Секогаш сум сакала барем уште некој см да сум повисока...ама си викаме со другарка ми дека сме во предност можеме и со повисоки и со пониски машки хехехехе Како и да е, мислам дека повисоко би било подобро (во границите на нормалата)
Абе и јас сакам едно 7 цм да пораснев да стигнев до 185 али останав ''џуџе'' во семејствово, најниска им сум. И јас имам предност можам да имам понизок и повисок дечко, шо дека сум повисока од него со и без штикли. Баш поубаво, мене ич не ми смета дечкото да е понизок од мене(навикната си сум јас така )
висока сум 173 кога бев малечка си ја мразев висината но сега си ја обожавам додатно кога ќе ставам штикла се чуствувам невероватно секси и женствено
Се знае што е најсекси- златна средина Не многу висока, но не ниту премногу ниска. Некаде околу 165-168 цм најубаво ми изгледаат за девојка. Јас сум 162цм, но би можело да бидам барем 4 цм повисока, ма да не ми е некоја опсесија тоа, се сакам и вака, што ми дал господ тоа
Тоа е ствар на вкус, а и самите ние понекогаш посакуваме да сме пониски, некогаш повисоки. Јас сум висока 176 см, и секогаш сум со 12 штикла и одлично ми е. Со дечко ми на штикла кога ќе се опнам сме иста висина, но и да сум на штикла сантим два повисока воопшто не му смета, туку баш напротив тоа му е секси
Висока сум 180цм и сепак носам штикли 12 и ми е најубавооо иако добивам честопати невкусни коментари за мојата висина
Па имам 16 години и сум 163см,па допрва ќе растам .Инаку кај мене во семејството мајка ми е ниска а татко ми е 190см,па ваљда сум на него.Инаку јас сметам дека се си е до вкус ама нормално дека високите девојки имаат малце предност..сеа за воља на вистината
Јас сум 170цм. и порано (кога бев 1-2год средно)многу се замарав мислев дека сум многу висока,зошто се дружевме 3 другарки,а они беа 105,155. Сега се сменија многу работи и како што ми се зголеми кругот на другарки така се зголеми и висината Сите сме на слична висина (и крупнина ) и дури ми е смешно како сум размислувала порано,годините си го прават своето
Леле глупи коментари ниските биле незабележителни и понеубави. Ај друг коментар високите на ништо не личеле и повеќето немале убаво тело Не не личат на ништо високите и затоа никој не ги сака моделите на Викторија Сикрет зашто се високи и немаат убаво тело Има убавки слатки девојчиња и со 160 цм, што ако е малецка има штикли одма 15 цм плус се додава, добро е да е слабичка, зашто ниските имаат поголема шанса за дебелеење, малецко им е телцето малку повеќе јадење и одма се познава. Ниските девојки ми се послатки така ми изгледаат малецки, со убав лик, детуленца во позитивна смисла. Високите се привлечни, забележителни, уште кога ќе облечат штикла и тоа како знаат да бидат воочливи за сите. Реално ако стојат 2 преубави згодни девојчиња висока 180 и другата 155 мислам дека повеќе би ја гледале високата. Не за друго, висината те привлекува повоочива е. Мала преубава и голема преубава куќа ја гледаш големата повеќе. Мала и голема кола ја гледаш големата! А дечковците сакаат секакви девојки, дел ниски дел високи. Мислам дека сепак во предност се ниските девојки. Не за друго машко од 165 знае дека нема да добие поглед од висока девојка, таа не гледа надоле, бара машки само нагоре . Така да високите имаат малку поголем проблем за машко. Ама сепак има во изобилство високи машки. Јас со моите 180 сум презадоволна. Само во основно дека бев висока ме зафркаваа. Од средно наваму ниедна зафрканција не сум добила, освен дека малите сакаат некој сантиметар плус да ми земат од мене. Си носам штикли и ич не ми е гајле. И дечко ми е висок немам проблем со штикла, добро сега не носам од оние 15ка, а и онака не се удобни Си ја обожавам висината, си ја обожавам метар иполската долга права нога
Се е до вкусот....Има дечки кои што сакаат ниски/пониски девојки, има дечки кои што сакаат високи девојки....Неможеш да генерализираш !!!! Лично јас - високи....без исклучок....Јбг таков ми е вкусот....за некој друг е сосема спротивно...како и да е, генерализација неможеш да направиш дека едните се подобри или поубави од другите
Со ова не си се тешам затоа што сум средна висина, ама според мене, не е нешто премногу страшно девојката да е така...троа пониска. Сепак не викаат понежниот пол, нели? Меѓу високите девјки има навистина убави и згодни, но на нив им е потешко малце да си најдат партнер пошо има некои “старомодни“ дечки кои не сакаат девојката да е повисока од нив. Е и јас така им се приклучувам на “старомодните“ и мислам дека ни во сон не би сакала да сум повисока од маж ми. Висината воопшто не е важна. Она што е важно е девојката (жената) да обрнува внимание на својот изглед. Тогаш нејзината висина воопшто не би претставувала проблем.
Пааа од моите 159цм 100цм ми се нозете Спојлер така е зборот немојте да мислите дека сум обратно пропорционална дугачка нога влечам
Па според мене не мора да значи дека висината на девојката е пресудна за нејзината атрактивност, ако девојката добро изгледа или еве двете се преубави и згодни, но едната односно ниската има харизма, шарм и сексапил џабе и се на другата 180 cm кога незнае како да ги носи. Јас сум средна 170 cm, ниту ниска не сум, има многу пониски, ниту висока има и повисоки. Кога сум во друштво на ниски се чуствувам висока а и во средно другарките беа пониски од мене и мислев дека сум висока, но кога ќе видев некоја со 180-5 cm сфаќав дека сум просечна. Во мојава врска дечко ми е 190 cm што значи разликата е 20 cm, но не ни пречи и нема зашто, многу луѓе искоментирале дека сме убав пар, а и мене ми е убаво и кога сум на штикла тој пак да е повисок неколку сантиметри. Едоставно во моите мисли совршениот партнер треба секогаш да е повисок без разлика дали девојката е на 12 штикла или на рамно, нормално тоа да не е некоја екстремност таа 155cm а тој 200cm, па да се бараат еден со друг, туку еве на пример како јас и мојот партнер но тоа е сепак индивидално и висината не значи ништо, освен визуелна представа на личноста. Високите девојки се повпечатливи од ниските тоа е точно, поради тоа што најчесто се издвојуваат во друштво (им штрчи главата-без навреда) и со самото тоа се секогаш забележани, но не значи дека и девојка со 160 cm не изгледа убаво или пак не е згодна колку некоја со 180 cm.
А јас од 180 имам 140 нога Не шала на страна ама има девојчиња малецко со убавки ножиња. Ама реално гледано висока девојка со слаба права нога е ГАЗЕЛА БРЕ! Јас многу се смеев пред некоја година на ова избориве на веснициве Кајли Миног беше избрана дека има најубава нога а тоа е малецко метро и жилет со желба за раснење. Епа ако има убава нога нека ја стават бе до Жизел, до Наоми Кембел, до Хајди Клум. Па ај тогаш да споредиме. На слика убаво изгледа, ама ставете една до друга девојка од 150 со девојка од 180 која има поубави нозе? Јасно е. Ама најбитно е да си ја сакаш висината. Има високи девојки кои се преубави ама искомплексирани дека се високи не можеле дечко да најдат, штикли да носат. Абе ај не забавај. Исто и ниски не си се свиѓаат малецки биле. Абе во височината или во тоа што си ниско малецко ќе си ги најдеш убавите работи и ќе си ги истакнеш!
се вели дека малечките парфеми(не тоалетни води) се продаваат во мало пакување пред неколку години бев малечка по раст, а и сега не сум некоја висока (164) мислам дека е нормално за девојче ниту малечка ниту висока ептен нормална
Јас сум 168цм...и мислам дека сум доволна висока за да можам и штикли да носам и да не штрчам над дечко ми
воопшто не гласам на темава бидјеќи и двете категории на женски се привлечни доколку се навистина убави, а фала богу и од двете категории на женски има и грди. јас сум си ниска со мизерни 160 цм но за среќа сум пак слаба и складна, моја желба одсекогаш била да бидам 165-168 цм, повеќе и да ми двате не сакам , доволни би ми биле . ќе се надоврзам за нозете, во ред долгите нозе од секогаш биле поубави се додека се прави и складни, но што ако некоја долгонога има криви, а некоја ниска има прави? тогаш чии ќе бидат поубави? сепак кој си е убав, убав си е без разлика на висина. не го прашувам ова од некои субјективни причини бидејќи сум јас ниска, ако мене ме прашувате моите нозе ми се комплекс, но имам видено ниски двеојки со толку убави прави нозе човек да се воодушеви, а фала богу и имам видено пак високи женски со искривени нозе таман воз да им помине ...
Ми ги читашмислите ?!?! и јас сга вака се чувствувам не си ја сакам висината ... 172 цм сум .... АМА САКАМ ДА СУМ НИСКА ... мн слатки ми изгледаат
Зарем некогаш ќе ни се погоди нешто? Секогаш сакаме нешто што неможеме да го имаме. Тие што се високи сакаат да се ниски,а тие шти се ниски сакаат да се високи. Јас сакам да сум малце повисока пошто сум ептен ниска. Јас сум некаде 150-155см. Ама затоа можам и ниски и високи дечковци да имам