Имам нормално чело и немам шишки. Косата ми е вртена, на степени. Ваква нешто ми е косата, само многу подолга.
ме опиша мене со зборовиве имам големо чело и си носам шишки на страна но и кога ке си фатам репче ми викаат убаво стоело пошто имам истакнати јаболчници и голема уста така да си го сакам челото иако е големо девојки, сакајте се какви што сте никој не е совршен
Хахаха ме насмеа.Да и јас сметам дека девојките кои имаат поголемо чело се поженствени.Јас имам прилично големо чело,да не речам аеродромска писта хауахуахуаха. Имам другарка на која челото и е тоооолку многу мало што ако имам нормални шишки би и стигнале до устата. На повисоко чело стојат повеќе фризури
Нергал од Бехемот,чело што ако има соодветна сигнализација би било аеродром за муви,али е ептен лошогаз. Мајка му и пијана немала проблем да го бакне за лека ноќ.
Имам високо чело како мајка ми. Прави шишки никогаш не сум носела, шишки на страна пуштам чат-пат. Ама воопшто не ми е некаков комплекс, не ми сметало барем досега..
Немам големо чело, имам ОГРОМНО чело и ептен мала фаца Ми смета ама што да правам, рамни шишки носев едно време али не ради челото онака кејф ми беше да сменам, и више никогаш, не ми стојат. А па во репче кога ке си ја фатам косата челото ми е леле леле писта
имам високо чело само за пари лепење хаха...среќа голема што ми стојат шишки и не ми се познава многу дека имам така поголемо чело,освен кога дува ветар A колку ми е криво што не можам да си ја носам залижана во реп косава сосе шишките
Ух не да ми е високо.Превисоко ми е.Од ко знам за себе носам шишки,единствен начин да го прекријам моето аеродромче
Јас имам чело а ла Анџелина Џоли, височко баш. Некогаш ми е секси, ми одговара на обликот на лицето, изгледа пропорционално а и најчесто високо чело имаат тие со долгуникав облик на лице, баш ко Анџелина на сликата. Од друга страна некогаш страшно ме нервира, зато шо не сите фризури ми стојат, особено не фатена и залижана и сл.. Носев едно време шишки ама немам нерви ми сметаат а и не се мој стил, па пак се вратив на старата фризура. Убаво е се додека одговара на лицето, инаку не е лично. Кристина Ричи ми е пример за големо чело што не и стои добро, има мали усни, нос, не е пропорционално. Со малку камуфлажа и шишки ми е баш послатка.
E и мене ме опиша хахахаха , супер сме бе ајде! велат дека луѓето со високо чело биле поинтелигентни!!! Поздраааааав Ма ајде јас мака си мачам со моево чело и со мојон СВИОК! многу ме неррвираа свиокот жими се! некогаш сварно си го сакам челово затоа што ми стои секаква фризура, ама поради свиокот го мразам! и да има големо чело Мајли и ДА свиокот е секогаш на десна страна -.- ! хаххахха
Мало чело Ма ајде, а јас па имам големо чело и што да правам.. До скоро ми претставуваше комплекс, носев и шишки ама ми здосади веќе 5 години со шишки па во лето се поти челото и се виткаат затоа што имам меко влакно и си реков готово цветче малце промена и сега ги носам на страна шишките. Пак сум по малку скептична ама тоа е тоа! Наши се и ако ние не се сакаме какви што сме тогаш ојдовме..
Мало чело Можеш визуелно да го намалиш челото со шминка. На најгорните делови на челото ќе ставаш потемна пудра, ама убаво ќе ја размачкаш, да не се познава многу. Еве вака.
Имам високо чело, не премногу но сепак .. Во главно ми смета, а порано носев и 7 години шишки со цел да го покријам, меѓутоа шишките се проблематични а и очите ми ги покриваа и главата ми имаше коцкеста форма. Сега не носам повеќе! А челото си го корегирам со бронзер (мат)