Високи или ниски девојки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од princessofthedark, 26 јуни 2010.

?

Кои девојки се попривлечни?

  1. Ниските

    316 глас(а)
    35,3%
  2. Високите

    580 глас(а)
    64,7%
  1. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    138
    што мислите само високите девојки се секси дали нив машките повише ги преферираат или па ниските се посекси од високите. Дали мислите дека станува збор за вкус или девојките мора да "исполнуваат" критериуми на одредена висина ?
     
  2. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    22
    Мислам дека не е до висината :)
     
    На Kolumbo, Twinkles, The.girl.in.pink и 3 други им се допаѓа ова.
  3. GaGa-GirL

    GaGa-GirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    4
    mislam deka se raboti za vkus bidejkji ne bi trebalo visinata da bide na prvo mesto
     
    На Rose04 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    620
    хехе..отсекогаш сум дебатирала на оваа тема...па што знам јас сум некоја средина....е сега и висината и никоста си имаат свои предности и слабости.На пр високите девојки мораат да гледат и дечкото да биде висок инаку доколку е овој понизок малку :?: ....предноста е имат долги нозе,што е провкативно и секси.Ниските девојки па имам забележано ми се некако по слатки и по симатични,тоа нема врска знам ама ете некако јас така мислам за нив,и повеќето машки имаат коментирано дека ниските девојки се по слатки и со наивни фацички.....сепак тоа е до вкус на прво место ;)
     
    На Tedi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    Секој со свој вкус! Високите момчиња по природа си бараат високи девојки и обратно. Ретко ќе видите „француски пар“.
    А за тоа дали само високите девојки се секси, нема врска - бидејќи Кајли Миног, Шакира и ред други се поим за секси ниски девојки.

    И на крајот од краиштата, висината не можеме да ја контролираме и не можеме да влијаеме на неа. Затоа не знам зошто некои својата висина ја сметаат за комплекс. И... аман со тие критериуми за секси изглед! Такви сме какви што сме! Се што е во средина и непретерано е најдобро!
     
    На kirijakija и Lady-PinkHeart им се допаѓа ова.
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Ми се допаѓа кога ќе видам некоја девојка со долги нозе и витка става, за очи е мерак и изгледа поатрактивно. Од друга страна пак, таквите потешко можат да најдат тип кој ќе биде на нивна висина барем ако девојката носи рамни чевли (а да не зборам за штикли). Јас сум висока 165, дечко ми е повисок од мене, а ако се качам на 12ка штикла, па... го стигнувам некако. И ниските девојки знаат да бидат многу секси, па видете ја Ева Лонгорија, Ким Кардашин или Меган Фокс. Се е до вкусот на машкиот пол. :)
     
    На Rose04 и Saricko им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    СЕ е до вкусот. Некој сака високи, некој сака ниски... И како што рече Брајт: на килажа некако и може да се влијае, ама на висина баш и не!
     
    На Rose04, sweetgirl1106 и maca22 им се допаѓа ова.
  8. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    313
    Хеј тоа е ствар на вкус! Има високи девојки ама се штица....ретко да најдеш некоја со се на себе! Колку што се имам распрашано на оваа тема, на машките не им е битна висината, туку....женската да биде секси...но матер на висина 8) ...па има мн секси девојки со напред и назад...кои се ниски...така девојки кулирајте, ако сте ниски нема гајле...за тоа служат потпетици ...позззззззззз муахххххххххххххх :inlove: :* :* :*
     
    На Fernanda7, sweetgirl1106 и hrcace им се допаѓа ова.
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.532
    интересна тема ... како што велат : ''Висина је пола љепота'' се шалам :D
    Па според мене секоја девојка во себе носи нешто убаво . Немора да значи дека ако девојката е висока е убава или обратно.Но искрено јас отсекогаш сакам да сум многу висока :D 173 сум висока и малце ми е , си носам секогаш штикли 14ка коа излегувам гајле немам .... едноставно обожавам да сум висока , за мене само кошаркари дефинитивно :rofl:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    53.031
    Пол:
    Женски
    Висината ама никако не влијае на убавината на девојките. има многу убави високи , но и ниски девојки. јас сум ниска , 157 см, порано не излегував без штикли, но по неколку совети од мои другари почнав да ги избегнувам штиклите, па сепак можам да се пофалам дека не поминувам незабележано, сепак се е до ставот :D а да пред некој ден со другарка одиме низ град и поминува една девојка која беше wоw висока, со убава нога и хаха јас ја измеркав нејзе , а она мене така да висината не влијае на убавината ;) (барем така се тешам хаха се шалам)
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.532
    Секако дека висината не влијае на убавината, воопшто. Може кога си повисок си позабележителен, ама и ниските луѓе си имаат своја убавина. Но не е нешто пресудна убавината со висината. Постојат девојки низ светов метро и жилет како Кајли Миног, Ева Лонгорија и уште многу други кои без разлика на висината се прекрасни.
    Но има и високи девојки за кои може само да се сонува. Пример ангелите на Викторија Сикрет. Сите се над 175 високи, слаби и згодни.

