И јас така, на лето ниски, иако обично сум по сандалки, а на зима што е можно подебели и повисоки да се
Цела година си ги носам ониe ниските до глужд, тие другите неможам да ги носам пуста навика. зимата ја обожавам бидејќи тогаш можам да носам од оние високите чорапи над колена многу ги сакам
Зима високи, а лето ниски. А за разлика од Акана јас се спремам моите високи-високи чорапи да ги носам преку пролет, лето (навечер во лето, кога ќе се разлади) . Сеуште не сум се осмелила да ги носам, али валда и тој ден ќе дојде
И во лето и во зима носам високи, од причина што и летните патики ми се над глужд, а со кратки чорапчиња - не ги бива (секако има исклучоци) И причина намбр 2 - секогаш ми е ладно, и буквално сум цело лето во чорапи.. Освен за папучки и балетанки
Па зимоска во високи, а летоска во ниски, добро да и летоска некогаш носам високи на повисоки патики нели.
Ниски чорапи, мислам на овие што се подебеливе носам по дома и на патики, а високи оние до над колена што се носам на чевли, поточно штикли за искачање.
Во зима носам високи и што е можно подебели за да ме топлат, додека сокните ги носам во лето затоа што се тенки и се кратки па не се гледаат кога ќе облечам патики.
на патика убавеззно ниски а на чизми,затворени кондури и ептен коа ќе студи високи иначе повеќе ги сакам ниските!
Во високи чорапи склет ме фаќа, не знам зошто. Затоа речиси секогаш носам ниски чорапи, а високи носам во екстремни случаи кога или немам повеќе ниски чорапи или ако е премногу ладно, но тоа многу ретко се случува. Или носам кога немам ниски чорапи кои ќе ми одговараат на облеката или патиките што ги носам.
Дефинитивно високи, ги мразам чорапчињата до глужд, не за друго секогаш ми се соблекуваат, ми се смкнуваат надоле кога носам патики добро ни патики не несам често па затоа се преминува некако преку нив, затоа што не ми се допаѓа патика и висока чорапа на гола нога. Чорапите над колена си ги носам со чизми, ги обожавам, правам разни комбинации и имам многу интересни вакви чорапчиња.
Па ги носам и ниските и високите. Повеќе ги носам високите затоа што ниските некако ме нервираат. Но, кога е потопло времето повеќе ги носам ниските во патики.
Мене многу ме нервираат ниските чорапчиња - скоро секогаш ми се соблекуваат до пола и не ги љубам баш. Најчесто носам малку над глуждот, значи не апла зимски, туку некоја златна средина. Најудобни ми се, а за во зима највеќе носам повисоки бидејќи многу сум зимурлива, па ме топлат. Оние што девојчиња ги носат за излегување од типот - високи штикли и црни/било какви чорапи до над колена не ми се допаѓаат. И не би носела, барем засега. Не знам зошто, ама антипатични ми се ваквите комбинации најверојатно затоа што пред година, две почнаа многу да ги форсираат и шуто и рогато, и оние кои знаат да ги носат и им стои, и оние кои врска немаат. Затоа и одбивни ми станаа и не носам такви, a рака на срце, признавам дека можат да се направат супер комбинации за да не изгледаат високиве чорапи ефтино.