не ми се верува дека се отворило ваква тема па високи па ниски луѓе се слушате себе си имаш ниска девојка која ти е катран лоша и висока која ти е многу симпатична,или пак обратно нормално ќер си одбереш симпатична се е каков си во дусата ајде нормално е високи девојки да сакат повисоки момци ама пак онакви арогантни се уште бебиња да ги навредуват ниските девојки на најголем можен начин се патетични ги жалам нека си останат со нивните штркови нозе и празни во душата.ЖАЛНО
А мене ми е страшно глупаво кога ќе прочитам некое плитко размислување. Очигледно кај некои гените се пресудни за висината, а кај некои за (не)развојот на менталните способности.
абре аман глупости. иначе и Kим Кардашиан е ниска па се сомневам дека никој ја нејќи иначе јас сум 150 а имам 15 години па сите ме сакат мајтап и високите се убави ..би сакала да сум повисока барем до 160 ако не поќе се надевам дека ќе извишам..ама како и да е не се до висината. поздрав
Зависи од колку се сметаат за високи. Јас сум 163 на 15 години а сакам да сум повисока и се надевам дека ке пораснам барем до 170 (иако некако не ми изгледа возможно али надежта последна умира)
Некако скоро сите ниски девојки кои сум ги сретнала се однесувале негативно , па некако поаѓам од изреката : oтровот се чува во мали шишиња ))
Јас сум ниска , а повеќе би сакала да сум висока но и вака е добро , можам да носам колку и да сакам високи штикли!
Според мене до некаде поубаво е да си понизок. околу 168 цм.. На пример јас имам 16 години и висока сум 178 и не можам штикли многу да носам поради тоа што штрчамм. со 12ка штикли сум 190цм.. секад секаде сум највисока што стварно многу ми сметаше додека бев помала.. ! Сега не до толку али сепак..
на систематски ми рекоа дека сум висока 159 во одделение сум трета по ред или четврта со едно девојче не знаеме која е повисока ке растам уште? зошто и сестра ми порано била повисока од сите нејзини другарки па на 13 престанала да расте на 165 остана? пониска ке останам од неа?
просек сум 170 .Порано сакав да сум повисока ама сеа сум задоволна од висината пошо сепак не сум кепец а и не сум многу висока коа ке облежам високи штикли да штрчам
ееее радувај се јас на твои 13 години бев 150 и ме нервираше ама си отиде тоа а иначе коските растат до 21 година
Секој си има свој вкус. Некој сака ниски, некој високи. Мене лично повеке ми се допаѓа средна девојка отколку некоја висока. Повеке ми се допаѓа кога ке видам средна убава девојка со високи штикли, и личи, ама висока кај без штикли си штрчи уште со нив улична бандера не и е равна. Исто и со парови, кога ке видам повисок и покрупен дечко (не претерано) и средна девојка многу ми се убави, си одговараат, според мене така и треба да биде, машко за тоа е, да може да ја дигне, да ја гушне целата, онака да заплива во него, а не да не можеш дечко да си најдеш (освен ако не ти смета ти да бидеш повисока од него), па уште и на штикли како брaтче да си го водиш покрај тебе. Нормално, и други фактори играат улога, ако е некоја стварно убава, без разлика дали ниска или висока, нема што да спорам тука, убава си е и готово. А и уште нешто, како наводно ''сите'' сакале високи девојки, а сведок сум била како се зборело позади нивен грб и тоа од машкиот род, што ''преферира'' високи девојки. ''абе штркла е, абе нога 5 метра''