Високо (големо) чело!

Дискусија во 'Лице' започната од SexyLady, 28 ноември 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Прво да кажам, не видов ваква тема, но ако има - Клуч!

    Дали имате големо или мало чело?
    Дали ви смета ако имате големо чело?
    Дали носите шишки со намера да го прикриете?

    Јас имам големо чело, но мене лично не ми смета. Порано многу ми сметаше и само поради тоа носев шишки, но сега воопшто не се заморувам со тоа, си се прифатив онаква каква што сум. :)
    Веќе не носам шишки, тие ми се подолги и ги носам исфенирани малку на страна, така што челото не е покриено.

    :*
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    56.471
    Пол:
    Женски
    Јас па имам мало чело, со бебешки влакна скоро до веѓи... уххх ќе им влезам и ним со депилација некој ден :@

    Инаку, за камуфлажа на многу големо чело може да помогне контурирање со бронзер. Нанеси бронзер не многу потемен од природниот тен (или ако е темен нанеси со лесни потези) на челото до линијата на косата. Треба да се внимава да не се познава никаква граница. Истото може да се постигне и со нијанса потемна течна пудра од онаа што ја ставаш на центарот од лицето. Значи центарот секогаш треба да биде посветол и да привлекува внимание. Со истиот бронзер се истакнуваат контурите на јаболчниците, и се прикрива подбрадокот.
    Со лесни мали кружни потези со четката за руменило.
    Еве неколку примери:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.261
    Допаѓања:
    89.923
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу високо чеко, кај е високо па и залисци имам. Арно ама имам многу бебешки влакна , па ги покриваат залисците. Инаку не се трудам да го покријам челото. Носев шишки, но тие повеќе го зголемуваа. Инаку според некои пропорции за убавина челото треба да е 1/3 од лицето. Ова колку за утеха на сите со високо чело. ;)
     
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Леле јас немам чело :( И тоа одсекогаш ми пречело...уште малку ќе ми се спојат косата и веѓите мислам... Ај кога бев плава и не се приметуваше, некако со тенот ми се претопуваше, па и пуштена ми стоеше супер. Сега кога си ја пуштив својата природна боја на коса ептен ми пречи.
    Само кога кревам висок реп, собрана сета коса нагоре, и идеално ми стои.

    Мислев дека со шишки ќе камуфлирам, па си скратив длабоки шишки, као ај за промена. Плус прочитав негде на нет -идеална фризура за мало чело- :wasntme:
    и вака ги ишишав шишките, само што косата ми е долга...
    [​IMG]

    Фино ми стоеше првите неколку дена, дека ново нели, ама веднаш ми здосади и сега се ги кревам нагоре.
    Нејќу веќе шишки! :doh:
    Плус мало лиценце имам, со крупни очи и шишките некако ме затвораат, уште и косата темна, некако постара си делувам, или по-сериозна |( Hell Yeah!

    Челото ми е волку мало од прилика
    [​IMG] и ај со плава коса некако и оди.
    Ама по-темна ме затвора. (Само чекам да ја израснам долга па ќе се офарбам пак.)

    Затоа и веѓите потенки ги чупам, многу поубаво ми стојат и ми го отвараат лицето. Дебели веѓи и мало чело - смртоносна комбинација.
    :)
     
  5. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Јас имам големо чело и веке 5 год си носам шишки а порано не носев и сега кога ги гледам сликите ептен грдо ми изгледа високо чело без шишки.
     
  6. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Имам високо чело и имам шишки настрана.

    Сум носела и најобични шишки..и уствари воопшто не е важно колкаво чело имаш.

    Пример..ја воопшто не гледам колкаво чело луѓето имаат освен :!:

    Е..тогаш можеби ќе приметам..инаку не.. :*
     
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    23.477
    Пол:
    Женски
    И јас исто имам многу мало чело.