    Најбитно девојката да си ја сака висината.
    Знам високи девојки кои не сакаат што се високи, кои си набиле комлекси дека сите ги гледаат чудно зашто се високи, не можеле дечко да си најдат, поубаво би се чуствувале ако се ниски.
    А знам и ниски девојки кои се би дале за да пораснат некој сантим.
    Сакај си се каков што си и колку си висок толку. :)
     
    На Lolo5 и Buterfly-girl им се допаѓа ова.
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.463
    Висината не е најбитна, има многу други атрибути што се поважни :) Се е до вкус, секое машко си има различен вкус, ама мислам дека повеќе сакаат високи девојки. Јас сум 1.70 цм и штикли носам само на излегување петок и сабота навечер. Преку ден кога излегувам и на факс кога одам секогаш сум на ниско. А сестра ми е висока 175-176 цм па некогаш и е срам да облече високо за да не штрчи над другарките :)
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    значи Вери јас и ти имаме уште нешто заедничко..висината иста ни е ;) најдобра висина е за женско
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    И мене не ми е толку битна висината.Јас сум средна,165 и ми е таман.
    Нејкам да бидам повисока,дури и еднаш кога правев муабет со една пријателка ми се чудеше и мислеше дека лажам,ама ете стварно нејкам да сум повисока.Мислам дека се е до вкус.
    Јас иако не сум нешто висока многу,кога ке облечам штикли и отприлика сум како машките 175 цм,зависи од големината на штиклите и често ми е непријатно кога ке застанам до некој.Нејкам да сум иста височина со машкото или пак со дечкото,некако ми се губи женственоста,незнам зошто.По секси ми е кога машкото е повисоко,а вака што знам...
    И ИЧ нејкам долги нози,и не лажам :D :D Полно девојки со долги нозе кога ке видам како скачки ми се :)
    Знам дека повекето сакаат долги нозе ама ете,јас изгледа имам некој чуден вкус :)
    Е сега има и многу високи девојки убави,и ниски убави,не е пресудна висината за тоа.Само не ми изгледа убаво кога девојката е повисока од дечкото,иако немам ништо против таквите парови,таман работа :)
     
  15. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    256
    висината не е битна (можеби ако девојката е 10-20 см повисока од него :lol: :lol: -се шалам), се зависи од вкусот, јас сум средна, 168, и мене не ми изгледа убаво кога девојката е повисока (ако се приметува), на пр ако е 3-4 см повисока не се приметува толку. кога ќе размислам подобро, не дека не ми изгледа убаво, туку проблемот е во тоа што јас обожавам високи штикли (како и повеќето девојки-жени), и кога ќе помислам дека таа нема да може да оди на високи штикли :sweat: :?: јас ;( за неа :lol:
     
  16. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Се согласувам со постовите над мене, дека висината нема голема улога. Станува збор за вкус. И не значи дека секоја висока девојка има долги и секси нозе, се зависи и до градбата и конституцијата.
    Секој е убав на свој начин и во нечии очи.
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Зависи до вкусот :) Еве на пример јас сум прилично висока,172 см. а имам само 15 години.И мило ми е што сум височка бидејќи и дечко ми е висок и си одговараме.А си ги сакам и долгите нозе,тие ми се најдобри квалитети :D
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.354
    Допаѓања:
    14.828
    Пол:
    Женски
    На машките висината не им е битна. Побитно им девојката да е надарена. Има високи девојки кои што се рамни како даска и ниски девојки кои што имаат облини. Јас сум ниска (1.55 см) и тоа не ми претставува проблем. Што се однесува до облините, имам добар заден дел. Со дечко ми не си одговараме со висината. Тој е висок 1.80 см. Јас сум му до раменици.
     
    На Xepp му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Алелујааа!!!Си помислив леле сите се височки.И јас сум 155 и досега сум немала некој проблеми или пак комплекси поради тоа.Дечковците сите обавезно ми биле барем една глава над мене.И баш ми беше убаво што можев да се стуткам во нив. :D Не мора да е висока девојката за да е привлечна.Признавам тие се попривлечни со оние убави долги нозе,ама има и ниски па се убавки.Јас немам долги нозе,но си го имам мојот надарен заден дел. :D
     
  20. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    82
    Висината, ама баш ич, нема врска со убавината. Не мислам, туку тврдам. Големите девојки некако... да, знаат да имаат долги нозе и све тоа, ама... Најчесто и немаат некаков нормален став, не се толку шармантни и харизматични, што би рекла јас-караконџули се. :D Не, без навреди, не зборувам генерално за сите, фала богу, од све постојат исклучоци. Има на пример и мали девојки кои изгледаат за никаде, без никаква сразмерност на телото... Ама, генерално, го поддржувам мислењето дека малите девојки се поатрактивни во смисла на облини, а и секогаш делуваат помладешки и често поинтересно. Јас сум 157 см, дечко ми е 2.05 и воопшто не ни смета таа разлика. Не мора да значи дека ако сте малечко, нема да ве забележи некој висок и згоден дечко. 8) :emo:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.