е јасно и воочливо од коментариве. Девојко, јас тебе воопшто не те навредив, само искажав дека иако е форум, тука не сме за да се навредуваме, а извини, ама и кога е форум, и кога лично не се познаваме, сепак си го искажуваме домашното воспитание и културата, а по твоите постови и те како сфатив твоето на кое ниво е. Трето, сега треба не само мене и на марама, да се извиниш на пола фемина и на пола свет девојки кои се ниски т.е. пекинејзери. И да, јас нема да паднам на твое ниво да ти дадам титула од животинското царство, затоа што пекинејзерот и штркот се преубави животни кои не сакам да ги земам во предвид за навредливи цели. И бај д веј, ти си таа која се изјасни дека има комплекс за висината. Толку од мене. Фалачаопријатно. :hai:
     
    На Lolo5, mode-kristina, lana8 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Ахх жени, не не бива додека не се спречкаме ! :lol:

    Висока сум 170-172 не знам точно колку, си ја сакам висината и обожавам да носам штикли !
     
    На Lolo5 и Name им се допаѓа ова.
  12. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со фемина. Многу убаво кажано и точно е, сите ние сме едно големо животинско царство, во преносно значање сите сме различни..високи ниски, полнички, тенки...и тоа мислам е убавото..Што ке беше да бевме сите комплетно исти?
    Имаше мислам и една реклама не ми текнува за што беше, али сите девојки беа облечени исто, правеа исто и машките исто така.. :D
    Значи тоа е убаво.. Но очигледно никој не го сватил она што го пишав горе..не ги навредив ниските..туку кажав како изгледа кога сум со повеке ниски луге, како они да се пекинезери, значи не ги навредувам!!! ако сакате кажете го и обратно, како ја да сум жирафа/штрк што и да е, кога сум со нив. не се навредувам..значи никаква навредувачка намера немав..како што не се навредувам и ја за штрк или било каков израз..
    И не објаснувам више, се надевам ке сватите со овој пост на што мислев, ако не, толку ви е акалот.
    Се извинувам за изразот и пак, не мислев да навредам никој, но не се извинувам ако некој се навредил, бидејки тоа си е негово..
    КРАЈ
    поздрав до сите.

    А грл и ким :*
    ким не се разочарувај, јас не сум лошо девојче, но кога некој ме напага ке се бранам нормално..тоа е природно нели?
    тенисбејб...богами така е :D
     
    На Lolo5 и TennisBabe им се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Девојки, без кавги и тука ве молам, темава е супер за дискусија за вкусови, навики.
    Не можеме да бидеме сите исти, како што не се ниту нашите родители, баби и дедовци. Ама затоа секоја од нас си има посебна убавина, оригинални црти, дел од телото кое посебно сака да го истакне. Па крај краева, за што се штиклите? За ние да ги носиме и да бидеме различни од машките :D . Која како сака си се носи ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Така е кате, јас со никакви лоши намери а грл одма напага :D
    Треба темава да биде само за високи за да нема караници :D :P се шалам :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    [mod-navredi:2ml76m8b][/mod-navredi:2ml76m8b]
    [mod-kirilica:2ml76m8b][/mod-kirilica:2ml76m8b]
     
  16. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Висока сум 179 и пак си носам високи штикли и тоа комотно 10ки и 12ки :) :inlove: Ич не ми е гајле дали тоа на некој му се допаѓа или не,мене ми е убаво.Никогаш не ми било комплекс тоа што сум висока,напротив неможам да се замислам ниска.. :)
     
    На Lolo5 и Name им се допаѓа ова.
  17. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Значи така ни е дадено од Бога, високи високи, ниски ниски..сите сме убави на свој начин..треба само да се погрижиме да се негуваме однадвор и нормално одвнатре :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Значи самото тоа што сме жени, имаме бенефиција плус да можеме да носиме високи потпетици, да се шминкаме и т.н. Значи јас лично сметам дека секоја девојка сака да носи високи потпетици а и треба зошто тоа сепак дава нота женственост, сексапил и останати особини кои на нас жените ни го креваат егото.
    Јас лично со моите 170 cm немам никаков проблем да носам штикли, носам и од 8 и од 12 cm и воопшто не ми пречи кога ќе видам висока двојка значи на 180 cm на висока штикла. Баш ми е убава таквата гледка само да не треба да разговарам со неа, нејќам врат да ме боли следниот ден (мала шала) :D

    И едно малце оф-топик прашање поТпетици или поДпетици?
    Во насловот е напишано со Т, но мене додека пишував цело време махинално ми идеше со Д да пишам. :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Луѓе бе темава не е високи наспроти ниски девојки :!: Дискутираме околу носењето високи потпетици во зависност од вашата височина .

    Нема врска дали си ниска или висока.. Ако си убава, убава си. А секој е убав на свој начин, виe сте совршени такви какви што сте. Вашата совршеност за некого претставува мана, и обратно. Научете да стоите на сопствени нозе, без да се осудувате. Подобро е да поработите на сопствената самодоверба и да се прифатите какви што сте..ВИСОКИ, НИСКИ, ДЕБЕЛИ, СЛАБИ сите убави на свој начин... не гледам причини за контрање и навредување.

    А сега мислам дека е ред да ја вратиме дискусијата на прав пат и да пишуваме на зададената тема :?:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    8.220
    Темава ме потсети на еден бивши шо на шала ( а го мислеше сериозно) ми рече: -Ај не носи штикили ми паѓа самодовербата така. :D Па вие сега размислете колку сум висока. Имам 177цм и од есенва почнав да носам штикли без проблем. Се ослободив од комплексите дека ќе сум повисока од другарките или од некое машко. Ич гајле не ми е, башка француски пар ќе бидеме ;) Штиклите ми даваат некаква моќ, самодоверба, елеганција и зошто би се лишила од тоа заради некого? :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.