Јас имам идеална големина за чело Ни превисоко ни премало..Нормално..Ми стојат и рамни шишки и израснати..Во моментот немам шишки но не се знае дали ќе остане така подолго време
Никогаш не сум размислувала на темава, ама мислам дека имам средно, ни многу високо ни многу мало. Еве слика од моето чело па кажете вие што мислите
Јас имам мало (ниско) чело и многу ме нервира! Единствено што ми стои се шишки на страна, еднаш си направив рамни шишки, и никогаш повеќе. Како што ми е мало челцето, ич не ми стоеја. Шишките никако не ги дигам нагоре со шнолче, зашто одвратно ми изгледа. Мајка ми ми вика, ми го отварале лицето, ама нема везе. Ех, што посакувам да бев некоја златна средина, ама нема.
Секое правило има исклучоци Имам една другарка има чело аеродромска писта, а одговорно тврдам дека е со двоцифрена интелигенција А инаку јас сметам дека челото ми е средно, ни големо ни мало.Не носам шишки од проста причина што имам виткана коса и не ми е практично
Јас имам големо чело ко за пари лепење. (пу, пљас!) Последно имав шишки во 4-то одделение, и после тоа ми се извитка пак косата, и немав храброст да пуштам шишки а не можев да си го гледам веќе челото. После тоа се решив, пуштив шишки на 17 години и еве до ден денес си ги имам. Некои ми викаат дека сум поубава без нив, али јас ги викам нив "чори". :geek: Ги пеглам само кога ќе ја измијам косата, и после до седното миење прави седат. А и баш убава комбинација ми е виткана коса и шишки.
Незнам сеуште какво чело имам, едни ми викат големо, други мало, ама јас мислам дека е средно. Не разликувам
Имам големо чело, но морам да признаам дека воопшто не ми пречи Порано носев шишки зашто убаво стоеа, ама тешки ми беа за одржавање во средно.....сега некои добри 4 години си нисам долги шишки и немам потреба од камуфлажи хахах Се тешам со пропорционалоста на големината на челото и интелектот (се шалам)
Мислам дека имам, ама не сум сигурна. Шишки имав пред 5 години, на страна, се мислам дали да си правам пак бидејќи досадна ми косава веќе. Откако знам за себе една должина имам. Ме мрзеше да читам коментари, меѓутоа ако некој има големо чело и сака да го намали делумно, нека става потемна пудра таму кај преминот од челото во косата (лошо опишав, ама не ми текнува поинаку).
Имам големо чело но тоа не ми преставува проблем бидејќи имам шишки и супер ми стојат. Како мала не носев шишки бидејќи немаше кој да ми каже дека треба да имам поради големото чело
паа височко поготово кога ќе ја фатам косата во реп, тогаш најмногу доаѓа до израз бидејќи ми е испакнато напред, никогаш не носам шишки, најчесто косата ја носам на средина или на страна, а во последно време ја врзувам во опавче и со мерак си го истакнувам челото . високото чело и не е некој проблем, незнам зашто некој би се срамел од него.
Лелее значи ви завидувам на сите вас девојки кои имате високи чела, јас мн сакам ама нема абе обожавам шишки, ама за несрека си имам мноооооооооогу ниско чело и еднас коа напраив џоа тенџере иста... на високо чело мн убаво стојат шишки, ја вака само шипките со шнолче и толку
Високо чело имам и не ми претставува некој голем проблем. Имам шишки, ги носам и на страна и прави, секако
леле ајде да се смениме.. проклеееееееееето сакам да имам мало чело... ама немаа сакам да се ослободам од шишкиве кои ме нервираат на секое де летаат на десно де на лево.... сакам само да си ги фатам настрана со шнолче и да излезам без да мислам дека сите ме гледаат во челото.. бидеќи секогаш кога ќе ги фатам настрана имам такво чувство... не го сакаааам ама ич
Јас имам високо чело ама не ми претставува некој проблем и немам шишки затоа што мразам шишки и ме мрзи да ги пеглам, фенирам секое сабајле.
ИСТОО! Имам преееемало чело, само 2 прста. И порано во забавиште имав ваква фризура. Само со скроз рамни шишки и косата ми беше уште пократка од сликава, рамна! И сестра ми ме викаше тенџере или тенџерче.
Сум приметила дека девојки што имаат високо чело, обично имаат помал прчав нос и мала брада и нешто пополна уста... шо е во секој случај добро. Со еден збор -девојки со поголемо чело, остатокот од фацата им е по женствен.