Сметам дека најпривлечни девојки се средните, 165-170 цм. Инаку ако е висока или ниска не значи дека не е убава. Ако одиме по привлечност за висина со оценка од 1 до 5 себе си давам 3+, ниска сум 157-158 см. Како помала многу се нервирав со висината. Напати си се тешам дека има и понски од мене. А за предност не им давам на виоките девојки. И од нив има привлечни, но ако е висока 180 цм, треба да си бара момче над 190 цм ( ако сака да носи штикла) . Предност секако имаат средните Мислам дека и до гени е. На пример ни мајка ми не е многу висока, ама барем јас да бев колку нејзе, 4, 5 цм повеќе . Ах, ама тоа се само желби. Инаку ај можеби ќе се извишиме до 23-24 год барем уште некој сантиметар
Дали само јас сметам дека темава е непотребна? Мислам ај сега јас да отворам тема - Дебели или слаби девојки? Дали повеќе ви се допаѓаат дебелите или слабите девојќи и каква би сакале да бидете вие? Нормално дека висоќи...кој би кажал: pa јас сум 175 , но би сакала да бидамм 160 зошто е поубаво.. Без навреда за ниските и јас сама сум 159 Исто така во темава има многу расправии зошто некоја повисока ќе навреди пониска, па оваа се лути и вика дека не мора да значи дека висоќите се згодни, па другата ќе каже сите сакаат права висока нога бла бла бла...мислам дека нема потреба од тоа... И да и ниска девојка може да има долга нога , но не толку често...пример имам другарка што не е ниска, ама не е ни многу висока (164) а изгледа многу повисока и издолжена заради долгите нозе
Не е се до висината..на пример јас не сум висока ниска сум но дечко ми ме сака таква каква што сум...се е до вкусот..
Што ако е висока, а е к***а? А што ако е ниска, а е да речеме нормална? Мислам дека висината не е важна. Важен е карактерот.
Абе што се замарате толку ..... таа што е висока ќе рече високи, таа што е ниска ќе рече ниски многу нормално Јас сум 170 понекогаш ми е предност понекогаш не
Според мене ниските девојќи ми се некако послатки,а и високите не се лоши долги нозе..Јас сум висока негде 1.57м а имам другарка што е висока 1.78м и сеа таа како ке си најде дечко некој кошаркар ќе треба Потоа таа на штикли ако се качи готово 2 метра,инаку Шакира,Хилари Даф,Лил Ким и уште многу други сепак се работи за вкус!
има и високи и ниски убави и згодни девојки сепак,мислам дека не е до висината.До друго ќе да е за вкус се работи
секој има свои предности но сепак мислам дека ниските девојки се послатки и многу полесно е за барање момчињата јас сум 177 цм и не е баш убаво кога 90% од момчињата се пониски од тебе
Не се оптеретувајте со висината, за женско е се помеѓу 160 и 170 оптимално зашто со или без штикла ќе бидете таман за 90% од машките . Ама има и многу страшно успешни жени со 155 и досега не сум сретнал дечко што одбил некоја што му се свиѓа дека му е премногу ниска . Тие повисоките ќе си бараат висок дечко или пак нема да им смета и ако е понизок, битно секоја ќе си најде некој .
јас сум ниска ама повеке си се сакам ниска не е до мене таква ме направиле а сестра ми сто е 6 години постара од мене само пола глава не дели
ниски девојки... помалку привлечни, или не? Здраво девојки... имам еден проблем мислам дека сум многу ниска. постојано вежбам за да ослабам, ама и покрај се, никако да изгледам онака како што сакам... затоа сакам да се извисочам. јас сум на возраст во која најмногу се постигнува тоа, имам уште година-две, после... толку. дали знаете некој начин за тоа? имам слушнато дека пиењето млеко или јадење многу риба помагале во тоа? што мислите вие? .......фала однапред
Тука најважната улога ја имаат гените, ако мајка ти и татко ти се ниски голема е можноста и ти да бидеш. Но јас мислам дека не треба толку да се оптеретуваш со ова, не значи дека ниските девојки не се привлечни. Немој да си создаваш комплекси затоа што нема потреба, сакај се таква каква што си и другите ќе те сакаат.
не се баш ниски мајка ми и татко ми... сепак неможе сите да бидат високи. неможеме да бидеме сите такви како што сакаме... можеби сум претерано самокритична во тој поглед и затоа така мислам... ама сепаккк, сакам да сум повисокааа !!!
Јас сум 1.60 е сеа за некои тоа е ниско, а за некои е просечно. Како и да е помина времето кога се оптоварував со висината. Запамтете девојки, ние имаме штикли и на тој начин го разрешуваме проблемот барем за вечерните излегување. Ниските мажи се тие кои треба да го имаат овој комплекс.
Па со оглед на тоа дека јас не спаѓам ни во високите, ни во ниските, средни најдобри се Но, би додала дека не е се до висината. Има и ниски девојки кои се многу слатки, а има и високи девојки кои се многу убави. Така да секој си е убав на свој начин
Не се разочарувај.. оди во Србија па да видиш таму какви се лугето.. јас сум исто твоја висина негде и кога бев летово се осекав како џуџе.. и од кога бев таму, комплексот за висината значително ми се намали... високи згодни женски со +12 штикли ма и повисоки да се .. а преубави женски.. исто и за момчињата.. високи прекрасни јас мислам не е до висината.. и висока и ниска девојка може убаво да изгледа со или без штикли.. мислам дека е побитно телото да е ускладено..да не е послаба или подебела за својата висина.. ако тежината соодвејствува со висината, и метар и жилет да е, и два метра да е, убаво и згодно ке изгледа..