Јас сум висока 160 см и сум си задоволна од мојата конструкција, сепак побитни се пропорциите на телото одколку самата висина.
Според мене средни девојки не многу високи и не многу ниски Висока сум 170 см и сум прилично задоволна со висината
Јас сум висока 172 цм,имам 17 години.Презадоволна со својата висина Ни премногу висока ,ни премногу ниска таман за мои години Многу ми е мило што е така. Како и да е,не би требало висината никогаш да е на прво место.Секој си е посебен на свој начин
Од мала сакам да сум висока летово нагло пораснав не мереа у школо 158-9 сум И пак сум ниска 168 да сум сакам ама ај имам уште неколку години за растење ваљда ќе пораснам па татко ми е висок а јас имам ко неговото тело таква градба па ќе видиме
Девојки гледам поголемиот број сте за високи девојки ама високите си имаме и проблем искрено да ви кажам. Јас сум висока 180. И пусто девојче си сакам и штикли да носам, па замислете како изгледа тоа. Ела па најди некој повисок хахаха
Јас ќе пораснам висока зошто шлапатарки ми се нозете... Но, баш би сакала да носам некои елегантни балетанчиња и да не одам по „Африкава“ како антилопа. Денес баш видов девојки што беа многу високи, па уште и на платформи се искачиле! Цупкаа нанапред, како од Том и Џери беа кога паѓаат. Нели тие мавтаат со рацете пред да паднат. Сме се згазиле од смеење. Жиравчиња...
Не е битна висината, доколку е убаво спакувано. Инаку, јас конкретно сум 175, што е доста за женско и не би ни сакала повеќе, дури и вака сум превисока ако облечам штикли.
Висината не дава привлечност, не мора да значи дека ако е висока ќе биде и привлечна, ама стави една до друга две лепотици, едната од 175 другата од 155 цм и види која ќе привлече повеќе внимание. Јасно е.
Људи бее, сум извишила, до лани бев 170, сега сум скоро 174. Не мислев дека ќе извишам на овие години. Инаку,во врска со темава се согласувам со коментарите, ако си убава нема врска висината. Ама пак си сум јас од страната на повисочките, што не значи дека не ги сакам ниските
Имам 14 години и висока сум 173 сm.Кај мене ви фамилија сите се високи па од таму ми се тие 173 cm Иначе порано имав проблем зошто бев највисока во друштво, ама сега и другарките ми се околу 170cm високи така да немам никаков проблем. Си ја обожавам висината ама сепак ми треба уште некој центиметар за да стигнам до 177-178
Јас сум прилично висока за моите 13 години ( 168-170 сум ) На некои машки можам бурек на глава да им јадам и тогаш ми е баш непријатно. Оваа висина сакам да ја имам за цел живот ама изгледа уште ќе растам.
165 сум висока и доволно ми е, можам да си носам без проблем и високи потпетици. Се иритирам кога гледа 180 женски високи и опнале 15 сантиметарски штикли секој треба да носи што му одговара дали е висок или низок каков што го дала природата , ама некои претеруваат.
Не ептен нисκи, а ни ептен висоκи, јас сум висоκа 180, и отсеκогаш сум се неρвиρала поρади тоа, највеќе затоа што неможам да носам штиκли , а саκам. Само веρениκот има сρеκа отсеκогаш саκал висоκи, а понизоκ е од мене и без штиκли сега веќе и сеедно ми е што сум висоκа, само ми е малκу маκа κога видам неκои добρи штиκли ама тоа е неможеме да влијаеме на висината