сепак тоа е до вкусот .. има машки кои сакаат високи, а има и што сакат ниски девојки .. зависи ... јас лично имам и високи и ниски другарки и не ги делам и си ги сакам
Погледнете го Саркози и ќе сфатите колку е битна висината Метро и жилет а да речеме еден од најмоќните луѓе во светот. Како и да е, висината не игра пресудна улога, може девојката да е пониска, ама ако се носи исправена, полна со самодоверба може да превиши и девојка од 190цм. Јас конкретно мислам дека имам ок висина 172цм, таман ми е или поточно речено, не сум почуствувала да ми пречи на некој начин иако имам и пониски другарки и другари. Е сега за дечковци ми е маалку потешко, ама па и 180 цм вршат работа Кај машките мислам дека висината сигурно делува повеќе на самодовербата отколку кај девојките, ние можеме сепак да камуфлираме со штикли, а они?!
Не е пресудна висината, бидејќи секој си има предности и негативности, но да бев машко ќе сакав високи девојки. Можеби затоа што сум 177цм и супер ми е. Штикли не сакам да носам, ама кога ги носам (ретко) се чувствувам wow Ама има и ниски девоjки што се wow Прашање на вкус.
Не е важна височината. Џабе и е на девојката висина кога нема убавина или срце кое знае да сака. Еве јас сум висока и роднините секогаш ме зафркаваат, ми викаат 'Доста растеш, зет нема да можеше да ти најдеме'. Сега почна многу да ме нервира фразава. Ајде да се надевам дека ќе им најдам висок зет.
Висока + танка= АВИОН Висока + дебела = ЏИН Ниска + слаба = ЏЕБНА ВЕНЕРА Ниска + дебела = ТОПЧЕ Сепак висината не е пресудна за изгледот на една девојка, не значи дека ако некоја е висока има добро тело. Многу поважен е шармот, харизмата, енергијата која ја носи, колку обрнува внимание на својот изглед и најважно како девојката се чувствува во своја кожа т.е САМОДОВЕРБАТА! Јас многу сакам да сум висока 178 ама ништо немам такви гени
Искрено онаму каде што владеат природни закони т.с онаму каде неможам да направам ништо сем да се соочам со некои факти дека се така не допирам. А ова го кажувам од особен факт што дали си висок или низок неможеш ништо да сториш..Сакај се онаков каков што си..Секој има своја убавина..пример има толку убави девојки што се ниски а има високи ама не ми се толку без разлика што имаат височина..Височината нема врска со убавината на еден човек...Ако има ѕвезда и душа тогаш нема потреби од висини
Ова многу реално ми звучи за потребата од доминација. Јас сум 173 и си ја сакам висината, а дечко ми е повисок од мене но кога ќе се качам на штикла 10 цм јас сум малку повисока. Нему не му пречи, на мене пак воопшто. Баш напротив повеќе му се допаѓам на штикли. Мислам дека скоро секој маж сака висока+тенка=авион, но на повеќето од мажите што се пониски, девојката авион може да им ја наруши самодовербата.
visinata ne igra nikakva uloga.. ako devojkata ima samodoverba.. ne e bitno kolku e visoka ili pak niska [mod-kirilica:2rymxaxm][/mod-kirilica:2rymxaxm]
Е демек до вкусот е! Не се сложувам, мислам дека високите жени се те како позабележливи, едноставно појава се, имаат долги нозе што ги прави значително секси и скоро не поминуваат незабележени! Ниските пак помалку привлекуваат внимание, не дека нема убави ниски жени кои зрачат со сескапил, но сепак високите се поприметни на прв поглед! Имам другарка која е доста висока + штикли,и да нејќеш да ја видиш ти упаѓа во очи Можеби пониските од неа имаат поголема убавина,ама потешко се забележуват! Не значи дека машките само високи девојки сакаат,ама факт е дека полесно ги забележуваат оние над 170 см! барем јас така мислам... инаку јас сум ниска
Па, вискоите девојки како што кажа мина полесно е да ги забележиш. Можеби машките ќе се свртат по таква девојка, но не значи дека тоа што ќе го видат ќе им се допадне. Има многу убави девојки што не се многу високи, а пак привлекуваат внимание. Затоа мислам дека е до вкусот. Кај некои момци за кои факторот висина воопшто не игра улога. А има и онакви што им е глупаво да имаат повисока девојка од нив... Јас сум стандард некој, висока сум 1.69 и да се качам на штикли сум некој цм пониска од дечко ми. Значи некоја средина сум, а би сакала да сум уште некој цм повисока.
Jас повеке сакам ниски девојки,послатки ми се и кога носат штикли ми се многу секси јас сум висока 170 и би сакала да сум пониска барем 5см,зашо со маж ми е глава до глава и некогаш се осекам мноооогу глупаво,кога јас носам штикла,и се држиме за рака
Кај женските висината не е проблем, туку кај машките. Јас сум 164 и сакам да бидам повисока. Кога облечам високи штикли се чуствувам по секси.
и јас мислам дека се е до вкусот на машките, ја сум висока 177 а сакам да сум пониска, ниските ми се посимпатични,