Според мене висината не е никаков престиж, незнам зошто високите луѓе(барем повеќето се чуствуваат привилегирано), НЕ за висина АПСОЛУТНО ДА за ПРОПОРЦИОНАЛНО ТЕЛО, тоа е најбитно. Можеш да бидеш 160см ако имаш пропорционално тело да бидеш гром, а штркла од над 175см е по мој вкус-ужас! Јас сум висока 168см и се сметам за средна, идеална висина ми е 170-172см над тоа ми е дегуте за девојче, а дечко ми е 191см незнам зошто но пониски мажи од 184см не ме привлекуваат, како и девојки од над 175см. Така да мојот суд е тој не за високи девојки и ниски момци, ако воопшто висината е некој критериум, ирелеванта е али ајде.. како прв впечаток...
Нема да гласам јас, бидејќи ни ептен високите ниту пак ептен ниските ми се привлечни. 165, златна средина
Сега ќе ви кажам една анегдота Мојте родители имаа пријатели,кој и они имаа единица ќерка,како јас што бев а бевме скоро врснички Кога бевме во пубертет,и нормално кога требаше да растеме,Пријателката на мајка ми и се јавуваше само кога требаше да праша,колку е порасната ќерка и,односно јас Ама тоа толку било нападно,само да каже колку нејзината ќерка е висока Мајка ми трпела,веќе не можела да издржи и еден ден кога таа ја прашала колку сум висока,и пукнал филмот и и рекла дека и тополите се високи, па чавките ги серат Од тогаш жената,не прашала никогаш веќе.....тајац
Засекогаш ниска, не се каам да сум била повисока можеби никогаш не би го фатила сегашниот дечко, повисок е од мене за неколку цм, сепак изгледаме исто, неморам да се помачувам да го дофатам. А и мала но динамитна сум, барем така ми викаат сите. Ќут ми е висината и фала му на господ што не сум врба.
Врба? ЛоЛ! Пресмешна си. Добро, за ниска девојка-низок дечко нормално. Ај девојка ниска баш онака ок, ама дечко кускуле? Леле ептен ми е смешно...
Не ја сфаќам потребата ниските девојки да си лечат комплекси вреѓајќи ги високите, и обратно. Не сме ние криви што сме високи или ниски, јбг, гени. Што потреба од меѓусебно вреѓање? И едните и другите си имаат своја посебна убавина, и тоа е тоа, привлечноста е релативна. Мене лично ме привлекува висина, без разлика машко/женско - што повисоко, тоа подобро. На мојава висина кога ќе облечам штикла сум негде 187-188, и се чувствувам добро во своја кожа. За машки секогаш предност би им дала на оние од околу 190, пред оние од околу 170. Тоа не значи дека моево мислење е правилно или погрешно, се е работа на личен избор.
Не е до толку битна висината, колку што е држењето на телото. Одот, исправеното тело, па и пропорционалноста на телото како целина се многу побитен фактор од висината. Секако дека некој висок дечко (па и девојка) би ми привлекол внимание онака колку да го погледнам, меѓутоа ако оди згрбавено и делува несигурно, не би успеал да ми задржи внимание. Сум имала и ниски и високи дечковци, не ми било лошо и кога сум била некој сантим повисока од дечкото. Иако, морам да кажам дека многу убаво се чувствувам кога сум на повисока штикла од десетина сантиметри и дечкото е уште некој сантим повисок од тоа. Не се сметам себе си за многу висока, имам просечна висина (1.72), меѓутоа имајќи го предвид моето окружување, една од највисоките сум во друштвото. Очигледно имам другарки со помала висина од мојата, иако никој не ми кажал дека изгледам како хм, врба во споредба со нив.
Ќе се воздржам од коментари бидејќи сметам дека е безмислено да се коментира околу тоа дека висината е пресудна за убавината и само да додадам на тоа некој што коментираше дека високите девојки се по забележителни и ниската колку и да е убава никој нема да ја запримети покрај високата.. Не е точно. Мои две другарки, едната е висока другата многу по ниска, кога и да сме излезени секогаш повеќе машки и приоѓаат на пониската, секогаш е најзабележителна во друштвото.. Така да олабавете со комплексите особено пониските девојки, не е се во тоа.. Побитен е шармот и држењето на телото. Како велат дијамантите се мали ама се најскапоцени.
Висината не е пресудна за убавината, но, висока и убава > ниска и убава. Логично дека првата е позабележителна.