Jac cyм 178 см висока (од фамилија сите сме жирафи ), а дечко ми е 181 см... Сум зборела и со другари на оваа тема и тие ми имаат кажувано дека високите девојки им се по секси и поубави
Јас сум ниска и тоа ми е еден вид комплекс.Сепак неможам да се пожалам во врска со привлекување на спротивниот пол. Како и да е кажаме дека се работе за вкус и незна4и дека на едно мом4е ќе му се свиѓат само високи или само ниски
јас сум висока 1,75см ама мислам дека висина не игра никаква улога кај жените привлечноста не зависи од тоа колку си висок
Се е до вкусот Привлечни се и ниските и високите,па сеа на прв поглед нормално дека ќе се загледаш во некоја висока, едноставно не можеш да не ја приметиш, нога долга, облинче ..И да умее да се движи Познавам и многу ниски девојки,кои не поминуваат неприметно. Згодни со облини.. Сепак сметам дека висината и не е толку битна, битно е начинот на движење, харизма,шарм.. Е ваква девојка не можеш да не приметиш,без разлика дали е висока или ниска. Такада ке си кажам пак,се си е до вкусот. Јас сум висока 1.77 сакам и носам високи потпетици,и немам никаков комплекс, си ја сакам мојата висина. Е за дечко.. ќе барам кошаркар,одбојкар,манекен
Мислам дека повисоките девојки се попривлечни, барем на машките така им излгеда. Ама колку што имам заприметено на некои не му е битна висината што значи дека се зависи од вкусот.
Ниските девојки се во предност затоа што кога сакаат можат да облечат високи потпетици и воопшто да не се мислат дали ке бидат повисоки од дечкото или не.. додека пак високите не можат, освен ако имаат многу висок дечко. А Македонијава и не е баш позната по високи мажи. А за тоа дека повисоките девојки ги преферираат машките.. не би рекла. Јас сум пониска, па кога ке облечам нешто на високо, нозете ненормално многу ми се издолжуваат, зборам визуелно. Па плус и ако си вежбате и имате тонирани нозе, мх мх. Муабетот ми е дека немаат само високите девојки провокативни нозе.. Јас иако сум пониска секогаш добивам комплименти за тој дел од телото. И никогаш, ама баш никогаш висината да не ви биде комплекс, затоа што пониските девојки имаат многу повеке предности..
Висината не игра никаква улога , девојката е привлечна ако е самоуверена и дали е висока или ниска секако ке е секси ако знае да се носи со висината , а и кај секого во различно нешто е убавината , некоја е добро градена , некоја има убаво лице , некоја има харизма и бесмислени ми се ваквите теми во стил ниски или високи девојки , не знам плави или црни итд , ми се допаѓаат и високи и ниски девојки и девојки со средна висина кои се сакаат себеси и не се искомплексирани , инаку јас сум 157цм и немам никакви комплекси околу висината , нити пак сум имала проблеми да фатам повисок дечко , повекето и биле повисоки од 180цм така да не гледам некој проблем
Нормално дека високите девојки се попривлечни, кога ќе пуштат долга нога и женски се вртат по нив. Е сега нормално дека и некои ниски девојки се убави, но јас повеќе би рекла дека тие се слатки, а не привлечни.
Јас сум средна но повеќе би сакала да сум повисока но не можам да замислам маж да биде понизок од својата жена.
Се би дала да сум ниска.. 174-175 сум сега висока, се нервирам многу.. Некои штикли да имаат се колку мене на ниско, а јас ако ставам штикли, е тогаш дечко амин.. Кај ќе најдам јас над 180 .. ? а уште ако растам повеќе скрајда..
165 Можев уште неколку сантиметри да никнам повеќе ама толку ми дал дедо Боже Али затоа штикли 15ка па си надокнадувам за тоа што фали.
Висината не е важна ако некој те сака те сака каква и да си.... да се надоврзам и јас тука...152 сум висока иии....не сум баш висока-ниско чупенце
Тоа што девојката е привлечна или не воопшто не зависи од висината. Има и ниски и високи девојки што изгледаат привлечно. И секој го привлекува различен тип на девојка. Нема конкретен одговор на прашањето кои девојки се поатрактивни. Освен нели ако гледаме од точка на модата, тогаш анорексичните високи девојки со изострени клучни коски се најубави..
178 сум висока.. и до 8мо одд бев штрк ..а после дојдов средно и се изедначив со другите... а тие шо ми викаа до 8мо дека НЕ Е УБАВО ДА СИ ВИСОКА.. сеа ми викаат САКАМ ДА СУМ КО ТЕБЕ ВИСОКА и попривлечни сме... али зависи шо убавина имаш , надворешна и внатрешна