Високите потпетици се за секоја девојка која умее да го носи со стил. Која се чувствува сигурно и самоуверено во нив, не оди подгрбавена, не клипа налево-надесно, т.е. немате чувство како да гледате слонче во продавница за порцелан. Сум за високи потпетици кои изгледаат слеано т.е. како едно со девојката која го носи. Дали била 150 или 180 цм, се додека ги носи самоуверено, женствено и секси, немам апсолутно ништо против.
Интересна тема, само незнам кому би значела нешто. Јас сум викола 178см а никогаш не сум облекла штикла пониска од 12см ... така да и 2м да си висока ако ти си се чувствуваш опуштено и сигурно нема потреба за муабети тука
Нема зашто да не носам високи потпетици, секој кој знае да ги носи со стил е добродојден, без разлика на висината
Високо - НЕЕЕЕ. Може зошто и не сум висока па имам и мало стапало па и не е ни препорачливо, пред се за држењето на телото, грбот, или си искривен напред или си искривен наназад, за да бидеш стабилен, а и имаш често проблеми со циркулацијата на крвта низ крвите садови во нозете. Си носам она што знам дека ќе го износам, носам до крај и нема на сред некаков настан, забава или пат накај дома да го соблечам, па да се повредам газејќи на нешто. Од утре сите, на помали потпетици.
Не носам штикли за да добијам во висина, туку носам зашто сакам да носам. И не мислам дека штиклите треба да се носат само за да изгледаш неколку цм повисока. Напротив, треба да се носат зашто така ти се допаѓа и зашто ти се во склад со облеката. Имам една другарка, малку повисока од мене и не носи штикли зашто била висока. Мислам, јас не го делам истото мислење како неа. И јас отскокнувам со висината од моите другарки, ама пак си носам штикли. Всушност кога сум на штикли се чувствувам посамоуверено и поубаво ми е. Имам чувство дека поинаку ме гледаат луѓето кога сум на штикли (позитивно поинаку). Затоа ги носам, а не за да сум повисока.
Серена за твоја информација е 173. А јас сум 180 и пак носам 10ка штикла. И сите манекенки носат и изгледаат лошо? Хмм не би рекла, напротив изгледаат секси. Баш пред некој ден гледав млади девојчиња по 14/15 години на штикли али ШТИКЛИ по 15 цм. И изгледаа на скачки некои, им се превиткуваа нозете, а беа ниски или нормална висина. А кога покрај нив ќе помине висока девојка на штикла која знае да ги носи да не ќе изгледа грдо? Нормално дека не. Напротив привлекува погледи. И одете во парк некогаш, застанете пред луна паркот, да видите млади девојчиња на штикли како се утепуваат по скалите. Нормално сакаат да се фрцкаат, да ги видат сите и одма тука трес доле. Со кој памет носат штикли а не знаат да одат по скали со нив? Или ако одиш по скали глеј надоле бе брат. Ако си 150 и сакаш да си висок не мора да носиш 18 цм штикла, а притоа да се вратиш со скршена нога. Прифати се дека си ниско слатко убаво и не пати од комплекси па да ги надополниш со штикла на која не знаеш да одиш. А ако си висок и сакаш штикли носи ги и ич да не ти е гајле, никој нема да те гледа попреку само зашто имаш супер висина, тенка долга нога и убави чекориш на штикла. Штиклата не е надополнување на висина, штиклата е поим за елеганција.
Спојлер Ја посочив Серина зошто е висока и + тоа носи високи потпетици и изгледа многу висока, барем мене ми изгледа може на вас повисоките не ви изгледа толку и ич не ми е вкусно, секој со свое гледиште нели. Ја посочив и тетка ми зошто она е и повисока од Серина и отсекогаш било глупо за сите останати се симнува со главата да се поздрави, маж и висок ама не толку како неа на толкави штикли и се осеќа глупо 5цм е повисока од него, нема ден да се сретнеме а да не рече во смисла ``висок, висок ама ти кај висока со штикли уште толку се праиш висока и на ништо не личиме`` и она се вади демек аај не викај така не сме до толку. Или детето коа рече еднаш мама е голема најголема е од сите ко некој џин да е збореше а и таков впечаток најверојатно има, мало дете е. Висината е дар, ама да ја претеруваш со штикли 14ка? Не се согласувам не ми изгледа убаво воопшто, што да правам? Не знам за другите со тек на време може ќе го прифатам тоа и нема да ми смета ништо. Инаку не се согласувам за 14 годишните девојчиња да носат високи штикли, колкави и да се.
