Јас најискрено сакам секакви девојки. И ниски и високи, а тоа што генерално 98% од ниските девојки си имаат дечковци, мажи, деца покажува дека за секого си има по некој така да не се преоптеретувајте многу многу.
@PeperutkiVoMene , кај тебе не е висината во прашање, туку САМОДОВЕРБАТА е. Ако 164цм за тебе е ниско, тогаш значи навистина не знаеш што е ниско. И зошто да не почнеш врска со тој што е 190цм? Висината не треба да ти биде главна причина за да не почнеш. Почни да работиш на самодовербата, а не да бараш ниски нации.
Кога ќе го видиш маж ми можеби ќе се премислиш. Сестра ми кога го виде прв пат, искоментира - Леле колкав е! Нема видено таков маж. Никогаш не сум обрнувала внимание на висината.
Како не знам како не сум ниска со 164 см едвај? Ако не сум ниска не сум ни висока, многу девојки се повисоки од мене. За машките сум ниска посекако во споредба со нив.
Ако ти си ниска со твоите 164цм, има многу што сонуваат барем 160 да се. Плус тоа ти имаш средна висина. Две мои братучетки се 150-152цм,не повеќе,па разликата меѓу нив и нивните мажи е најмалку 30цм. Висината НЕ ТРЕБА да ти биде пресуден фактор за врска.
Ама јас не знам што цело време вреска секој трети ден на секоја група дека превисоки биле нашите машки. Па сите се во просек 175-180, дај објасни се што е за тебе превисоко.
Мажите Македонци се со просечна висина 180цм,ги напрајвте вие Холанѓани 2 метра А јас со моите 170цм незнам во кои девојки спаѓам
Дечко ми е 179, бившиот ми беше 175... Овие изроди некои толку ниски моиве... Сум имала и од 2 метра, де... шо е толку битна висината? Плус бараш во која држава има најниски, што ти е планот, да идеш да застанеш на улица со знак "Кој сака дечко"? Колку години имаш? 16? Ако имаш над 16 кажи ми да се фрлам некаде, што се шета по земјава Ако ти кажам во која европска држава се најниски, ќе идеш одма? (пошо сама кажа само европјани) Озбилна си или тролаш? Сите 90 мислења ти се "Како ли јас да пораснам" Братучедите мои, што девојките им се повисоки од нив да се обесат треба? Озбилно немаш поголем проблем од тоа што си 164 цм висока?
Многу Холанѓани исто така се 180 цм високи. Далеку од тоа дека таму секој втори е 2 метри. Машко со +180 цм висина би било сметано за високо во 80% од земјите во светот.
Секоја девојка си има свои квалитети свој шарм нема веза дали е висока или ниска мене ми се допаѓаат секакви висината не ми е битна битна ми е харизмата карактерот насмевката и се знае машкото шо сака