Мислам дека висината не игра голема улога. Има ниски и згодни девојки и обратно. Јас сум прилично висока. Имам 14 години (пред неколку дена наполнив) и висока сум околу 173
И високи и ниски се додека тежината им одговара на висината и се чувствуваат добро во своја кожа. Мене најмногу ми се допаѓаат девојки со околу 170 цм висина, значи средни. Инаку јас сум 165 цм висока. Сепак не мислам дека висината влијае на убавината, воопшто. Можеби кога си повисок си позабележан, ама убавината сепак е многу повеќе од тоа да имаш висина.
Нема никаква врска дали сте високи или ниски затоа што висината не игра никаква улога.Јас наполнив 15 години а висока сум 178цм.
Повеќе предност им давам на високите девојки, и тоа не мислам на 180, туку најмногу до 174-5 цм да имаат, после тоа ми е некако премногу. И долна граница не под 165. Имам ниски познанички многу, едвај до рамо ми се и воопшто и нив не им е лесно ради тоа, затоа штиклите ги носат, од комплекс, а не од што многу ги сакаат. Сепак, можеш да бидеш и убава и згодна, без разлика на висината, но предноста е за повисоките. Јас имам 170 и да речеме дека сум задоволна од мојата средна висина, оти не се сметам за висока, али 2-3 цм+ не би ми дошле лошо.
Јас сум од прцлињата 160 сум, најниска сум си од моите другарки како помала имав комплекс поради тоа, сите беа повисоки од мене, имаше дури некои и што се шегуваа на моја сметка, но научив да си ја сакам висината дечко ми исто така не е многу висок, глава - глава ипол повисок од мене но никогаш не правел шеги на моја сметка, он ме научи да си ја сакам висината сега искрено супер ми е, воопшто не се секирам дали некој мисли дека сум малечка па отровот во мали шишенца се чува
па средина вероватно-јас сум 175цм таман сум си,само на штикли сум како топола не ми се свига моментот кога треба да се поднаведнам кога разговарам се некого
Висината можеби не игра голема улога барем кога јас бирам девојки.....јас сум момче кое ги цени девојките а воглавно сите луѓе според карактерот бидејќи како викаат убавината привлекува ама каректерот задржува, но сепак да не биди претерано онака ниска сепак 184 цм сум висок и секогаш кога ќе излегувам со другарите пошто сите се пониски од мене паѓа бајџи шала на моја сметка за висината пред девојки
Висока сум, си ја сакам висината 176 не е многу со оглед на тоа што неолку од моите пријателки се над мене (а од секогаш јас бев на врвот, тоа ми пречи малку), но сите ми велат дека сум луда што сакам да сум повисока! Но таква сум, кумата ми е многу висока, секогаш велев сакамд асум висока како Кумата а таа секогаш ми велеше, не зборувај така ќе неможеш дечко да си најдеш, но мене ништо нема да ме спречи да ја сакам височината!
Заборавив да одговорам-тие девојки со поголема грамажа(на мозок,да појаснам),а вака може да ја возвишуваш или да ја спушташ ниско-има за сечиј вкус,а цм се навистина небитни,само да не е претерано ниско или високо. За да нема комплекси меѓу паровите,секој според своја висина нека си бара и чао пријатно.
Па не е све у висина. Како и да е јас сум висока девојка, 173 сум имам 16 години .. И среќна сум поради тоа И ниските и високите девојки си имаат свои предности но сепак според мене по високите девојки се посекси .
Мислам дека не може да се прави поделба помеѓу високи и ниски девојки која е повеќе привлечна девојката, бидејќи што ако некоја девојка е висока ама е тешка глупача и е грда, отколку некоја ниска девојка која е паметна и убава... Не е се до висината повеќе е што би се рекло до внатрешната убавина,а не до надворешната.
Имам 13 години и сум 1.75 cm. Сметам дека е многу за мои години, најискрено. Ама гени, што можам јас да направам? Би сакала да сум пониска. Јас не дискриминирам никоја девојка. Што има врска дали е висока или ниска? И двете можат да се убави, да имат облини, убави црти на лицето и сл. И сега не го мешајте паметот и интелигенцијата со височината
Мислам дека тоа не е изразен комплекс кај девојките колку што е кај мажите.Низок маж веројатно има и ниска самодоверба. Мене не ми се привлечни екстремно високите девојки.Зборувам за ние 180 +.Без навреда ама мене поженствено ми делува да се стопам по прегратката на посилниот пол.Посимпатично ми е.А од друга страна жена пониска од 150 ми делува како дете. Инаку сум висока 173 и задоволна сум.Ама претпочитам мажот да ми е барем малку повисок од мене.Оти чудно се осеќам во друштво на мали луѓе, не дека сакам да сум јас малата ама дури непријатно ми е кога ќе видам француски пар.Си има и некоја врска со тоа што сум вљубена во високи потпетици.Сакам да си носам 12 ки и мажот да ми е ако не друго барем рамен на мене. Значи јас сум за умерено, не џинови не патуљасти.