Немам ништо против, па и тие се луѓе зашто да не носат што сакаат. Се додека знае да го носи немам ништо против.
Висока сум 1.75,78 тука негде сум, не сум се мерела одамна. Имам проблеми со мајка ми, таа не сака да носам високи потпетици,со изговор: "Сум се двоела од сите, не ми личело, сум изгледала како жирафа,со сила сум се правела 25-годишна и слично" Јас и се спротиставувам на ова, со изговор немам комплекс со мојата висина, и што е навистина така. Си носам 12ка, 14ка, не ми претставува проблем. Всушност би облекла и повисока, само ќе ме одсели од дома. ПС. Од првата плата ќе ја купам највисоката потпетица,ќе и шеткам низ дома, и ќе го издупчам ламинатот.
На секоја девојка, висока или ниска и стојат штикли и треба даноси штикли. Но, понекогаш високите неможат поради партнерот...на пример ако се качи на штикла 15 и многу повисока да биде од партнерот може и да претставува проблем.
Многу ми е поважно девојката да ЗНАЕ да носи штикли, отколку нејзината висина. Високите потпетици се луксуз од кој ниедна жена не треба да се одрече, само ако знае правило да го искористи!
Абе остај ти непишаните правила на Коко Шанел и таа необјаснива страст на жените за чевли ко мажите за фудбал,ама животов е практичен.Бога ми за пар штикли може да и одлета принцот ако е висока 185 и носи штикла 10ка. Мене искрено...не ми е убаво.Неам против,нека си носи кој шо сака,ама...шетајќи по градов,многу неубави примероци на високи девојки на штикла видов,па уште и подгрбавени ко кифли од што им е страв да не бидат повисоки од машкиве. Има опции,не мора да е штикла и онака штиклата се носи за да додаде висина и самодоверба на пониските,ако сме искрени.
јас сум висока околу 1,72 или малку поише..и носам штикли 12ка..но не многу често..2 пати у месецот ..не ради тоа што сум висока..туку поради тоа што неам секогаш желба да носам штикли..
Не сум ниска, не сум ни висока, но љубов ми се многу високи штикли. Да бев висока пак ќе си носев штикли, ич не ми е гајле. Не глеам поврзаност, штикла е за секоја девојка, без оглед на сантиметрите. Не е намената да бидеш повисока, туку поженствена. Не носам штикли за да добијам во висина, носам зашто се осеќам посигурно, посекси, поубаво, задникот уште подобро ми изгледа во штикли, подобро дека ми се поубави од на други... Ко што мажи си ги мерат, така и со штиклите.
Јас сум висока и највисоките ми се 12, и тогаш скоро сите се пониски од мене, но... и јас да си го направам ќефот.
Јас сум висока 1.70 негде и не носам скоро ич штикли, ретко, едино на некоја свечена прилика, пошо таков ми е стилот (спортски) и не преферирам да носам често штикли. Прв пат облеков на матура ако ви се верува и тоа не беа кој знае колку високи, беа средна висина и на нив бев дали 15 часа тој ден, после 2-3 дена не можев нормално да се движам Од тогаш до сега имам повеќе пати носено (дури и повисоки од матурата, потпетица - 10ка) и супер одам со нив Висока сум и гајле ми е ако носам штикла 10ка Сепак поштувам јака штикла Мразам кога ќе видам некоја девојка пак еве да е висока на високи штикли и да не знае да оди со нив, тоа на ништо не личи, прво мислам дека треба да се научи по дома да носи а потоа да излезе во град
И јас го имам истиот проблем мајка ми... ќе сум била многу висока ќе сум се двоел а и сличноо... за полуматур аморав да барам штилкли на пониска штикла заради тоа што ќе сум штчелаа.... мене тоа не ми претставува проблем што сум висока и баш ми се свиѓа ..
ги обожавам штиклите и никој неможе да ми забрани да ги носам висока сум 173....174 , и си носам и 12 -ка и 14-ка , небитно се што ми се свиѓа ...сум била и во ситуација некој дечко да е понизок од мене кога сум на штикли , ама ни со тоа немам проблем