Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Висок притисок за време на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од vala, 15 февруари 2015.

  1. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Да, морам да пијам инаку ќе ми отиде 200/170 затоа прашав за тие со хроничен висок притисок како ги третираат и кога ги породуваат, јас веќе 5 години си пијам терапија за висок притисок.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    379
    Никогаш сум немала проблеми со покачен притисок, напротив дури и почесто знае да ми паѓа. Од пред два часа се чувствувам некако чудно, па ај си викам да не ми паднал притисокот, кога гледам 124/70. Го мерев 3-4 пати во овие два часа и ми се движи горниот од 122-125 а долниот 70-80. Знам дека не е нешто којзнае колку покачен ама прв пат се наоѓам во ваква ситуација и не знам дали треба нешто да направам? Да одам на ургентно? Инаку сум 10+2.
     
  3. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Притисокот ти е супер, тоа што така се чувствуваш ти е од бременоста со лесно.
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.052
    Допаѓања:
    118.879
    Пол:
    Женски
    39 та недела се породив на ГАК, втора бременост, природно, притисокот ми беше на бокс 120/80. Со метилдопа бев.

    Првото со 170/100 природно го родив.
     
    На Ellyy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    6.964
    Какви симптоми имавте за висок притисок?
     
  6. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    482
    Тахикардии, пулсот мн високо
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Главоболка, заматен вид, појава на светки кога гледаш, губење на здив и при најмал напор, замор.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Ужасна главоболка, тахикардија, не можев да гледам при светлина како да ми ги бодеше очите некој.
     
    На Mumoftwo30 и Калатеа им се допаѓа ова.
  9. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    379
    Пак паники;( си лежев и одеднаш ми потече крв од нос. Се преплашив, осетлива сум на крв, ми се слоши кога видов. Одма земав да мерам притисок зошто уплав имам од него (инаку генерално ми е нормален накај низок) и ми беше 135/77. И толку, пребледев. Мм ме убедуваше да се смирам, дека од што паничам за крвта од нос ми се поткачил, па ај се смирував 5 минути, престана да ми тече крв и ми беше 125/80. Па излегов на тераса на воздух, се напив вода со лимон и за 15тина минути пак измерив и ми беше нормален, околу 110/70. Уште два пати измерив во последниов саат, океј е. Ама како сега да не паничам? И пишав на матичната ќе видам што ќе ми каже ама еве ако има некоја совет нека сподели
     
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Тоа не е многу, која недела си?
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.413
    Допаѓања:
    38.373
    Пол:
    Женски
    Крв од носот во бременост е нормално да тече од зголемена циркулација и проширување на капиларите. Мене во двете бремености ми течеше, а инаку воопшто не ми се случува. Немав проблем со притисокот.
     
    На јolene и xxx-ba им се допаѓа ова.
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Во бременост се толерира притисок до 140 со 90. Твојов притисок апсолунто не е висок.
    Крв од нос може да ти тече ако поеш аспирин ики од зголемена циркулација.
    Крв од нос од притисок не тече од 135 со 77. Мене ми одеше до 150 со 100 па крв не ми пптече, затоа од аспиринот течеше крв ко од чешма.
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    379
    Фала ви женски! Се смирив ајде:) и гинекологот ми кажа дека сигурно ми е од што се исплашив од крвта зошто многу кратко ми траеше тој покачен притисок и дека дури не бил ни којзнае колку покачен. Ми потврди исто како што рековте вие дека често тече крв од нос во бременост, така да all good... Јас секој ден мерам притисок, не знам што сум се опседнала толку со него, цел живот ми е нормален накај низок. И стварно до сега освен еднаш што ми се поткачи до 130 горниот и еве вчера, секогаш ми се движи од 90/60 до 115/70. Не знам од кај ми произлезе оваа опсесија од кога забременив...

    Инаку баш пиев до завчера аспирин па ми рекоа да го прекинам. Веројатно тоа е тоа. 17та недела сум.

    Фала ви уште еднаш!:inlove:
     
    На ShtruMfeticka, kristina.k и Tea SK им се допаѓа ова.
  14. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Obicno pritisok se kreva vo vtor trimester. Ubavo e da si meris, da go sledis. Ne da si opsednata, ama bas slusav eden dr na tv
    Kazuvase deka vo vtor trimestar preporaclivo bi bilo da se meri pritisokot sabajle, na pladne I vecer. Zasto pritisok moze I da se razvie a da ne go osetime :)
    Jas sabajle si meram koga kako
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  15. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Со метилдопа за колку време ви се среди притисокот? Ми се намали малку, ама пак варира. Вчера и завчера испив едно, денед три и утре три, па задутре сум на преглед ама до тогаш ќе мислам.
     
  16. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Кога се породив ми се среди.
    Почнав со 1 апче на ден, до крај со 4, редовна терапија секој ден.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    11.248
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира како поминавте следна бременост ако во првата сте имале покачен притисок? Дали од почеток ја водат како ризична и превентивно даваат Метилдопа во помали дози?

    Конкретно јас и пред бременоста имав варијации, но тогаш ми зачестија. По пораѓајот се нормализираше и до ден денес, после годинаипол, притисокот ми е нормален накај низок.
    Сеуште дојам, може тоа има врска, бар така имам читано.

    @snowwhite.24 не би знаела да ти кажам, јас пиев "по потреба" оти матичната моја тврдеше дека ми е на нервна база. Отпосле дознав дека Метилдопата не функционира така.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Мене ми се појави висок притисок во втората бременост крај на седми, почеток на осми, ме држеше шест месеци после пораѓај после се врати во нормала. Сега после 5 години сум бремена со трето притисокот ми варира од четврти месец наваму и од тогаш сум со терапија, инаку одам редовно на нефрологија на прегледи. Превентивно не даваат терапија, само ако почне да варира
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    11.248
    Пол:
    Женски
    Малку можеби оф топик, ама како изгледа еден преглед или контрола на нефрологија?
    Од Гак лани ме испишаа со препорака во извештајот да посетам нефролог, најверојатно беше ради притисокот.
    Никогаш не сум била, не знам кои испитувања би ми ги направиле. Што да очекувам?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Па во главно лабораториски анализи, највеќе гледаат протеини и албумини зашто се показатели за преекламсија. Инаку мене еднаш ми дадоа да носам 24 часа холтер да го следат притисокот па да ми дадат соодветна терапија. Исто сум носела урина собирана 24 часа за протенурија. Во главно лабораториски анализи на крв и урина.
     
    На DaisyDoo и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.