Вискои потпетици хааа моја страст во секој случај. Носам високи потпетици од 2ра година За мене тие се само еден начин плус да изгледаш убаво и секси и да си ја зголемиш самодовербата. Проблем е што речиси секое машко е пониско од мене кога носам штикли, ама ќе се најде некој компатибилен да се надеваме... Не мора некои многу високи да ставиш почни од најниски и полека се повисоко и повисоко, па после ќе носиш 15ки
Сакам високи потпетици и носам.Ногата поубаво изгледа,женствено,секси Во последно време ме нервира што навистина почна да се претерува со штикла 16 цм,да ти е страв глужд да не скршиш Дури и ми губат од убавина,погруби се и ми имаат вулгарен изглед со тоа платформата од 10 цм.Јас си носам 11,12 цм штикла.
Во последно време гледам многу 15, 16, 17 годишни девојчиња качени на вакви огромни платформисани кондури и чизми... неможам да ги гледам...незнаат да идат...ма тоа и колку да се трудат не гледаат нигде околу себе само пред нив.. сиротите да не паднат....катастрофа .....ич не го одобрувам тој тренд некој си на оние платформите огромни... прикладно елегантно кондурче бре ..да можеш да прошеташ ко човек... и се прашувам упорно а неможам да сфатам ..зошто ги купуваат а незнаат да ги носат??? само мене ли ми делуваат курвински и ко за на порнич...вулгарно и ефтино... ?? :?
Ги обожавам, ама сепак можам без нив. Ооо, колку можам без нив! Таман сум на висина, можам да носам и ниско и високо, ама преферирам златна средина, па и штиклите кои ги имам се или осмица или десетка. Имам дури и пониски од осмица, а оние вртоглаво високите ич не ги сакам. Си купив пред скоро од оние актуелните на полна пета - копитца љубам да си ги викам и јес да ногата преубаво изгледа со нив, ама што е многу, многу е. Сè си мислам ќе ми пукне некоја коска, па ќе биде страшно за очи, а и за уши, богами. И ги мразам штиклите со екстремно висока платформа, тоа ти е еднакво на вртоглаво висока штикла од +12 сантиметри и го едначам со вулгарност, баш како што опишала Тинкербеллл. А искрено, многу грдо изгледа ногата во таквите стриптиз шуз, стапалото е свиткано ужасно, уште да почне да си приплакува „о-леле, мајче“ .
Ги обожавам високите потпетици. Многу често купувам а мм се лути веке нема ни каде да ги сместам Инаку во врска со годините , јас прв пат облеков на 18 години на матурската, и сметам дека не е убаво 13-14 годишни девојчиња да носат високо , па вие сте се уште деца , а цел живот ке носите штикли
Обожавам високи потпетици и никако да престанам да купувам.Сакам убави,елегантни штикли и воопшто не ми пречи и да се 12 cm високи,но повеќе од тоа не.Тоа е веќе тортура за ногата,не можеш ни нормално да се движиш,а за болките во нозете нема потреба да зборувам.И дефинитивно грдо ми е кога ќе видам девојчиња на 11-12 години качени на 15-ка штикла.Аман уште сте деца,ќе имате време кога да носите штикли и да изгледате како вистински девојки,животот е пред вас