Високи девојки и високи потпетици

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 23 февруари 2011.

  1. Lina92

    Lina92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    30
    јас мислам на висока девојка поубаво и личи да носи високи потпетици
    а нај глупаво ми е кога ке видам некоја ниска девојка со мн високи потпетици ми изгледа како нозете да и се по кратки од потпетиците
     
    На Lolo5 и Name им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    Висока сум 165 и си носам штикли. На вечерно излегување без штикла се чувствувам како боса. Е за преку ден си носам рамно- балетанчиња, апостолки, сандалки или евентуално нешто на плута, зима - рамни чизмички...За преку ден си сакам удобност. :) :)
    Инаку баш супер ми изгледа висока девојка со добра потпетица, баш секси, се разбира ако не е подгрбавена и знае како да се држи... Секој има право да си се носи како сака, најбитно таа да се чувствува убаво. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас не сум премногу висока, 164цм и обожавам високи потпетици. Не ги гледам како обувки за зголемување на висината и не можам да си го замислам ни едно излегување без високи потпетици, без разлика дали се 7 или 12цм. Многу ми е чудно кога видам некои другарки што гледаат со презир на штиклите затоа што се високи.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    се согласувам со тебе дури смешно изгледаат
     
  5. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Не е лошо и високите девојки да носат високи штикли. Сестра ми го практикува тоа и супер стои =)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    И да сум висока пак ќе си носам високи штикли, па ќе и потупкам на силните, јаки мажи по рамења. Си имам една средна височина, 164 см и душата ми плака за да бидам повисока.
    Сакам да гледам високи женски со став како се шетаат по градот.
    Еден мој професор па ме тешеше дека ако сум многу висока, се помалку момци ќе ми се удварале. Ау а сега па оти имам средна височина се тепаат за мене...
    Како и да е, едно големо да за висока секси женска и високи секси потпетици.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Не знам колкава ми е точната висина.. немам сеуште 175 цм но 172-173 ДА и многу сакам уште некој цм + но има време, малечка сум си уште :lol: ..еххее има време до 18.. ;) Сега оваа година почнав да носам високи потпетици, другарките се пониски од мене и многу пати се има случено да излеземе оние пониските во патики или балетанкички јас на штикли, и не се замарам.. убаво ми е вака.. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Со моите 159 не сум квалификувана за темава ,де факто :rofl:
    Арно ама ,убаво ми е кога гледам високи девојки на штикли.
    Убаво ми е кога гледам и ниски девојки на штикли .
    И што треба и двете врсти на девојки да поседуваат - умеење и владеење на штиклата ,а не таа да ги владее нив.

    Носам штикли од 1-ва средно ,претходно на платформа си носев уште од помалечка .
    Никаков комплекс си немам со низинава ,автоматски не ги носам за да добијам некој цм повеќе.
    Ги носам поради уникатното чувство на елеганција , сексапил и софистицираност што ниедна друга обувка не ми го овозможила досега .
    Најниската ми е 8 цм ,највисоката 14.
    Никогаш не сум се отепала ,ни сум скршила нога ни пак имам шинато нешто :lol: А смеа ме фаќа на некои девојки кои од петни жили се напинаат на штикли и изгледаат како нозете истовремено да им се прекршуваат во сите можни и замислени зглобови. Гревота е од здравствени причини ,нека си носат ако си сакаат. ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Другарка ми е висока 180 и некој сантим. Луге и кога ке облече штикла јас покрај неа како некое даше сум... Не дај боже па да сум на патики, или друго нешто ниско.
    Ама кој шо сака нека рече, се знае дека висока девојка + висока штикла = совршенство
     
    На Lolo5, Name и MoreNa-22 им се допаѓа ова.
  10. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    нормалнооооо
     
  11. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Најубаво изгледаат девојките кои имаат 165-170цм и да облечат високи потпетици, а оние повисоките-НЕ!
    Ако девојка од 180цм облече штикла од 10 цм на што ќе личи??
    Оние пониските-ако имаат убаво тело и знаат како да се владее со висока штикла, да не се тресат кога одат, пак ми се допаѓаат. Но има некои елегантно потполнети :lol: и ако облечат високи штикли....Неможам да гледам,мислам дека ќе се скрши штиклата. :x
    Мислам за оние ЕПТЕН елегантно потполнетите.
    Можеби навредив некоја феминка, но тоа е мое мислење...
     
