Многу битно на 50 години колку ќе бидам. Со сите болести, стресови во денешницата да сум здрава и жива на 50 па и со 150 висина не би ми сметало. Не ме сфаќај лично, само се надоврзав на постот.
Маж од 180 нагоре е висок. Под 180, да речеме 175-180 е некоја средна висина за машко, не можам да го наречам низок, ама не е ниту изразито висок. Ете, мене лично не ми се допаѓа помислата да изгубам 5 см од висината некогаш во иднина
Човекото секојдневно губи висина. Кога се будиш наутро секогаш си повисок за 1-2 цм, а преку денот ги губиш истите 1-2 цм. На 50 години сигурно нема да губат 5 цм, туку тоа се случува генерално после 70 години.
Не е точно. Јас гледам 50+ годишни жени, намалени во споредба со тоа што биле порано, а и самите кажуваат дека станале пониски. И мажите губат во висина, ама не толку драстично. А тоа дека во текот на денот си 1 цм понизок отколку наутро, го знам, фала богу.
Не е точно ни твоето. И јас гледам секојдневно постари мажи кои со години ми се исти. Татко ми на пример, негови пријатели и роднини. Од + 65 години почнува забрзано да попушта виталноста на телото.
Што тоа од моето не е точно? На твоите повозрасни машки познаници им следиш висина дали некој од 183, станал 181?
Интересно е како непознати луѓе што се пониски ми се обраќаат со „девојко“, а повисоките со „девојче“. Се е релативно на овој свет...
Eve ja sum visoka 178 cm imam 18 god i mi se potsmevaat na mojata visina.Imav muvac malku ponizok i edna so go sakala koa doznala deka izleguva so mene kazuvala kade toj so nea vrba,rascepatena nikakva nema sansi so nea da izleze.Dve glavi povisoka od nego.
И? Тоа ти создава комплекс? 180 сум и сум горда на мојата висина. Ич не се замарам за коментари, по правило привлечни женски се оние кои знаат како да заматат машки ум.
Дај некој сантим повеќе. Што да кажам јас со моите 1.55 см? Барем да бев 10 см повисока. Од друга страна, изгледам како девојче.
Машки за мене гледам да се бар 180 бидејќи јас сум 175 така да ми треба некој повисок, а и сакам високи машки. А за женски 170цм мислам дека е супер.
Само луѓе со комплекси и без самодоверба можат да користат навредливи зборови како штркла, врба, кепец, така си лечат фрустрации и комплекси. Секоја висина е убава ако знае човек да се носи со неа. Јас со мои 182 см носам и висока штикла без проблем и сум задоволна, си ја сакам висината.
Комплексите се својствена особина за нашето подрачје. Ме изненадува и охрабрува фактот ако слушнам поинакви гледишта од некој со широк ум и размислувања што научил да живее надвор од стереотипите. Сите не може да бидат високи или ниски, а и не треба. Убавината на физичкиот изглед ја отсликува телесниот став. За тоа висината нема пресудна улога. Никогаш не сум почувствувала дека ми недостасуваат сантиметри, иако имам висина 162 см. со изглед на девојче. Веројатно исто е размислувањето и на спротивниот пол со 180-185 см.во поглед на изборот. Малку ласкање не е на одмет
Јас сум доста висока и кога бев мала ми сметаше многу, но сега си се гордеам на својата висина и воопшто не ми смета.