1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Високи девојки и високи потпетици

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 23 февруари 2011.

  1. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Девојки што е ова???
    Видете наслов на темава не пишува кавги и навредувања или пак пишува па јас сум слепа :?:
    Штиклите ги прават девојките поженствени без разлика дали таа девојка е ниска или висока.
    Јас пишав предходно дека со моите 178 не се чувстувувам висока и дека и да бев 190 пак ќе носев штикли дека ги обожавам :inlove:
    [​IMG]
    Ете така да направам иштав за штикли :rofl: :rofl:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mia-18

    mia-18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    jas sum visoka 179 i visinata ponekogas i mi preci :worried: imam stvarno dolgi i pravi noze i manekensko telo no imam decko koj e visok kolku mene ...i stikli imam noseno samo za maturskata zabava..mi preci koga sum povisoka od nego a i vo nashiot grad visoki devojki ima ama sepak se custvuvam glupavo...kako da sum svetilka koga sum na stikli :( moze ne bi mi bila visocinata kompleks koga deckomi bi bil povisov i rado bi nosela stikli ali....se imam otkazano ..gledam se da e skoro ramno a imam golem merak na dobra stikla i koga ce vidam najcesto im pokazuvam na drugarkite za da si gi kupat....kompleksite se teshka rabota ...:worried:

    [mod-kirilica:3tjclo1x][/mod-kirilica:3tjclo1x]
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Имам 175цм и обожавам високи потпетици и навистина ми е глупаво кога некоја пониска другарка ќе ми рече ’па ти не мораш да носиш, види ме мене ќе се изгубам во луѓето’, немам никакви комплекси со височината, напротив високите потпетици ми ја зголемуваат самодовербата затоа што многу поженствено и поелегантно изгледа некоја дотерана женска на штикли, а од друга страна ја издолжуваат ногата и ја прават да изгледа уште поубаво.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Јас сум висока 161.. :wasntme: Смеам да пишувам на темата?? :D
    Си обожавам високи штикли посебно затоа што сум ниска,но кога ќе се замислам подобро и кога би била висока колку и нашите феминки 170 или 180 цм..сепак би носела..
    Високата штикла дава некој шмек,ногата изгледа поубаво и попривлечно..Не гледам никаква пречка зошто високите девојки не би носеле..Долгите нозе никогаш не излегуваат од мода ;)
    Инаку високи,ниски..тоа не е никаков предуслов за лепота..

    И кога се пишува пост,повнимателно со одбирањето на изрази за некои да не се најдат навредени..
     
    На Lolo5, MarchelineAmaru, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Јас сум висока отприлика 166, жал ми е што го немам генот од фамилијата на татко ми, таму сите се превисоки! Барем 170 да бев... Дечко ми е доста висок и секогаш треба да се кренам на прстиња за да го гушнам или бакнам, ама затоа и 12ка да носам - немам гајле во однос на тоа :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас сум висока 170 см што ја сметам за средна височина,од која сум задоволна,сакам штикли,ама факт е дека ги носам само за вечерни излегувања и за поводи од типот на свадби,матури,крштевки и сл.Порано имав повеќе афинитет кон вртоглавите штикли,ама сега се‘ почесто бирам средна височина на штикла околу 7-8 цм, бидејќи имам рамни табани,работата ми е таква што сум на нозе,па и вените се јавуваат веќе,така да збирот на сите овие фактори ми го уништи задоволството од највисоките штикли кои многу ги носев пред 10-тина год.Факт е дека штиклата дава елеганција на ногата и визуелно ја издолзува,без разлика дали станува збор за чизми,салонки,налани на штикла,мене и одредени видови на патики на штикла ми се свиѓаат.
    Мое мислење е дека девојките и штиклите се нераскинлив пар(без разлика на височината на девојките).
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Висока сум 172 - 173 сантими и сакам да носам штикли. Немам којзнае колку долги нозе, па со штиклите оптички ги издолжувам а и самата нога ми изгледа поубава качена на штикли.