    Отприлика вака, како оваа слика што ја постираше Хејди:

    [​IMG]

    Само мојата коса по боја е горе-доле црна и ептен глупо изгледа. :doh:
    Носев рамни шишки и за чудо навистина многу убаво ми изгледаа. :wasntme:
    Ама сега ми здосади и си ги исеков на страна, да променам малце. :)
    Можеби пак ќе се вратам некогаш на нив. :?:
    Ама рамна коса со споени шишките по должина со неа, нема шанси да ги носам :!:
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Имам високо чело и баш си го сакам. Не носам шишки затоа што ми се грозни а патецот ми е на страна. Имав шишки но ми се потпораснати и веќе не ги шишам прави, еве нешто како на сликата
    [​IMG]
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    И јас имам големо аристократско чело 8) . И да, носам шишки откако знам за себе. Така најубаво ми одговара според обликот на лицето. Скоро никогаш не можете да ме видите со прибрани шишки, само кога си мијам лице :lol:
     
    На bojana26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.599
    Високото чело обично е знак за врло интелигентни луѓе. :)
    Моето е средно, т.е. нормални, ни високо, ни ниско.
    Бар така мислам. :^)
    Во секој случај, може да се камуфлира со соодветна фризура секакво чело. ;)

    Море сега си гледам слики без шишки... Можно е да е мааааалку височко :worried:
    :D
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    498
    ^ Да, и јас така имам слушнато дека високото чело е знак за висока интелегенција.
    Јас имам ни високо, ни ниско чело, некоја златна средина, ама ова бебешкиве влакна некогаш на нерви ми одат стварно! Имав рамни шишки, ми здосадија, ама сакам сега пак да си ги вратам заради бебешките влакна.

    Инаку имам другарка што има високо чело и првин ги носеше шишките рамни, а сега на страна и мислам дека кога ги носи на страна помалку и се познава дека има високо чело. Барем мене така ми се чини...
     
  12. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Јас имам високо чело и негде 4 години шишки носам и по што ми здосадија ги пуштам,на страна.А мислам дека на страна кога ми се подобро ми стои бидејки лицето повеке ми се гледа ....
     
  13. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    И јас имам високо чело и залисточиња :lol: Не се замарам за челото не изгледа лошо само залистоците ги покривам со косата.
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ми велат дека имам поголемо чело од нормалното, но јас не мислам така и не се доживувам како таква. Но сепак во мој стил се шишките на страна :)
     
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Ах имам едно чело, големо како аеродром. Немав никакви комплекси, али кога го сменив фризерот и кога ме виде одма реагира бурно и несоодветно, многу ме навреди. Ми кажа дека имам многу големо чело и дека обавезно треба шишки да носам. И ајде јас го послушав, нели тој повеќе се разбира од мене и веќе 2 години носам шишки. Мразам шишки, не се мој стил, сакам да имам ниско чело и да ми се гледа! Глупаво чело! :@
     
  16. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    И јас имам високо чело ама воопшто не ми смета, не носам шишки за да го прикријам, убава сум си и вака :P
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    јас сум со средна големина на челото, како помалечка постојано бев со шишки, а сега само на страна шишки. искрено не забележувам на тоа дали е високо челото, сите сме убави на свој начин нели, а и не мора да значи дека со шишки ќе стои подобро, зависи :)
     
  18. hipokrat

    hipokrat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас си имам големо чело и тоа никогаш не ми е преставувало проблем или пак некој си комплекс :^)
    Носам си и пуштени шишки, и на страна, и врзани :D
    Лично мислам дека на големо чело најубаво стојат шишки на страна, ама сепак и другите фризурки не се за фрлање. Се додека вие си имате мислење за вас дека сте убави, и така и овака, ќе бидете убава и за другите, и така и овака :)
    позз
     
  19. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Челото ми е отприлика колку на аватарите на Блонд и Трендафилка незнам какво е :D . Но не изгледам убаво без шишки. Си носам такви од кога знам за себе. Еднаш сакав да ги растам, но потоа се премислив. Сега ми служат за нешто друго ми ги покриваат бруките и акните бидејќи најчесто ми се јавуваат на челото. :)
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Па, средно ми е челото, нормално, носам и кркми, и ги кревам нагоре со шнолче, ги носам настрана понекогаш, еве сега па ми се малку подолгички, ги потпуштив, секако ми одговара. Е само не можам да се гледам скроз залепена целата коса и врзана во репче, значи она скрос да ми е цела коса наназад и рамна, мазна врзана. Така не ми стои. А за интелегенцијата :D ами не сум досега, ама ако е така тогаш имам една другарка со огромно чело, енормно, па не е баш нешто интелегентна :^) :D просечна си е :D Сама за себе си кажува оти мразела интелегенција, тие биле подосадно, многу мислеле и не се забавувале :D хах, ама теорија(и оф топик воедно :lol: )