Високи женски, јас сум за нив....овде зборуваме исклучиво за висина, ниту срце, ниту душа...Висината е многу важна кај девојките. Висока женска е појава сама за себе уште од далеку....Колку и да е убава, ниската женска е неприметлива, уште и ако се наоѓа во некоја гужва тешко дека некој ќе ја забележи нејзината убавина.Такашто сметам дека кај девојка под 1.60 нема што да забележувам, ниту пак го привлекуваат моето внимание таквите женски.Извинување до сите ниски, но тоа е моето мислење... Народски кажано, нели ми е до градите нема што да забележувам ....
^Oх Ребека, а кој фактор си ти да ги забележиш па не сфатив? Стварно имаш 41? Инаку, не сум од високите, но се сложувам дека е поубаво да си повисок, со усул нели сепак. Предност на вас височките е што и кога ќе се здебелите не се приметува Но, има и една друга страна, што често високите имаат и одредени недостатоци-згрбавени, несразмерни тело и нозе(предолги нозе во однос на телото или обратно) итн. Затоа не можам да кажам дека едното или другото е поубаво, се зависи од самата конституција, градба, без разлика на висината. Има многу примери каде ниските и тоа апла ниските изгледаат прекрасно, па и милион пати поубаво од некоја висока девојка(и тука мислам исклучиво на телото, а не на лицето).
НЕ сум никаков фактор,јас само го кажувам МОЕТО мислење, имам стварно 41 ,се гордеам со моите год. by the way не знам зашто ти се битни, а КОЈ ФАКТОР СИ ТИ за така да ми се обраќаш. Човек да е страден да си го каже своето мислење.... ако си од пониските и те погодило , предходно ви се извинив.... инаку стојам зад мојот став, без разлика што мислат другите....баш ми е гајле Femina 90
Воопшто не сум се навредила, задоволна сум од висината и како изгледам, не сакам ни повеќе, ни помалку, па не знам зашто би ме навредило мислење од некој што не го ни познавам
Rebeca па и ти не си нешто страшно културна, кога шлапна ваква констатација на крај... само затоа што си ставила гради , наместо нашено народско - цицки, реченицата не ти ја прави помалку навредлива за пониските девојки...
Кажав претходно и сега ќе кажам...тоа е моето мислење,не мора да се согласувате со него...незнам TRENDAFILKA од моето мислење кој збор не ти е јасен ...никој немам намера да навредувам ...едноставно си кажувам што си мислам... што ви е бре луѓе....искомплексирани крајно и една констатација ве лути....Што се однесува до културата ТИ ЛИ СИ ТАА СТРАШНО КУЛТУРНА......... извини не знаев...
Да, јас сум, драго ми е. Се надевам на 41 година нема да завршам поинаку во поглед на културата... Среќни празници, внимавај саде ниски девојки да не ти се учукуваат во гради.
ПУ..пу.. скраја да е не сум лезбејка... а ако ти имаш такви настрани мисли, девојки да ти се учукуваат у гради, господ нека ти е на помош... не можам никако да ти помогнам .Среќни празници и момчиња да ти се учукуваат во гради, да ти го просветлат патот, со вакви мислења патот ти е во погрешен правец.... но можеби и не доцна сепак ќе има надеж и за тебе....
БЕЗНАДЕЖНА СИ ......од тебе поголем грев нема,колку и да ставиш слики....тие ако те извадат ,немаш зборови....ЧАООООООООООО...немам намера да ми го расипуваш денот, ако тебе ти е расипан, мене не...уживам во него...... во новата година со многу повеќе памет во глава...ваква каква што си....ГРЕВЧЕ СИ..........
Ниските девојки не се толку впечатливи кога се во патики ама па затоа кога се на штикли многу поубаво изгледаат за разлика од високите да речеме висока девојка качена на штикли 12 мене тоа воопшто не ми изгледа убаво. Јас сум повеќе за ниските девојќи, не зборам за ниски ептен туку околу 160 тука негде.
Имаат проблеми со грбот најмногу тие над 2 метра, сепак по ретки се. Не затоа што се високи туку се срамат од висината и идат згрбавено па така настануваат проблемите со грбот. Јас лично сум 175, знам високи и дечки и девојки што немаат проблеми со грбот заради висината. Таквите проблеми најчесто настануваат од прекумерна тежина или некој деформитет, висината си нема врска.
Јас сум за ниски Бидејќи мислам дека ниска девојка секогаш може да облече штикла и плус ниските девојки немаат проблем со машки ( мене на пример многу ми значи дечкото да е повисок од мене ) Инаку, ниска сум.. Ама сакам високи штикли и постојано си ги носам, воопшто не се чувствувам лошо поради мојата висина ( 160 цм сум бај д веј ) Имам приметено многу повеќе високи девојки кои се незадоволни со нивната висина него ниски... Како да се срамат од висината се подгрбавуваат - не сите се разбира!
Јас сум висока 174 и искрено порано воопшто не ми сметаше, не сум се подгрбавувала никогаш иако имам дечко со кој сум во озбилна врска и е понизок од мене. Малку ми смета дека сум повисока а особено на штикли кога сум, а штиклите се моја пасија, ама решив да не се замарам затоа што висината и не е толку важна во животот колку што е важно тоа да сме среќно исполнети и такааа.. Сепак повеќе сум за ниски девојки, но не многу ниски туку отприлика 1.60 ; 1.65
Јас сум висока 182, и секогаш има проблем во избирање на штикли се ми се високи, па нема со дрвата да одам горе , за гардероба нема проблем, исто со грбавењето немам проблем едино мажми има проблем кога одиме некаде и сум скоцкана добро нема човек, а да не се заврти да погледне, епа ќе пукне маж ми, а јас се чуствувам заводливо и секси. Да се разбереме никој не е совршен и ниските и виоките девојки имаат свои предности и недостатоци само треба секој од нас да си ги знае маните и да ги покрие, а не да ги истакне уште повеќе.
Јас сум за средна висина девојки, иако според мене подобро е пониски. А јас, од основно немам пораснато ни сантим, и ако добро памтам некаде 168-169 ми мереа (јест да се качував на прсти) и денес се мерев и покажува 167 накај 168 нешто така. Се осеќам како да се смалувам, најверојатно бидејќи јас пораснав наеднаш, а обично повеќето околу мене растеа постепено. И сега некои што ги знам од малечка кои биле 1 глава пониски од мене, сега јас сум таа 1 глава пониска од нив Според некој и каков критериум, до каде е границата за ниски девојки, т.е. од каде почнува границата за високи девојки? Според моја логика би требало високите да се сметаат некаде над 170.