јас сум џебна венера и баш го имам ова прашано дечко ми , и тој ми има одговорено дека ептен му се допаѓа што сум мноогу пониска од него, ептен слатко му било посебно на прстиња кога застанувам да го бакнам а инаку до гради сум му него (кога сум на патики се разбира) а кога ќе облечам штикли таман сме си и дека сум мала прави со мене се што сака ако бев висока немаше да го прави сето тоа
Јас сум АВИОН ама се осеќам како сателит Висока 175 плус 12ка штикла = 187. Па ај да те видам да си најдам некој дечко. Страв ги фаќа на овие понискиве кога ќе ме видат Сакам кошаркар за маж со над 2 метри. Ако познавате некој таков кажете
Не знам како се поставува анкета на веќе отворена тема,ќе се информирам па ќе поставам ако постои како можност,но тоа не значи дека треба да пишувате мислења од типот "високи" и толку!Пишете зошто и како,еден збор не е мислење. Ако ме прашувате мене,темава нема дискусија,јас би ја заклучила,но можеби на некој ќе му даде одговори,па нека биде отворена. Вуа лааа...ете и анкета и ќе ве молам избегнувајте одговори со една од опциите на анкетата.
ЈАс сум висока 174-5,а сум тешка околу 49 кг Значи сите ми велат дека сум премногу слаба,а јас напротив јадам прекумерено ама имам добри гени Обожавам да носам штикли ама момците се едноставно исплашени од повисоки девојки.Па затоа повеќе ги избираат пониските девојки За жал
Џебна Венера убавите нешта се во мали пакувања ( бар така ми кажа ЕДЕН ) ... секој си е убав на свој начин , висок/низок , само треба да знае како да ги истакне привлечните делови од телото а да ги скрие мааните
не е важно дали си висока или ниска, важно е колку шарм содржиш во себе, или народски кажано дали ти е таква звездата
Не сум нешто премногу висока-178 и овожавам да носам штикли. Не можеме да кажеме дали поубави се високите или ниските девојки затоа што се работи за вкус, на крај краева секој има различен вкус
АВИОН Висока 180, тешка 60 кг. Една девојка може да е секси без разлика на висината. НО, секси девојче од 150 со штикла 10ка ќе остане понезабележително од 180 со штикла значи 190 цм девојка. Сите ќе ја креваат главата нагоре и ќе гледаат во таа висока, голема, згодна, со нозе метар ипол девојка. Нозете и се колку онаа малецкана секси девојка Позабележителни се високите девојки. А кога станува збор за мажите тогаш мислам дека е 50-50. Едни сакаат ниски, други високи. Пониските момци сакаат пониски, високите имаат избор и на висока манекенка и на ниска убавка џебна венера. Плус сите може да видите преубави кошаркари со џебни венери во парови. Значи високите момци не секогаш бараат високи. Па имаме и француски парови на високи цури и ниски момци. Постои разновидност без разлика на висина.
сеедно високите ако се премногу слаби - неубаво изгледаат ниските ако имаат комплекс т.е се нервираат дека се ниски - неубаво ке дејствуваат на другите високите знаат да бидат убави ако се со средна дебелина и ги нагласуваат нозете ниските знаат да бидат убави ако се облекуваат слатко и детско, нежно и внимателно не е важна личноста ако знае да се направи или третира, тогаш е убава и во очите на другите но треба да има и многу многу карактер било каква да е.
Се согласувам скоро со сите тука, не е битна висината на женското битно е како ТИ се чувствуваш и како се носиш --- Самодоверба!! И ниските и високите можат да бидат секси. Али сигурна сум како што и веке некои девојки тука спомнаа, дека високите се позабележителни од ниските =) тоа сум 100% сигурна.. одма се гледа како си облечен како се движиш..јас понекогаш некои ниски другарки не ни се секавам што се беа облечени претходниот ден Важно е да немаме комплекси без разлика какви и да сме. Така сме создадени од Бога кој такви сакал да бидеме, и не треба да се жалиме туку прифатиме.. Висината неможеме да ја менуваме (ок ок штикли..) но тежината можеме, така да, да се трудиме да го измениме на подобро тоа што го имаме а не да копнееме за тоа што го немаме. Јас лично сум накај 177-8 висока, и порано имав многу многу комплекси со висината, бидејки скоро сите другарки и ден денес се мноогу пониски од мене и јас секогаш штрчам и тоа не ми се допага..сакам да се вклопувам со друштвото.. И секогаш посакував да сум пониска а не волку висока.. Но веке не е така.. почнав да се сакам себе си..имам долга нога и иако не носам често високи штикли (пониски обично за искачања) знам да носам балетанки и тоа ги прави нозете исто толку секси како и штикли.. =) сватив дека сум била глупава, и дека преубаво изгледам и веке реков збогум на комплексите.. (не го свакајте ова као фалење ) совет до височките - мислам дека цевка фармерка и балетанки изгледа преубаво и ја прави ногата секси и ефектот е сличен исто ко да носите штикли =) (штикли се носат за елеганција и висина нели..) до ниските - само штикли поз до сите
И јас имав комплекс како помала дека сум висока,се изделував од друштвото и бев многу слаба и тоа ми ствараше дополнителен комплекс. Ама работите се сменија,се здебелив,сега сум таман 177 висока и 55 тешка . И имам дечко висок и таман сме си
Јас сум си онака нискичка 1,64.. И знам дека нема да се извишам повеќе а не ни сакам Многу по симпатични си се пониските девојки и штикли да облечат се убаво им стои.. И мноогу ми е симпатично кога ќе видам пониска девојка со повисок дечко
Јас се сметам многу ниска иако некој не го гледаат тоа така имам1.65см.Искрено сакам барем уште 10сан ама нема.Поубави ми се повисоките девојки но не премногу мислам дека на старост високите издледаат смешно онака да видиш баба со 1,95 катастрофа е.
Баш спротивното го мислам =) можеби на тинејџерска возраст изгледа слатко да си низок а високите се малку...високи нели нез као да кажам али кога ке остареме, ако ниските не пораснат, ке изгледа малце глупо ниско женче..некако глупаво ми е..а високите не остануваат исти знаеш нели, се смалуваат лугето после таму нез 40 годиина и високите таман си доагаат. и помладолико изгледаат и се.. познавам една жена, сигрно има 65-70години ама вие незнаете, неможам да опишам, висока, линија беспрекорна, лице коса, држење, ко 40 изгледа... може мисица да биде (сеа ок знам стара е) али неможам да опишам каква е =) така да.. и не постои баба со метро и 95 хах, =)))) позз