  12. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Леле немате појма кога ќе слушнам како некоја се жали дека била висока , а сите и завидуваат на висината, слаба , а ако гледаме реално колку и да си слаба неможеш да бидеш грдо слаба , што значи си убава, ок не ги рачунаме тие со анорексија, ама девојка од 170цм ако си јаде нормално неможе да има 40 кг...може да биде слаба ама убаво слаба....
    Или па имам многу густа коса....а 3 влакна да не сакаш да имаш? :?:
    Имам многу голема уста ко силикони да имам...ај размисли што кажа и зошто тие луѓе ставаат силикони? па за да имаат ко твојата сигурно не затоа што незнаат на што парите да ги потрошат парите :?:
    Од вакви луѓе преку глава ми е , па ако они се грди јас што сум? Изрод?
    Знам дека отидов офф топик ама исто е и за ова...Леле висока сум 180 се двојам од народот...па што ако се двоиш кога се двоиш на побаво...и + не си единствената висока во светов..
    И да на високи девојки според мене поубаво им стојат штикли...не дека на ниските не им стојат убаво , ете и јас сум ниска да не мислите дека ги навредувам и тоа јас сум многу ниска 159, ама сметам дека на повисоките поубаво им стојат штикли....
    И се сложувам со постот горе дека на пополните ( не со 5 килца вишок туку со 20, а ги има такви и на моја возраст) не им стојат...Така да на убаво тело се му стои нема врска што е 170 или 180 цм....а и не е дека нема машки што се по 190 + цм така да не се нервирајте за нив толку..
     
    На Lolo5, calliope и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  13. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Jас сум висока негде 169-170цм и не се сметам за висока кога ќе се погледнам во огледало, сакам уште 5цм. На излегување понекогаш (повеќе сум во оние на плута) си носам штикли и некогаш кога ќе застанам до некое пониско машко и ако зборуваме нешто малку ми е глупо кога ќе треба да се поднаведнувам :D
    Сестра ми е пониска, незнам точно колку но околу 160цм е и носи високи потпетици и баш добро изгледа. Напротив мене поглупо ми изгледа висока девојка од 180+ во високи штикли (10-12ка) отколу ниска.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.343
    Допаѓања:
    3.592
    Пол:
    Женски
    Штиклите се најжнственото нешто според мене....Без разлика какви девојки ги носат...Што има врска дали се високи,средни, ниски...ако си ниска ке се издолжиш со штиклите и решен проблем...ако си висока не мора да носиш штикла 12-ка, 14-ка...ке си носиш нешто пониско и повторно решен проблем.... :D Јас сум 163-4( мерена пред година и пол) па си носам штикли која висина си ја сакам...и УБАВО МИ Е :D :D :D :D :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    како и со другите облеки, така и со штиклите - мислењето ми е секој да си носи тоа што си сака, а не да се оптеретува со висина, тежина, вакви колкој имам, такви имам, голем врат,..ит..итн....... :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Јас сум 1.60 може ни толку :lol: па мн ретко носам штикли. Не се осеќам нешто посебно убаво, повеќе сакам ниски чевли, чизми во зима, римјанки за летен период или пак патики. Според мене штиклите немаат врска со висината, најбитно е да се осеќа убаво оној кој ги носи, и пред се да знае да ги носи :!:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    И високите девојки треба да носат без ралика колку се високи ете јас сум 170 висока и си носам 10 или 12 па супер ми е :$
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    Штикли си се штикли, зашто високите девојки да не носат а ниските да носат? Штиклите не се средство за зголемување на висината туку се чевли. Јас да ги охрабрам високите девојки што не носат високи штикли или пак многу ретко носат да почнат да си носат. Еве пред некое време кога бев низ центар видов едни две девојки, високи згодни на штикли, едната носеше кратки панталончиња, и штикли едни јаки на плута и можам да кажам кога поминуваа сите се вртеа, од старци до деца.
    * Кога зборам за високи девојки мислам над 176-177.
     
    На Lolo5 и Tannaa13 им се допаѓа ова.
  19. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Високи девојки на високи потпетици, многу ми изгледаат лошо.
    Извинете ако некого навредив со ова, но не ми се допаѓа таа висина со плус додатна.
    Потоа дечко ке неможе да си најде :/
    Секако зборам за оние над 175цм што се, па уште штикла 12ка и ... :rock:
    Како и да е, мене ми е супер, висока сум 165цм, па со штиклите си немам проблем :)
    Штикла-најженствената работа да, но зависи кај кој како изгледа :)
     
  20. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    И јас мислам дека е глупави тоа демек високите не треба да носат штикла иако сум ниска.
    Секоја девојка неопходно од тоа колку е висока ако сака може да си носи.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.