Високи потпетици, и колку тие штетат ??

Discussion in 'Мода и стил' started by lovely-girl, Aug 11, 2012.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Joined:
    Jun 18, 2014
    Messages:
    2,944
    Likes Received:
    7,885
    Штетни се. Колешка на работа си даде отказ бидејќи моравме по цел ден на високи потпетици. Работеше неколку месеци и од потпетиците и се појавија проширени вени на нозете. Даде отказ поради тоа што и беше напорно по 8 часа да стои со толкави потпетици. Јас носев со помала штикла, но не е лесно секој ден по 8 часа и секако не е здраво.
     
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2017
    Messages:
    3,978
    Likes Received:
    17,039
    Gender:
    Female
    Штетни се многу, особено на стапалото, формата негова, колената, карлицата. Да бев малце повисока никогаш не би носела високи потпетици. Кога бев тинејџерка беше во тренд девојчињата да носат високи потпетици и тоа 12ка за вечерни излегувања, па секој викенд бевме скоцкани со високи потпецичи, штикла 12ка, за среќа заврши тој тренд, сега младите носат повеќе ниско и мило ми е што е така. Јас штикла не сум облека кој знае колку време, а кога треба да изгледам по формално одбирам потпетци со минимална штикла, не можам и не сакам да трпам болка како порано, преферирам удобност пред се.
     
    cresa-jagoda likes this.