јас сум за високи девојки, ама има некои што не им стои висината некако глпи конструкции, има високи слаби дури и подгрбавени а има некои високи а дебели широки во колковите, многу ретко некоја висока девојка со таман пропорции. ниски не сакам а средни?? паа јас сум средна накај висока да речам 170 см сум и плус штикла од 10 см тамам
А бе знам дека непостои баба со 1 и 95 ха ха , малку го преувелицив де!!!И знам дека цовек се намалува со текот на годините, ама сепак си стојам дека за мене се посинпатични ниски бабички одколку повисоките.некако смешно ми изгледаат.Но сепак тоа е ствар укуса нели?Поздрав!!!
Според мене поубаво ми изгледа некоја девојка кога ке се дотера и кога ке облече штикла да е висока ,но не претерано на пример 0д 168 ,170 цм. до 175 максимално ... така некако кога ке ја крене главата да изгледа со голема самодоверба , додека пониските ми се некако посмешни што и да облечат некако како да не им доаѓа до израз (без навреда само мое мислење е) . А да искоментирам за бабите ,некако ни на крај памет не ми доаѓа каква баба е поубава дали висока или ниска ,за неа поминало времето кога треба да се истакне но сепак повисока некако сигурно би изгледала поубава ,права бабичка - дама
Е ај да бидеме реални, сите што се високи си влечат за нивната висина, ниските за нивната. Епа ниска сум , но тоа не значи дека не сум претставителна. А и што врска има висината со убавината на девојката? Има високи и згодни девојки, авион , но има и такви што немаат никакви облини, па џабе им е висината. Исто има и ниски, со облини, Венери, но има и со лошо тело. И едните можат да бидат забележани и другите. само девојката треба да има самодоверба, да е доволно претставителна. Поважен ми е ставот, отколку сантиметарот.
Се разбира дека високите девојки се попривлечни долги нозе и мини да облече и туника да и седи на ниска девојка тоа мислам дека ке дојде до спротивен ефект. Мое мислење . позз
Е шо ако сум ниска минич и туника никако... смешна ќе сум а? ЦЦЦ епа сеа се гледа дека некој има комплекси. Имам 166 и се радувам и за толку, сакам некој сантим повеќе ама против природа неможеш нели. На штикла сум таман, супер, си се сакам таква каква што сум. Нормално не сум 24 часа на ден у штикла само за да бидам позабележителна, не ми треба тоа, доволно ме забележуваат. Секоја девојка е убава на свој начин, сантиметрите на некои луѓе им влијаат на критериумот за убавина на некои не. Сите паѓаат на нога гром од два метра, да тоа е точно. Ама за жал такви девојки има на прсти да ги изброиш. А и машкиве се се некако ниско ко недоразвиени, па ако си многу висока е проблем да си најдеш соодветен
А зошто некоја пониска да не може да има добри нозе...не битно дали си висока или ниска битно е да си складна....Еве ја сум ниска и носам и туника и мини... Па подобро ми стои од некои високи на пример 1.80 што се... Ама сте ги поделиле ниски и високи...кои се ниски а кои високи ? а средина кај е... Високи на ништо не ми личат и плус секогаш аама баш секогаш ниските имаат подобро тело од високите.... (џебна венера )мн се ретки високи и со добро тело!! А и плус 80% од машките сакаат пониски ( односно нормална висина )
Јас сум си според мене некоја златна средина 170 и имам 63 кг што сметам дека ми се доволни. Презадоволна сум од своето тело Ниски или високи зависно до конструкцијата на телото можат да бидат топ, мене лично ми се допаѓа ниска девојка со складни облини, бидејќи на ниска девојка мн смешно ми стојат големи гради (без навреди), а висока пак ми е топ ако е покрупна, а не слаба.
Со ова баш и не се согласувам. Јас сум 174 см,висока сум и не дека се фалам ама се ми е на место. Имам другарка која е 163 и она стварно на ништо не личи.Сало околу стомакот,сало околу колковите. Друга личност пак,исто околу 163 има убаво тело.Се на место,без ништо да виси. Зборот ми беше,се си е индивидуално и неможе да се зборува дека високите на ништо не личат а ниските ама баш секогаш имаат подобро тело од високите. Толку.
