Ти ќе ми кажуваш мене? Ајде напиши колку пати си бил во Латинска Америка, Шпанија, Италија и колку населени места си посетил?
Никогаш не сум бил. Ти си била? Македонците се повисоки од многу европски нации. Не само од Латинска Америка, Шпанија, Италија.
Франција, Белгија, Грција, Унгарија, добар дел од источно европски земји, Азија, најголем дел од Африка имаат пониска машка популација. Британци и Ирци се ко Македонци високи во просек. Повисоки од Македонци се Срби/Црногорци/Хрвати и делумно Северна Европа.
Грците се во просек повисоки од Македонците некој сантиметар, и мажи и жени. Кај другите варира, не можеш да кажеш воопшто дека Македонците се повисоки. Африка не е европска нација. Замисли
Не е точно тоа. Грците се пониски од Македонците, а особено тие од Кипар. Во Грција многу ретко може да видиш девојче повисоко од 175 цм, а кај нас барем секое 15 што го гледам е повисоко од 175 цм. Посебно млади генерации деца што доаѓаат. Кај нас 150 години динарци од Краљевина Југославија посејувале семе во Македонија. Затоа и толку повисоки мажи има. Во Источна Македонија се имаат доселувано и Саксонци.
Бравоо постов ти е на место поише гледаат машките која е посекси отколку висина а и висината си е нормално нормално да биде како за женско ни премногу високо ни ниско но имаа и ниски многу симпатични со секси тело. Што значи нема врска
@PeperutkiVoMene не сакаш да прифатиш дека проблемот не е во машките туку во твојата самодоверба. Тоа твоето не е ни самодоверба, туку вообразеност. Едно е да кажеш дека немаш самодоверба заради висината, сосема друго е да кажеш дека кое машко и да ти се допадне е превисоко. Што правиш, од кога ти се допаднат земаш метро и ги мериш? Зошто воопшто размислуваш за нивната висина ако ти се допаднале? П.С. чисто да не врескаш дека не знам како е да си 164... Толку сум и јас.
@PeperutkiVoMene всушност ти самата себе се понижуваш и навредуваш. Упорно ти зборат овде да не се замараш и да не си ја кратиш самодовербата заради висината, и пак продолжуваш Пониска сум од тебе 5 цм и не се замарам, другарка моја 18 години има и е 155 цм. Дури и дечко ми е твоја висина, ако не и понизок, па воопшто не си набива комплекси како ти што си правиш. Самата предизвикуваш вака да ти зборуваат. Едноставно прифати се себеси, наместо така дрско да им се обраќаш на тие што истото ти го велат.
Чудна работа ... Сем двајца другари, останатите се под 180. Колку што имам забележано ние дури и имаме релативно ниски машки. Јас сум од оние кои сакаат бар 160цм да се и кога вежбам како мачка меркам и скокам па одамна не се жалам. Немој ни ти. Не гледај висината на некој, гледај дали си одговарате. Ако некој те сака, и ти го сакаш, би го оставила ако е две глави над тебе? Со дечко две глави над девојче оди другарка ми и се пресреќни, карактерно се исти, се почитуваат и единствена разлика која ја имаат е висината. Љубовта и почитувањето се важни, не висината.
Да, потполно си во право во вистинската љубов не се битни ни години, ни висина, ни изгледот, ни имањето(тоа богат/сиромав) ниту пак нешто друго да се разбереме. И многу е жално за некои личности кои гледаат други работи а не душата на човекот. Значи ѓабе ако некој не те сака само колку лепотици биле изиграни, и што дека убава кога не ја цени? Значи среќата е битна. И срамота и жално е да навредите некој или самите да си снижувате самодоверба поради вакви причини. Сега на пр зошто да го одбиеш доколку се најде конечно нормален дечко за тебе а биде низок? Башка не само што ќе го повреди тоа што ќе е одбиеш туку и тоа што ќе му ја снижиш самодовербата ќе се почуствува како ништо да не вреди. А добра душа човекот се би направил за вие да сте среќни... А што пак некој ако е лепотан а расипан? Послем со плачење ќе го барате тој "нискиот".Или па обратно вие да се најдете во таква ситуација. Значи во двата случаи не е убаво ни за вас за себеси како прво, ниту пак за тие околу вас. Значи размислете на последиците не само да си мавате комплекси.
@PeperutkiVoMene свести се и биди благодарна што си здрава и немаш аномалии и физички недостатоци. Ако вака се жалиш за висината, не дај Боже може да ти се ускрати нешто друго па после да викаш еех ќе си бев јас среќна со мојата висина, здрава права. Гледај ги твоите квалитети и твојата убавина и нив негувај ги и истакнувај ги, за висината не грижи се.
Епа сега... да си височка си има свои предности, секако далеку ти се поголеми шансите да извадиш некој од манекенство.
Треба да се промени насловот на темата и да дискутираме какви мажи преферираме и кои се попривлечни. Ова е женски форум или како?
Јас сум просек но би сакала да сум ниска пошто за женско не е страшно да е ниско па дури и многу ниско, и мислам поубаво е да си ниска. Ниските имаат многу плус за некои работи. Девојките што се ниски изгледаат секогаш многу помладо отколку некоја висока девојка. А и може да бираат кого сакаат. Високите се васаат дечкото да не е помал од нив и има некое си ограничување.
Да не ве разочарувам уште повеќе, ама во своите четириесетти години, човекот почнува да губи од висина, а ова особено важи за жените. Ако сте 165 сантиметри, на пеесет и некоја би требало да бидете околу 160.