Исто, мислам дека не им е битна висината(освен ако он не е два метри, па девојката да биде 1,50,иако познавам и една ваква двојка ), туку побитно им е да е надарена девојката. Еве на пример да одат две девојки, едната висока, манекенско тело, ама даска, а другата нискичка, ама добро градена што мислите по која ќе се свртат? Или и обратно, високата да е надарена. Мислам дека одговорот е јасен.
^ А ако одат висока и ниска двете надарени, по која ќе се свртат? Шала... Според мене поубаво изгледа висок човек, без разлика машко женско. Ај женско некако, ќе се качи на штикли, а и не мора, секако прилега и да е ниско не се зема како некој физички недостаток, но за машко, ниско... неее не ми личи воопшто. Како некое маженце Јас сум поприлично висока, а среќа и мојата појака половина е висок, па можам и штикли да си носам, а сепак да не сме француски пар
Некои машки ми рекле дека сакаат баш високи девојки, долги нозе, витка става, а некои пак сакаат пониски, им биле послатки, посимпатични. Јас не сум ни за превисоки, ниту за прениски луѓе. Висока сум 167 цм и тоа е мојата идеална средина. Прашање на вкус е сепак. Секој треба да си е среќен со она што го поседува.
Абе ваква лепота како мене со мачиј од,не може да не биде забележана,сите се вртат,не е важно дали сум висока или иска!!! Се зезам...инаку сум среден раст... Што знам,за девојка не ми прави некоја разлика (освен ако е под 140 висока,тука више нешто не е у ред),баш напротив,пониските или средните ми се поприфатливи,а многу високите дури ми се коњасти некако,непрактични,масивни,гломазни и што јас знам...а плус и мнозинството мажи преферираат ниски или девојки со среден раст. Се препорачува,многу ниските жени или многу високите мажи да имаат пониска/повисок партнер(ка) за да имаат потомство со среден,нормален раст. А за мажи е да,недостаток и фрустрација.Сум забележала многу убави мажи,со убави симетрични фаци,но имаат недостаток на самодоверба,потчинето однесување и се добри баш заради тоа,а кога би биле повисоки сигурно би биле тешки мачоси.Висината кај мажите многу се одразува на карактерот.Мојата (не толку) силна половина,има онака,среден раст,не е мажиште високо,е тамам,можам да носам штикла 12,а да не бидам повисока од него.
^ Да не бидам грешно разбрана, не зборуваме за дефинирање на убавината, убава девојка ја прават многу други нешта, не е висината мерило. Овде зборуваме конкретно високи или ниски. Како и да е, како и за се друго, така и за висината не може да се генерализира изгледа. Иако секој си тргнува од некое свое гледиште. А машките кои сакаат многу ниски девојки мислам дека имаат проблеми со потребата за доминација, па и физички сакаат да се екстремно доминантни. Иако, се разбира има исклучоци, има секакви парови на кои при "бендисувањето " фактор не им била висината. Добро сега не збориме за висина на девојка над 180. Сите екстреми не се прифатливи. Ни прениска ни превисока девојка. Ама изгледа на темава секој на своето си тера Нели се што е мое е најубаво Ама, ако така и треба. Ако не си се сакаме и прифаќаме самите себе, кој?
^^^Па јас сум над 1.80...И што Ама па ако се прашам, од една страна ми е најубаво што си ја имам висината и градбата на телото, ама од друга понекогаш посакувам да сум барем 10 цм пониска А нема врска со убавината тоа. Таа е релативна, некој сака повисоки некој пониски, еве дечко ми сака високи, доста високи девојки. За пониските секогаш вели дека не му се допаѓале. Е сега стварно не знам зошто висината би била фактор за убавина
Па мнозинството од машките сакаат средни околу 160 до 170тина цм. Такви како мене Мене најважно ми е какви сака срценцето мое, а за другите па и не баш толку многу.
Најскапите парфеми се чуваат во мали шишенца . Јас сум висока 1.70 и онака таман сум си, само што во моето друштво од секој пат сум била највисока па имав периоди кога посакував да сум пониска. Детски будалаштини. Инаку гледано од мој аспект секогаш повеќе ми се свиѓале пониските девојки. Некако помили се и по секси. А и секако за дечко им е полесно, бидејќи ние не сме претежно висока нација и нема многу високи момци ( посебно во нашиот крај, на прсти да ги изброиш ). Така да им било проблем на високите девојки да најдат соодветен партнер. Мојот дечко е 1.80 па така кога носам 12 сум повисока ама не се приметува многу.
Аххх висока сум само 165-167 а дечко ми е 180и кусур. Ма бурек може да ми јаде над глава комотно, знам дека преферира високи девојки и долга нога ама изглеа не е тоа пресудо па јас сум пред тоа хихиих. Сакам да имам долги нозе, обожавам високи девојки, немам комплекс само пуста желба да пораснам барем уштре 5 сантима. Инаку ова за какви жени преферираат маживе, јас мислам дека сите се вртат по долга нога а на крај се со некоја средна висина, барем мене вака ми се случува, сите дечковци до сеа ми се над 180