Се согласувам А и темава не ми е некако дискутабилна..добро е..али сепак..работа до вкус е нели некој сака вакви некој такви мислам дека високите девојки се секогаш позабележителни, ниски не го свакајте ова како навреда,не ни го мислам така, само кажувам.. и високите повеке можат да се истакнат и се повпечатливи.. знам по лично искуство..и да, малце е тешко за машко да се најде, се се некои пониски од мене али од оние што ги имам заприметено, што се повисоки од мене..ууу бомба се, прави мушкарци и да, ретко носам штикли, али сметам дека и без штикли супер изгледам.. некои се високи, некои средни некои пониски.. можеме да се бориме против тоа? не баш..мајка природа.. што ако сите би биле иста висина?? досадно и глупаво некако..како што има различни луге со различен карактер, и физичкиот изглед треба да е различен нели? и ниските се убави, слатки, и можат да се истакнат, али сепак мислам дека не се споредува ногата на ниска и висока девојка.. =) јас сум висока..скоро 180 можда.. (негде 177-8 сум) и иако имам кад кад комплекси, сепак се сакам себе си... не сум некоја подгрбавена даска..али да се здебелам 3-4 кила ке сум најтоп дека брзо извишив и неможам да си ги вратам килата сеа =( али ке биде офф зашто секад пишувам волкууу! ај позз до сите.. сите сме убави на свој начин
И јас не се согласувам. Не секогаш ниските имаат убаво тело а не секогаш и високите. Важно е телото да е складно (пропорционално). Машките сакаат високи девојки но не секој од нив може да биде со висока. Една причина што тие девојки најчесто бараат некој повисок од нив, а втора е што тоа им ја нарушува самодовербата бидејќи девојката изгледа впечатливо и подоминантно од нив- а ретко кое машко може да се носи со тоа.
^^Девојки се фативте сите за тоа...а претходно имам пишано дека не е битно дали си висока или ниска битно е да си складна ( пропорционално ). Значи подоле си го кажав мојот став...дека ми се попривлечни ниските...и дека на мене ми имаат скоро секогаш поубаво тело ниските....а за машките исто кажав од искуство мое..дека им се попривлечни.. Некој погоре има пишано секој си го брани своето...вие повисоки вашето, ние пониските нашето!! Според мене нема дискусија тука...секој со свој вкус!
Се си зависи од вкусот.Ниско момче 90% би сакало ниска девојка,иако има и што сакаат високи ма да не иде француски пар. И високи момчиња си сакаат високи девојки,не ќе се грбават Но пак ќе кажам се е релативно.Најбитно е да е пропорционално и девојката да знае да си се носи и со килажата и со висината.Јас сум висока (1.80 и воопшто немам комплекс,никогаш не сум ни имала.имам 70 кила што е идеално за мојата висина и од никаде не ми виси салце задоволна сум и се сакам себеси )Отсекогаш сум имала повисоки момчиња па така и сега.Дечко ми е дури 11 цм повисок
Е ај и јас да си се пофалам (умрела циганката па морам јас ). Висока сум 182 а тешка 68кг, сега сакам да ослабам 2-3 кила, ама и вака си се бендисувам. Се ми е на место телото со убава конструкција, и никаде не поминувам незабележано... ама тоа не значи дека нема и ниски убави девојки, тие па некако ми делуваат слатко и симпатично. Ако е убава девојката секако ќе ја бива
Вкус да..ама јас сум ЗА високи девојки. Не знам зошто...претставително ми изгледаат, секогаш паѓаат во очи
хахах те читам и тотално се согласувам со тебе. Висока сум 179 цм тешка 59 кг. и супер се осеќам Ми се свиѓа она....никаде не поминувам незабележано. Како помала ми беше непријатно зошто бев повисока од сите мои другарки па кога ке излезевме им бев како мајка АМА сега.. е друг муабет.