Висока сум (1,77 см). Во тинејџерски години се нервирав заради висината, бев како даска, а сите мои другарки беа пониски од мене и како по правило имаа атрибути (задник и гради). И секогаш тие им беа попривлечни на момчињата, а јас не . Е ама покасно се сменија работите, и мене после 22 - та година ми се оформија облините (не богзнае колку ама доволно). И сега сум навистина среќна со мојата висина, добро ми прилега и со градбата. Предност: долгите нозе (но не преслаби) навистина изгледаат атрактивно Маана: кога се обидувам да подослабам најпрвин ми се топат „атрибутите“, а дури потоа салото.
Средни, ни многу високи, ни многу ниски. Јас сум 165 cm висока. Плус штикли и таман си сум. Шо било бе високи огромни ко врби или некои метро и желба за растење. Се е до гените и тие не сакаат можда ама тоа е тоа. Инаку имам една другарка (пониска си е) вика: "Скапите парфеми во мали шишенца се продаваат". Јас мислам исто така и отровите, мила
Нема врска висината со убавината . Сите девојки се убави на свој начин. Јас имам пример многу другарки и ниски и високи и сите се убави. Јас сум висока 1,63 и задоволна сум од висината
искрено јас можеби сум малце повисочка 1,78 али мене тоа воопшто не ми пречи,секоја човек си има свои убавини.А пониските девојки и тие се слатки и убави јас имам другарки што се претерано ниски али лепотици..од моја гледна точка сите девојки се убави не можеме на никој да судиме според сепак исто така и секој човек има и по некоја маана
Јас мислам дека златната средина е најубава.. јас сум 168 на мои 17 години и мислам дека би ми било доста да пораснам уште некои 2-3 сантиметри.. не сум ни многу висока не сум ни многу ниска,изгледам високо затоа што имам долги и текни нозе..
Па тренирај нешто, неможеш туку така да пораснеш Со одбојка највеќе се извишуваш. Јас сум си 1,62 висока и ич ама баш ич не сум задоволна со висинава, од 15 години се немам ни за 1цм помрднато.
Јас сум висока 1,60 . и за 3год се имам извишено само 5сантима . но мислам дека уште 5сантима нема да ми штимаат затоа што носам штикли 12 ..
Висока сум 172 и сум си задоволна со мојата висина. Таман сум си. Мм е висок 187 и таман си сме и двајцата. Имам другарки кои се пониски од мене, но тоа не е спорно. Супер сме си сите, битно е да сме здрави и живи (како баба ми звучам).
Јас сум висока 1.66 може малце повеќе. Како и да е секоја девојка си има своја убавина било да е висока или ниска
Па мислам дека не е убаво ни многу висока, ни многу ниска. Онака, седна височина, 170 е идеална според мене
Jaс сум висока 175 cm, и отсекогаш сум била највисока во клас. Баш се меревме пред некој ден, и сите сакаат да се повисоки отколку што биле лани, само јас и уште 2 девојчиња што се тука некаде околу 170 си викаме „само да не сум се извишила“. Не ми пречи висината, освен тоа што по малку избегнувам да носам штикли за да не бидам превисока, и тоа што треба секогаш да пазам на втор спрат во двокатен . Иначе мислам дека висината нема врска со убавината и привлечноста.
Се меревме во школо пред некоја седмица. Сум се извишила, бев 170 cm сега сум 174 cm. Инаку и јас отсекогаш сум била највисока во клас. Сите се под 167 cm, ама мене тоа не ми пречи. И мислам дека не е се до висината, има и високи девојки што се привлечни а има и ниски.
Во генетиката не можеме да се мешаме некои се високи,некои ниски..јас имам средна висина и убаво ми е не се жалам