Јас си се сметам за висока 175 сум и никогаш не сум посакала да бидам пониска.. си носам и екстра високи штикли и ич не му се замарам
Колку ми нема врска висината со човекот, односно девојката... Освен во еден случај, мајка на другарка вика мали луѓе од злоба не растат, и има една дотична кај што е гарант тоа. Не знам шо да кажам, апсолутно ми е сеедно. 169 сум, одлично ми е и на рамно и на дванаеска, у сопствена кожа си уживам. Иако, мора да признаам, девојки/жени со облини секогаш имаат предност кај мене, гради, колкови, задник... А ретко идат со висина овие, така што ете, по таа логика нека е не-толку-високи.
Абре муке си немам со низинава моја,ама Господ бил скржав,не дал баред уште 1 цм да бидам 160 на рамно,а башка тоа и помалку зборови има за кажување во 160 отколку во 159 Јес да ми беше комплекс во пубертетот, но сега се гордеам што сум такво мало и со напрчено дупе ,сето во дупе сум појдено Дечко ми е 170 ,в студентски дури седевме ни викаа глувчиња оти такви ситни ние ,не мислеа неухранети Најубаво ми е,секаде ме собира ,е сега мака ми паѓа ако случајно в кафич се најдам под нечија мишка ,али јбг , мора да се преживее ... Се на се ,си го сакам обликот на телото ,си ја сакам низината ,ми можи некој нешто?
висината нема врска со привлечноста.. ако некоја девојка е привлечна и сексипилна немора да е ниска или висока сеедно .. ја себеси се сметам за висока со мои 175 цм. задоволна сум со себе и со своето тело пред се..
Висока сум 175 цм-тешка 57 кг. Иако, порано ми беше голем комплекс висината затоа што уште во седмо одделение бев 172 цм се чувствував како штрк, сега си ја обожавам. Но, не сметам дека висината е мерило на убавина. Има пониски девојчиња кои што се перфектно градени и ги засенуваат повисоките, иако тие се нели високи. Но, сепак мислам дека високите се позабележителни, но не мора секогаш да ти се допаѓа тоа што го забележуваш. Јас си ја сакам висината, си ги сакам долгите нозе и не би сакала да сум ни сантиметар пониска.
Сметам дека има и згодни високи а и ниски девојки,мислам дека висината не е пресудна за убаво тело,според мене згодни се оние девојки кои имаат убаво обликувано тело,вежбаат се грижат за него-во тоа е привлечноста
Според мене нема врска тоа ниска висока. Девојката доколку има убаво тело,секаква е убава Е сега не зборувам за оној екстремен раст (пониска од 155 и повисока од 180 негде),тоа воопшто не ми се допаѓа кај девојките,и во ниедна смисла овој тип девојки,над/под оваа височина не ми се привлечни hock: Јас сум златна средина 165 (може и некој сантим + ) и многу сум си задоволна со својата височина Не сум ниска кога сум во патики,а имам простор и за секоја височина на штикла.
Висока сум 1.60 и сметам дека високите девојки се некако попривлечни и поатрактивни.Точно е дека убавината не зависи од височината но сепак кога ке видам висока и згодна девојка и завидувам.Ах барем да сам 10 сантиметри повисока
Јас 1.78 сум ... уште штикла 12 и може на аудиција за аватар втор дел да идам ... хаха имам 59 кг што ми е ok ... Tall girls RULE !
Добро екипирана би јас пред се... и по телото и во главата, независно од размерите, како оддалеченост на градите од земјата, ако истите гледаат кон небото, независно колку сантиметри достигнал врвот на највисоката точка на тимбата, се додека тимбата не е само тумба или, на колку сантиметри се среќаваат двете ноџенца, ако се истите фини, мазни, убаво извајани пак нудат глетка за воздишки. Најмалку битно е дали е висока или ниска, пошто џабе висока ако сите елементи и се лошо распределени... ко што џабе и се убави цртите на девојката, кога имаат лош распоред. Така нешто ќе му дојде... а сега кој што преферира (само запомни, увек има исклучоци од правилата)
Каква висина важен е карактерот. Ама морам да признаам високите изгледаат подобро . Ахх како не бев неколку цм повисокаа
Ја мразам мојата височина. Кога ја отворив здравствената кништа,што да видам. Од систематски од 7 одделение - 1.74! О леле мајко. Ништо чудно.Сега ги гледам луѓето со наведната глава кога зборувам со нив,барем тие од метро и педесет Сега сум метро и осумдесет и нешто. Дечко ми е скоро колку мене,малце повисок Јас би сакала да сум ниска,а не лунгур висока
Ниска сум. 165-166cm некаде. Баш сакам да сум барем малку повисочка. Но сепак си се сакам каква што сум. Ако даде Господ да поднараснам, АРНО
Паа сегаа...ни премногу ниски ни премногу високи(ко штркови) .Средна висина,али сепак на повисоките ми давам предност.