    Имам значи просечна висина и не спаѓам во високите, но качена на штикли, веќе сум во таа група.

    Мислам дека ние девојките најмногу си ја чукаме главата во ѕид заради дечкото. Ако не е многу висок, тогаш навистина размислуваме дали да носиме чевли со високи потпетици или не.

    Сепак на девојка убаво и стои да носи штикли, била висока или не - така да храбро напред високи девојки ;)
     
    На Lolo5 и Rose96 им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Нема девојка на која не и стојат убаво чевли со високи потпетици. Тие со самото облекување не прават да изгледаме и поубаво развиени и поисправени, со еден збор, поженствени. Важно е да се знае кога се носат и во кои прилики колку високи треба да се носат(ми се темни ко ке видам денски на 12ки качени, денски ,во светот на дамите е општопознзато дека не се носат повисоки од 5-8цм). И важно е дека треба да се знае убаво да се оди со нив , а не како коњи да маршираат (како мн од тинејџерките ко ќе проодуваат на штикли). Сепак треба и да се внимава на висината да има некоја пропорционалност а не девојчиња од 150 да носат 12ки штикли, едноставно изгледа смешно. Сепак високите можат да носат потпетици но не да претерруваат со висината на потпетиците(така повеќе до израз ќе дојди нивната елагантност и грациозност, а нема да стрчи нивната висина).
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.147
    170 сум висока, и имам неколку пара штикли, ама не носам многу често. Обожавам балетанки и ниско, и на штикли се чувтвувам некако.. неприродно.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ами јас да се изјаснам за најниска овде :wasntme: . Значи сите што ми рекле во модни критики дека имам висина погрешиле. Висока сум само 155цм и ич не ми е некоја навреда или што ти знам. Гледајте ме и од птичја и од крокодилска перспектива толкавко сум. Некому сум му баш слатка такво мало животинче, па не се замарам. Обожавам и носам висока штикла, посебно на платформа. Не поради што ќе изгледам дупло повисока на платформа, едноставно ги обожавам. Имам прави тенки нозенца (не се фалам) и убаво и лесно си стапнувам со штикла, мислам не се за секој штиклите нели така :)
     
    На Lolo5, MarchelineAmaru, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Висока сум 177цм и за нова година прв пат облеков штикли околу 8цм високи. Мислев дека малку ќе ми биде чудно затоа што сум повисока од сите мои другарки, ама ми се зголеми самодовербата не ми се намали. Се чувствував преубаво, немав никакви комплекси иако пред тоа ми беше срам да носам високи потпетици сега ги обожавам. Секоја девојка е поженствена кога ќе облечи потпетици.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Високи, ниски...како и да е, ниедна жена неможе да оддолее на добра висока штикла :D преодредени сме за тоа :D затоа ич гајле немајте, нозе болат ама неможеме без нив

    Јас не се согласувам со ова. Ниска сум и не сум воопшто навредена ама не сметам дека штиклите се наменети за ниските девојки, и за тие да изгледаат повисоки. Повисоките штикли даваат сексапил каков што неможеш да го доловиш со ниту едно друга парче облека (со исклучок на оние ултра високите - стриптизерски, тие не ги сакам :) ) Единствен проблем може да е дечко, ако си висока, со штикли да бидеш повисока од него, ама за со другарки немајте гајле. И јас упорно се обидувам да ја убедам сестра ми дека тоа што е 170+ и е предност ама ете, мала е уште, ќе добие самодоверба подоцна :)
    Јас 90% од времето сум во патики, ама коа ќе облечам штикла се осеќам моќно и секси:D :D ако вие високите девојќи се осеќате така цело време, браво за вас, и јас сакам тогаш уште 10тина цм :D

