Не сум висока ... па штоо ... убавоо ми е ... барем можам да си го фатам и најнискиот фраер у градот и пак да ми е супер ... Инаку неам нишо против високите ... прекрасни девојки се , понекогаш сакам да сум како нив , али само понекогаш =))
Средни Шала на страна, умерено е најдобро. Јас сум 1.62 и не верувам дека ќе растам уште Иако би сакала уште некој цм ама што е тука е. Инаку, многу ми се примитивни или како да ги наречам мислењата како демек висока/ниска сум, мене во фотелја ме собира, мене во тросед не ме собира, мене бла бла бла.. Лечење комплекси! Многу била ниска, многу била висока, ајде бе! Секој треба да се гордее со себе. Крај краева ако не можам да сврзам 2 реченици муабет со некого, ми е гајле ако бил висок или низок.
Високите девојки се секогаш повпечатливи без разлика дали се убави или не. Како појава повеќе привлекуваат внимание.
Кога не сум убава барем да бев повисока изгледаат посилно повисоките затоа сакам. А за привлечност не ми е мене зошто нема врска висината со убавината џабе е висока ако е грда. А и многу висока па не чини исто и како многу ниска
Не сакам премногу високи, признавам висока девојка до 174-175 цм. Ниски не сакам под 165. Јас сум 168 и ми е супер оваа висина.
Јас сум висока (ниска) 165 и се осеќам супер. Си носам потпетици високи се чувствувам убаво во својата кожа и секси нормално и воопшто немам комплекси, иако до мене секогаш имам најдобра другарка што е 182 па сеа вие видете. Ок би ми дошле + 5 6 сантими но што е тоа е
Високи девојки. Незнам зошто но попривлечно изгледаат, облеката подобро им стои, па уште на штикла нога се издолжува брате до небо и назад. Немам ништо против ниските девојки, но ете, измеѓу ниска и висока би избрала висока. Сега и тоа да има мера, некаде до кај 175-6-7-8 е таман според мене, овие над 180 имаат обично и широка градба па некако неженствено изгледаат. Плус ај да те видам на 180 облечи 12 штикла. Маж во земјава наша нема шанси да најдеш.
прочитав пред некој пост, високите девојки оставале поголем впечаток! јас не мислам така. со добар поглед, насмевка или едноставно манири и стил, со барем едно од овие се остава добар впечаток кога сме веќе кај него. нема врска дали си 162 или 175, јас сум 1.70, сакам барем уште 2-3 цм, ама со оглед на тоа што сум љубител на 12ка ќе биде стварно високо, сепак како и да се сакам што сум висока. И не ја сметам висината/низината како нешто што би требало да создава комплекс или да те идигнува пред другите, со оглед на моето 1,62 опкружење
Сепак се е до вкус.Најчесто на женските им се допаѓаат повеќе високите момчиња/мажи,додека пак за машките не ми е јасно дали сакаат повеќе високи или ниски јас имам 171 цм. и сум во еден период кога всушност сите мои врсници навистина се развиваат.Одеднаш изникнав(хахахахха) во петто и од тогаш сите ги шишам и се повеќе и повеќе растам Иако мислам дека машкиов род,повеќе ниските ги сака,најверојатно конкурецнија во висина да не им е девојката Иако јас повеќе сакам да видам повисоки девојчиња отколку пониски.....ама сепак се е тоа вкус,а нели викаат дека за вкус никого не треба да се убедува и многу многу да се дискутира
Мислам дека и високите и ниските девојки се привлечни ако атрибутите им се соодветно распоредени во смисла да не е многу висока а да нема гради или да е ниска, а гради 1 тон и сл. До сега судбината ми е таква да се дружам и служам со цурички високи претежно 160-170 цм, а јас од друга страна расен и крупен тип 183-4 цм. Не се жалам се' додека се секси. Не за џабе е кажано: ситни ама динамитни. Вистина е.
Високите. Многу подобро е да си висок/а одколку низок/ниска. Јас сум пре ниска и многу се рмазам заради тоа,неможам ниту штикли да облечам и најмалечка сум од цел клас. Се нервира за тоа
Јас сум средна и си се сакам баш каква што сум. Мене повеќе ми се допаѓа кога ќе видам средно висока, а згодна девојка, со правилна градба и со се на неа, отколку висока, а струкот и колковите да и се исти , како дечко. Горда сум со својот изглед, посебно што можам да ја носам истата гардероба од девојче, и кога ќе кажам дека сум мајка на две деца сите мислат дека лажам. Единствено што ми е непријатно во врска со висината е кога ми се пуштаат некои 1.90 и кусур, не ми идат, си сакам да ми е поблиску до лицето , и со високи штикли да е малце повисок, а во патики да не е многу повисок... Сепак дали се средни или високи, мене згодни и харизматични личности ми привлекуваат поглед