Ама мене не ми е јасно зошто некоја што е 168-170 висока вели дека е просечно тоа Колку се ниски луѓето кај нас 170 баш е висока според мене, а и најубава висина е тоа јас мислам
^ хахахаха..се смета ли? Па види девојче сега, има девојчиња од 13 години кои се 167, има 20 год. девојки толку, има и возрасни жени. Сега ти ако си 167 и си 17 години, се сметаш за основец или средношколец?
Ги прашувам сите оние што гласале за високите девојки дали би гласале повторно за нив доколку бираат помеѓу ниска но интелигентна девојка или висока но без грам мозок?Старите велат господ едно дава ама друго одзема така што се кладам дека во поголем процент високите девојки за разлика од пониските освен физичка убавина и друго немаат што да понудат за разлика од пониските кои господ им одземал висина ама им дал памет и духовна убавина која ќе ја имаат цел живот за разлика од високите кои надворешната убавина ќе ја имаат додека се млади додека на старост ќе немаат буквално ништо вредно на нив.
Ајде да речеме вака висока сум но со ова мислам дека ги навреди сите кои се високи.Имам висина и се гордеам со тоа,а богами и паметот ми е со добар процент на интелигенција.Немам ништо против секој да си го пишува своето мислење но мислам дека би требало барем малку да внимаваме на нашиот израз,а тоа значи да внимаваме какво е мислењето со цел да не се навреди некој.
Ау значи јас ни грам мозок немам, да не беше ти никогаш немаше ни да го сфатам тоа. А тоа гледаш, со секој сантиметар што сум раснела низ годините ми се скусувал паметот. Околу темата - не сите високи девојки се привлечни и не сите пониски се помалку привлечни. Не се одредува привлечност и убавина стриктно според тоа, како постои анкета на оваа тема не ми е јасно
Јас си ги сакам повисочките (170+) ама немам среќа кај нив ако погледнам статистички... ^Колку си висока?
А добро што е битно дали е висока или ниска искрено?! Од каде тоа дека само високите девојки се попривлечни и оставале поголем впечаток? Јас мислам дека се е до индивидуата, има и ниски девојки што се презгодни и високи што ВООПШТО не се згодни па сега.. А и не е се само во изгледот, самодовербата, карактерот вршат голема работа според мене.. Тоа дали некоја е висока или ниска мање више
Како што девојките бираат повисоки момчиња од нив , кај машките е обратно .... Скоро никад ни сум видел Висока девојка со ниско машко (освен еднаш , девојка му на другар ми и прекинаа поради таа причина) А јас лично сакам пониски од мене .....
Не,ова не го пишувам дека јас сум висока или за да ги повредам пониските девојки,туку да бидеме искрени,високите девојки се попривлечни. Ниските девојки не треба за тоа да се нервираат или да си ствараат комплекси,тие едноставно се такви и крај.Секој е убав на свој начин. Сепак,се е до карактерот на девојката,и тоа има толку големо влијание што се забележува и однадвор.Ако девојката е забавна и пријатна,тоа се забележува по одот,изразот на лицето и едноставно,енергијата,а не по висината. Ако некоја се прави курац ипол и најубава на свет да е,ќе ја одбегнуваат. А без навреда,но јас не би се менувала за метар и ветар
Најубавите парфеми и најсилните отрови се чуваат во мали шишенца ... Кратко и јасно, благодарам. :geek: