Јас сум 170. И толку ми е доста. Ниска девојка, не може да биде толу згодна како висока, тоа е факт. Убаво кажа Росонерка, убава нога е долга, права... а таа е реално кажано, реткост кај ниските. Можда им се прави, ама не и долги.
Леле аман те...сите кога ќе спомнете висока девојка правите компарација со ангелите од викторија сикрет камо сите високи да беа такви,а и бај д веј ќе се изненадите колку од нив се и под 180. Искрено во мојот живот имам видено далеку погрди високи девојки отколку ниски.Најгрдо нешто-висока со криви нозе и без гради,е да богами баш е забележителна
Искрено и јас не знам како да гласам на анкетава. Висока сум некаде 168-169 цм и сум прилично задоволна од висината. Можам и патичиња или балетанки да си носам , а и да ставам штикла пак ке изгледам нормално. Имам многу другарки коишто се пониски од мене, на пример 160-165 и не се задоволни од висината, не знам зошто им е проблем , мене баш ми се супер и на ниско и на штикла. Се е до психата, ако си се сакаш таков каков што си и низок и висок убав ќе си бидеш. На оваа тема имам разговарано со една моја другарка која е повискока околу 170 и дискутиравме за тоа што машките сакаат повеќе ? И таа кажа дека наводно машките ги сакале помалите девојки бидејки можеле повеќе работи да прават со нив if you know what I mean
висока е само 162 а е каде каде поубава и позгодна од сите костурести вики модели за мене ова е женственост и убавина а не оние досаднине вики сикрет ни гз ни цицка, и што ако е 100 метра висока! нема врска висината! има и ниски девојки што се 100 пати поубави од високите, а оваа малава на сликиве е доказ
Ме нервираат споредби на физички изглед кои се базираат на контрасти од типот висока/ниска, дебела/ слаба, црна/русокоса и што сега јас треба да го бранам по секоја цена она што случајно го поседувам?! Апсурдно ми е. Прво, височината е непроменлива категорија, се маскира со штикли ама и да има корекции на естетската хирургија на ова поле, не гледам оправданост за таков зафат. Друго, луѓето што ми се физички убави ми се без разлика на одредени карактеристики, значи гледаме за првпат некоја личност и прво паѓа в очи дека е со убава и привлечна надворешност, па ако подетално се анализира и повеќе ќе видиме каква коса, очи, висина и др. поседува. И нека звучи колку сака како клише ама и најубавите луѓе без карактер кој плени и интелигенција која инспирира за мене се скоро безвредни за внимание. И искрено мене на моите 170 см, ни +10 ни -10 не ми значат ама баш ништо бидејќи веќе сум се прифатила каква што сум и си се сакам себеси посесивно и бескрајно и точка, крај на муабетот. А машките сакаат некоја што ги усреќува, ги слуша внимателно, ги смее, сексуално ги задоволува и тука немаат никаква врска нозе до врат ако таа е ледена принцеза. А кога ќе се запрашаме и ние што сакаме не се сведува ли пак на истото ?!
E од каде сеа-незнам кој спомна погоре-ниските девојки не биле привлечни,згодни А као демек сите високи се згодни...хммм...јас сум висока 165 цм,и не се жалам. со штикла ако сакаш да изгледаш повисоко-пак убаво си изгледаш.... Би сакала уште 5цм и мислам дека тоа е доволно за девојче...а плус и штикла-таман си е... Мене лично ич не ми се убави оние ептееееееен високите девојки ,јес дека убаво изгледа долга и права нога-ама што е многу многу е -за мене,нема љутиш Висината никој не ја бира,и треба да се прифатиме такви. Предност на пониските е шо немаат проблеми со дечко,скоро секогаш е тој повисок од нив а кај високите е проблем -зошто имам многу другарки кои мораа да се откажат од носењето на штикли-или носење на скрос ниски штиклички,за да не бидат повисоки од дечкото...мене лично не ми се допаќа кога ќе видам девојка повисока од дечкото,штрчи цела глава али ова е веќе др.тема
Ако девојката е згодна нема врска ногу висината.Што ако е 1.80 ако воопшто не и е убаво обликувано телото.Привлечноста според мене зависи од многу други фактори, но висината не е еден он нив. Патем јас сум 1.55 и супер ми е.
За мене висината нема големо значење. И висока и ниска девојка може да биде убава, згодна и привлечна. Привлечноста нема врска со висината. Јас сум 1.70 и доста ми е, мислам дека за женско е сосема доволно. Најважно е да се има самодоверба и да се прифатиш себеси таков каков што си.
А што е всушност битно колку е висока девојката? Може да е повисока а врска да нема од животот,а може да е пониска и да знае се.... А и обратно секако... Важно е кој колку има во главата а не кој колку е висок...
Изгледа јас сум највисоката на форумов Имам солидни 182см а сопругот е 170и нешто!Порано ми сметаше мнооогу ама сега воопшто.Кој што сака нека зборува,што да правам таква сум и што???Плус знам и штикли да ставам на мене
Охх порано колкав проблем ми претставуваше висината, посебно во 5 одд. кога има 1,60 цм. и кога сите мои врсници ми беа до рамо... ама сега сум презадоволна со моите 1,75 цм. а посебно кога ќе ставам штикла 10
Јас сум си од високите, солидни 175. Порано ептен ми сметаше ова, и не сакав да носам штикли ама сега се оторавив. Мило ми е што имам ваква висина, убаво ми е горе во облаците
165cм ваљда спага во ниски а? Ма не ни сакам повисока да бидам, супер ми е вака, и дечко ми не е многу висок па со ептен високи штикли сме исти. Убаво ми е вака
Преживеав моменти кога сакав да сум ниска, моменти кога сакав да сум висока, а сега сум задоволна со својата висина. Просечна жена е висока 163/164 цм, јас сум 166. Зависно од вкусот. Имаше една доста глупава дискусија на femina за вакво нешто, каде девојки беа убедени дека се ниските или повисоките посекси, другарите така им кажале. Секој со свое видување, своја фантазија. Јас лично повеќе преферирам девојки кои одат од просечна висина нагоре. Секси ми се долгите нозе.
Златна средина јас сум 167 и супер се осеќам на оваа височина.Несакам многу високи женски. Ко ќе облечам штикли сум супер-тамам висина,ај некоја превисока нека облечи штикли многу ќе е висока.Кога сум во патики и балетанки пак ми е супер,нормална висина.Не се осеќам ни ниска ни висока,се осеќам тамам