    Девојки дефинитивно висината ви е предност и да не се срамите да облечете висока штикла. Јас иако немам никаков комплекс со мојата висина (165цм) сепак мора да кажам дека на повисока девојка се и стои поубаво. А и нормално штикла на долга нога.....посекси здравје :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Па висока сум 1.73, што сметам дека е одлична висина за една девојка (не велам не за уште некој сантим + ) ги обожавам штиклите и ги носам често, меѓутоа внимавам на висината на штиклата, бидејќи сум така прилично слабичка и имам танко ноџе, па кога носам многу високи штикли нозете ми изгледаат буквално како соленки! |( Се наоѓа по некој пар 12ка, за жал носени по еднаш или два пати од пусти срам, а обично 7-8 сантиметри вршат работа и фала богу не ми изгледаат толку циркузантски нозете на таква штикла. А тоа дека ако дечкото е многу висок девојката обавезно мора да носи штикли.. е тука ќе кажам едно големо НЕ! Значи, дечко ми е многу висок 1.90/1.93 и често кога сум со него шетам по патики, балетанки или било каква скроз ниска чевла и таа разлика од едно 20 сантиметри не е баш и некој проблем :D Па на крај краева, интересно е кога се подигаме на прстиња, а не велам не и за веднењето на дечкото за да ја бакне девојката, напротив баш ми изгледа слатко некако ! :angel:
    И да, високи девојки на високи штикли...па зошто да не? И онака тие се наменети за женскиов пол! ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    True, True! :D
    Јас сум висока 1.76цм и имав проблем со носење на високи штикли или кажано некој комплекс во врска со нив. Повисока од другите, те гледаат цело време али мило ми е шо сум се свестила и сфатила дека тоа глупост :D
    Како и да е, неодамна беше кога некој ме праша дали тоа било "Мојата природна висина!?" :rofl: :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Минатото лето многу носев штикли, секакви-3 цм, 8цм, 11 цм ми беа за матура. :lol:
    Единствено мразам кога ќе носат високи штикли, и после ги соблекуваат и боси одат -.-
    Висока сум, и многу ги сакам штиклите, ама летово некако нејќам штикли, сакам поудобно да ми стојат нозете. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    ја сум висока 175цм. носам штикли многу често .. зашто да не.. :inlove:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    јас сум 168 и се сметам за средна на штикли 10ка сум таман. Тетка ми многу висока носи штикли 14ка и искрено не ми се свиѓа ко Серина од Госип Грл. Ич не ми е вкусно, ако си премногу висока носи си штикли 5-6цм зошто да не ?! А зависи и од партнерот ако го има девојката, и тоа треба да го има предвид :!:
    Инаку за нозете и моите се долги и прави како пушка, па не сум висока, не знам дали сум и ниска. Што мислите за 168 цм ? Со дечко ми иста висина сме, иако тој е малку повисок од мене.
     
  18. shaa

    shaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    7
    Јас сум 172цм и носам високи штикли всушност и никогаш не сум носела ниски барем не за нокно излегување
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас сум 1.70, што значи ни многу висока ниту ниска, и постојано си носам штикли, и тоа најчесто повисоки од 10цм. Јас мислам дека на сите жени им стојат штикли, многу посекси и попривлечни изгледаме во нив, без разлика дали станува збор за високи или за ниски девојки.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    здраво на сите високи и ниски сите си имаме по нешто убаво без разлика колкави сме во висина ;) :) значи вака јас сум вискока девојка на излегување одам со чевли но со мала штикличка не претерувам,пред неколку време мразев што сум вискока и што неможам да си облечам високи штикли,другарките се пониски од мене и тоа не ми претставува никаков проблем сватив дека луге плачат за да бидат високи а јас да плачам што сум висока ма дај молим те мора нешто да ми фали се чуствувам одлично кога излегувам и не се замарам многу што имаат другите да кажат ВИСОКА СУМ И УБАВО МИ Е затоа едно специјално поздравче до сите кои се високи да не се замаарат премногу што другите мислат за нив облечи си се што ке ти поска душата а се друго стави на игнор :D :D :D :* :* :*
     
    На Lolo5, esperanca и Stam им се допаѓа ова.