Обожавам! Некако ме надополнуваат. Се осеќам моќно кога ги носам Секси! Висинава моја и не е баш за превисоки ама мене штикли не ми се убави ако се ниски. Штознам И да, зависна сум. Тешко да излезам на шопиниг а да не купам.. Ево денес, отидов да купам фармерки а се вратив со фармерки и штикли Ќе го стресеше инфаркт на татко ми али тоа е
Па јас на твоја возраст ги имав првите штикли, заправо близу бев до 15-ската.. така да зошто да не, али не ги носев за секое излегување, можеби еднаш ги облеков...но после цела година повторно почнав да носам. Инаку многу ме болат нозете од нив.. но секако ме прават по женствена, па.. Трпи ќерко за убавина
Носам високи потпетици, сакам да носам и носам речиси секојдневно (за на работа). Изгледаат убаво, женствено и несомнено секси. Меѓутоа, носам потпетици со нормална висина, најчесто 10 цм. Се` што е повеќе од тоа ми ја заморува ногата и ми го отежнува одењето, а искрено и ми делува грубо. Сега во последно време се во мода тоа „копитата“ со огромни платформи. Е тие не само што не делуваат убаво, туку одвратни ми се. Наместо да ја разубават ногата и воопшто, целата комбинација на која се носат, ја нагрдуваат. Делуваат огромни, широки, дебели некако и не би облекла такво нешто ни на поклон да ми ги дадат, а камо ли да купам Да се разбереме, јас сакам потпетици со платформа и имам неколку пара, ама со нормална платформа. Ваквите убаво стојат и изгледаат на нога. Јас зборувам за оние stripper heels со огромна платформа и штикла 15 цм, за кои фали уште танга и право на шипка А најлошо од се` е кога ќе видам 15-годишна девојка со вакви Мислам, не знам дали да се смеам или да плачам. Не за друго, не дај Боже да се сопне и да свитка/скрши нога. Мене искрено ме плашат ваквите потпетици, би ми било страв да ги облечам да не настрадам
од кремовите имаше нашата наставничака по техничо и влага таа на час со нив и јас и другарките само во штиклите ја гледавме преубави се а сега еве нешто и од мене
Носам високи потпетици но само излегување и за некои свечености.Секојдневно не.Порано многу ме заморуваа и ме болеа нозете не можев да истрпам ни еден час на нив но со тек на време се навикнав и сеа не ми претставуваат проблем.Највисоките што сум ги имала се 15см негде
Јас од 13 години носам ми дозволуваа имав само еден пар црни преубави и нон стоп ги носев со фармерки фустани буквално со се мн си ги сакав а сега имам многу Инаку ако толко многу сакаш седни на еден убав муабет со мајкати објасни и се убаво замолија мозеби ке ти дозволи А да и по можност да бидат со полна штикла иако моите први и не беа баш со полна али тоа е
Порано носев секој ден,сега само за излегување и свечени пригоди.Најчесто преферирам црни потпетиви во V форма.